Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски. Извор: Reuters.
Господине министер, Вие имавте мошне продуктивни преговори со вашиот руски колега Сергеј Лавров. На кои сфери во билатералната соработка треба да се насочи енергијата?
- Така е, со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров имавме конструктивни преговори. Се надевам дека тој повторно ќе ја посети Македонија. Ова беше мошне продуктивна средба со акцент на перспективите за трговска и економска соработка. Ние имаме голем потенцијал за тоа.
Се надеваме дека во блиска иднина ќе ја затвориме темата за советскиот долг кон земјите од поранешна Југославија. Станува збор за околу 60 милиони долари, кои ќе бидат пресметани во замена за руски инвестиции во проектите од областа на снабдувањето со гас.
Кога станува збор за агендата за билатералните контакти, следната посета на премиерот на Македонија на Русија е планирана за јуни 2013 година. Се планира претседателот на владата да посети шест руски региони.
Потпишавме план за соработка меѓу одделите на надворешна политика за 2013-2014 година. Освен тоа беше потпишана и меѓувладина спогодба за основање и за условите на работа на културни центри на Русија и на Македонија. Во Стопанската комора на Русија направивме мошне полезна презентација на инвестициската привлечност на нашата земја. Имавме и многу добра размена на мислења во врска со меѓународните прашања со претседателот на комитетот на државната Дума за меѓународни односи Алексеј Пушков. Кога станува збор за агендата за билатералните контакти, следната посета на премиерот на Македонија на Русија е планирана за јуни 2013 година. Се планира претседателот на владата да посети шест руски региони.
Кога конкретно културните центри ќе ги отворат своите врати за посетителите во Москва и во Скопје?
- Засега немаме точно определени датуми, но заинтересирани сме овие културни центри да започнат да работат што е можно поскоро. Ако рускиот културен центар се отвори веќе оваа година, тоа ќе биде одлично. Сè зависи од министерството за финансии на Русија. Отворањето на културни центри е од заеднички интерес на двете страни. Македонија има големо искуство за слични институции, кои постојат на пример во Њујорк и во Истанбул.
Руските туристи во Македонија се добредојдени. Затоа последниве четири години владата на Македонија еднострано ги укина визите за руските државјани за време на туристичката сезона.
Како гледате на перспективите за енергетска соработка со Русија?
- Оваа тема е особено актуелна, зашто очекуваме потпишување на меѓувладина спогодба за изградба на крак од гасоводот „Јужен тек“ во Македонија. Во овој момент чекаме одговор од руската страна на нашите предлози. На ова прашање ќе можам да дадам поконкретен одговор по средбата (на 31 јануари) со заменик-министерот за регионален развој Максим Травников. Мислам дека потпишувањето на документот ќе биде оваа година.
Меѓу другото, со Русија мошне успешно се реализираат проектите поврзани со изградба на електроцентрали, кои работат на руски гас во Скопје. Руските компании исто така ни дадоа технологија за разработка на топлински електроцентрали, кои користат јаглен.
Кога Русија и Македонија ќе ги укинат визите?
- Руските туристи во Македонија се добредојдени. Затоа последниве четири години владата на Македонија еднострано ги укина визите за руските државјани за време на туристичката сезона. Имаме намера и оваа сезона да им овозможиме на руските државјани да влегуваат во Македонија без виза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче