Нуркање за Гинис

Извор: rgo.ru.

Извор: rgo.ru.

Руските нуркачи за првпат се спуштија на дното на јакутското езеро Лабинкир. Оваа водена акумулација се наоѓа на едно од најладните места на планетава. Екстремните услови во кои се одвиваше нуркањето, дава можност за влез во Гинисовата книга на рекорди.

Со цел да се постави рекорд, во Јакутија се упати група од 10 претставници на татарстанскиот подводно-истражувачки одред на Руското географско друштво. Седуммина од нив беа задолжени за осигурувањето за ова нуркање, а во езерото нурнаа само три члена од експедицијата. За реализација на мисијата одбрани беа нуркачи со 20-годипен стаж. Еден од нив – Александар Губин – зад себе има повеќе од три илјади нуркања. За редакцијата на „Гласот на Русија“, тој ги кажа своите впечатоци. 

„Очекував остар температурен притисок. Но, очигледно зашто се занимавам со ова често, ладната вода за мене е норма, студенилото исто така, се чувствував многу добро. Колку и да звучи чудно, токму кога е многу ладно, јас се чувствувам физички добро. Бев во форма, бев подготвен да одам понатаму.“

Температурата на воздухот на денот на нуркањето изнесуваше минус 46 степени. Според зборовите на учесниците на експедицијата, тие имале многу среќа: според локалните мери денот бил прилично топол.

Температурата на воздухот на денот на нуркањето изнесуваше минус 46 степени. Според зборовите на учесниците на експедицијата, тие имале многу среќа: според локалните мери денот бил прилично топол. Во услови на екстремни студови, главен проблем е промената на температурата за време на нурнувањето. Од тоа можат да настрадаат и самите нуркачи и нивната опрема. На ваков ризик не е подготвен секој нуркач. Затоа фактот дека на руските нуркачи им тргна од рака без проблем да се спуштат на дното на езерото и таму да поминат 23 минути, им овозможува да претендираат за место во Гинисовата книга на рекорди. 

Рекордот се состои од следниве компоненти: беше извршено спуштање со балони за кислород на најладната точка на светот во најстуденото време од годината. Фактот дека момците влегоа во вода, ги испливаа минималните десет минути, како што е пропишано во стандардите, и излегоа самостојно од водата, односно дека биле во добра кондиција, а опремата не им откажала, претставува рекорд сам по себе. 


Прикажи поголема мапа

Езерото Лабинкир се наоѓа на сто километри од едно од најладните места на планетава – Ојмјакон во Јакутија. Езерото се наоѓа на висина од 1020 метри. Длабочината изнесува околу 52 метри. Според локалните легенди на дното на езерото живее чудовиште. За да го смири, пред да влезат во вода еден нуркач-шаман извел посебен обред. Учесниците во експедицијата изјавија дека не успеале да го видат чудовиштето во езерото.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.