Мирниот атом ја доби битката во Европа

По хаваријата во нуклеарната централа „Фукушима“ низ целиот свет почна да се поставува прашањето за начинот и условите за добивање атомска енергија, како и за тоа дали треба да се продолжи со изградбата на нуклеарни централи. Во Бугарија ова прашање беше ставено на референдум на почетокот на годинава.

Источна Европа не е подготвена да се откаже од атомската енергија. На 27 јануари Бугарија спроведе национален референдум, кој беше инициран од Бугарската социјалистичка партија на чело со поранешниот премиер Сергеј Станишев, при што на граѓаните им било поставено прашањето: Го поддржувате ли развојот на нуклеарната енергија со изградба на нова атомска централа?

Најпрво прашањето беше формулирано поконкретно: за повторно отпочнување на изградбата на атомската централа „Белене“, (тендерот за нејзина изградба во 2006 година го доби Атомстројекспорт, кој ја победи американската компанија Вестингхаус).

Сега прашањето за новата атомска централа, согласно законите на Бугарија, ќе се разгледува од страна на парламентот.

Но, потоа властите ја изменија формулацијата со понеутрална. Според оценките на социолозите ова малку ги дезориентирало луѓето. Освен тоа, досегашниот премиер Бојко Борисов, кој всушност ја донесе одлуката за престанување со работа врз проектот за атомската централа „Белене“, ги повика своите приврзаници (партијата ГЕРБ) да гласаат „против“.

Бројот на гласачи на референдумот го надмина минималниот праг и достигна 21.8%. За изградбата на атомската централа гласаа 61%, а против 35%. Сега прашањето за новата атомска централа, согласно законите на Бугарија, ќе се разгледува од страна на парламентот.

„Од морална гледна точка не можам да си замислам некој да го пречкрта мислењето на речиси милион жители (во Бугарија живеат нешто повеќе од седум милиони луѓе). Згора на тоа, резултатите од овој референдум зборуваат за тоа дека по следните избори во Бугарија прашањето за атомската централа „Белене“ одново ќе се најде на дневен ред“, - смета експертот од бугарската енергетска бранша, членот на иницијативниот комитет за поддршка на референдумот Таско Ерменков.

Резултатите од гласањето се показател за Европа по катастрофата во Фокушима. Сега за бугарската опозиција ќе биде важно да се зачува победата на проектот „Белене“, зашто сета дискусија што се водеше последниве месеци при подготовката на референдумот се засновуваше имено на плусовите и на минусите на овој проект.


Нуклеарната централа чини 10 милијарди евра, кои ги нема во буџетот. И дури ако луѓето гласаат „за“, нема да има од каде да се земат тие средства.

 

Бојко Борисов

доскорешен премиер на Бугарија


„Во Бугарија треба да се одржат предвремени парламентарни избори. Набљудувачите на резултатите од референдумот гледаат како проекција за гласањето за БСП или за ГЕРБ. Очигледно е дека дискусијата продолжува, зашто од тоа кој ќе победи на парламентарните избори и кој ќе ја формира владата, зависи и судбината на проектот“, - смета независниот експерт за атомска енергија, претседателот на Атоминфо Александар Уваров. Денес позицијата на Бојко Борисов и на неговите истомисленици се сведува на една теза: Нуклеарната централа чини 10 милијарди евра, кои ги нема во буџетот. И дури ако луѓето гласаат „за“, нема да има од каде да се земат тие средства, освен од пензионерите, заклучува сега веќе поранешниот премиер.

„Во 2010 година Бојко Борисов постави низа услови за старт на проектот „Белене“, меѓу кои беше и објавување на непроменлива цена за централата, заедно со сите инфлациски индекси, зачувување на непроменлива цена за централата, заедно со сите инфлациски индекси, зачувување на 51% од проектната компанија за бугарскиот учесник НЕК, финансирање на проектот без пари и дури без гаранции од буџетот на Бугарија, како и привлекување европски инвеститори во проектот. Сите овие услови беа исполнети“, - потсетува официјалниот претставник на Росатом Сергеј Новиков.

Ниту еден лев од буџетот на Бугарија не беше потрошен за проектот.

Своевремено во проектот „Белене“ се вклучија и француската инженерска компанија Алтран Техноложи и финскиот концерн Фортум, кои заедно со Росатом донесоа финансии за изградба на централата по фиксна цена од 6,297 милијарди евра, преземајќи ги врз себе сите инфлациски ризици. Притоа, контролниот пакет му беше оставен на НЕК, кој исто така доби можност да вложи свои средства во иднина од добивката за електрична енергија од изградената централа. Сите овие работи беа договорени и ставени во потпишаните меморандуми за создавање проектна компанија. Ниту еден лев од буџетот на Бугарија не беше потрошен за проектот.

Сепак, Бојко Борисов донесе одлука за запирање на проектот, а сето тоа се случи по посетата на Бугарија од страна на државниот секретар на САД Хилари Клинтон. „Сега иста ваква ситуација имаме во Чешка со тендерот за изградба на нуклеарната централа „Темелин“: Шкода/Атомстројекспорт наспроти Вестингхаус. Пред својата оставка, Хилари Клинтон беше во посета на Чешка, каде на средбата со министерот за надворешни работи Шварценберг директно побара победа на тендерот за Американците. Ова ги вознемири Чесите. Можно е дека со поддршка на Клинтон, минатата сабота Шварценберг ги изгуби претседателските избори“, - изјави чешкиот политиколог Ондржеј Мразек.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња