Во Челјабинск се ликвидираат последиците од метеоритот

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Силата на експлозијата над метеорот на небото над Урал изнесувала 500 килотони, што е за 30 пати посилно од нуклеарната бомба што ја уништи Хирошима. Овие податоци ги изнесуваат стручњаците на Американската управа за истражување на космичкиот простор НАСА. Според нивните проценки, размерите на космичкото тело за време на влегувањето во атмосферата изнесувале 17 метри, а масата била 10 илјади тони. Летот на метеорот од влегувањето во атмосферата до експлозијата траел триесет и две и пол секунди. До експлозијата дошло некаде на 20 километри од површината на Земјата.

Утрината во саботата беше обновена третина од скршеното стакло. До денес треба да бидат доведени во ред детските установи. 

Летот на небесното тело – јарка топка со долга опашка од бел чад – во петокот го следеа жителите на Башкирија, на Тјуменската, Курганската, Свердловската и Челјабинската област во Русија, како и северните територии на Казахстан. До експлозијата дошло на небото над Челјабинск, каде се регистрирани најголемите распаѓања. Утрината во саботата беше обновена третина од скршеното стакло. До денес треба да бидат доведени во ред детските установи, - соопштува за Гласот на Русија раководителот на прес-службата на уралскиот регионален центар на Министерството за вонредни состојби Вадим Гребеников.

Седум авиони од воздух ја истражуваа територијата долж трасата по која леташе метеорот, на земјата не се увидени разорувања. 

На територијата на Челјабинската област се оштетени 3.724 згради, од нив 671 се образовни установи. Вкупната површина на искршеното стакло изнесува 200 илјади квадратни метри. Денес под итно се работи на обновување. Во Челјабинск работат 320 бригади. Стигнува помош и од другите области. Се зголемува групата на Министерството за вонредни состојби. Медицинска помош побарале 1147 лица, од кои 50 се наоѓаат во болница. Две лица имаат повреди со просечна тежина, една жена е евакуирана во Москва со авион на Министерството за вонредни состојби на РФ. Седум авиони од воздух ја истражуваа територијата долж трасата по која леташе метеорот, на земјата не се увидени разорувања. 

На земјата не се најдени ниту остатоци од метеорот. Тоа овозможува да се претпостави дека небеското тело не било од камен, ниту од метал, туку од мраз, - вели научникот Владислав Леонов од Институтот за астрономија на Руската академија на науките.

Засега научниците и спасувачите се надеваат дека ќе најдат остатоци од метеори. Нивното внимание го привлекува отворот во мразот на езерото Чебаркул во близина на Челјабинск. 

Станува збор за болид: атмосферска појава која може да се види за време на влегувањето на прилично крупно тело во атмосферата. Веројатно тоа тело било комета, зашто за да се предизвика вакво разурнување, а да не се остават траги од удар на тело можат само тела со кометски состав, и тоа кометски кадра од првата генерација. Станува збор за тоа дека тие се составени од мраз од испарувачки соединенија и прав, кој целосно се расејува по удар со космичка брзина со карактеристична експлозија. 

Засега научниците и спасувачите се надеваат дека ќе најдат остатоци од метеори. Нивното внимание го привлекува отворот во мразот на езерото Чебаркул во близина на Челјабинск. Тој има тркалезен облик со пречник од шест метри. Во негова близина се најдени неколку прачиња црн камен, ко потсетуваат на камена руда. Езерото го истражува нуркачка бригада.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.