Отворениот пристап до научните работи ќе ги уништи „сивите“ библиотеки на Интернет

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Повеќе од половината студенти за време на студирањето си присвојувале туѓи семинарски или научни идеи. До овие заклучоци дојдоа аналитичарите од истражувачкиот центар на порталот за млади специјалисти Career.ru, кои спроведоа анкета меѓу студентите.

Дури секој петти неодговорен студент бил фатен од страна на професорите, иако вистински сериозни последици во вид на испишување од факултет немало кај ниту еден случај: 17% добиле последна опомена, 21% имале непријатен разговор, а останатите малку ги искарале или, во принцип, не им обрнале внимание.

Бескорисен е обидот да се бориме со Интернетот. Затоа е потребно да се создаде отворен пристап до научните трудови, но со гаранција за авторските права, квалитетот на дигитализираните копии и со хонорар за авторите. 

Аналитичарите забележуваат дека најчесто имено Интернетот за студентите претставува извор  за туѓи готови работи, при што 73% од испитаниците препишувале од он-лајн извори. Неодамнешниот предлог на власта за создавање отворен пристап до сите учебни и научни трудови, според мислењето на 27% од студентите, нема практична смисла, бидејќи, според нив, на Интернет и онака може да се најде сè што ти треба. Секој четврти е уверен дека само ќе се зголеми бројот на плагијатите, а само 15% од испитаниците сметаат дека ваквиот предлог може да ја смени состојбата. 

Како што забележа проректорот за настава на Московскиот Државен технички Универзитет „Бауман“ Борис Падалкин, денес, како последица на развојот на технологијата, пристапот, како легалниот, така и нелегалниот, до учебната и до научната литература им е овозможен на студентите: „Многу факултети ја закачуваат учебната литература во својата внатрешна мрежа, но по извесно време таа се појавува во пиратска верзија, пристапна за секого, на Интернет на нелегалните разменувачи на фајлови и во електронските библиотеки. Бескорисен е обидот да се бориме со Интернетот. Затоа е потребно да се создаде отворен пристап до научните трудови, но со гаранција за авторските права, квалитетот на дигитализираните копии и со хонорар за авторите. Во таков случај е можно да исчезнат „сивите“ извори на податоци. Сепак, за реализација на овој предлог се потребни големи парични ресурси. Скапо чини да се дигитализира цела библиотека“.

Со овој проблем можеме да се бориме само со воспитување. Потребно е кај студентот да не се појави желба за препишување.  

Меѓу другото, со методи на забрана е невозможна е борба со плагијатот и препишување на студентските работи. Експертот смета дека во практиката на факултетите треба да влеза мерки за борба со плагијатот. „За докажан плагијат, студентите треба да бидат отпишани од факултетот, зашто плагијатот во работата е доказ за академска неодговорност, - смета Борис Падалкин. – Хуманитарните факултети имаат системи за проверка на текстот за плагијат кои работат успешно. Ваквата ситуација не е карактерна за техничките специјалност, зашто студентските задачи содржат пресметки и формули. Но, и покрај тоа, студентите на техничките науки сепак препишуваат. Задачите за нив постојано се обновуваат, но невозможно е да се добие оригиналност во секоја задача. Со овој проблем можеме да се бориме само со воспитување. Потребно е кај студентот да не се појави желба за препишување. Во секој случај, на испитот ќе се покаже колкави се неговите познавања“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња