Путин ги определи задачите и целите на руските дипломати

Извор: AP.

Извор: AP.

Рускиот претседател Владимир Путин на доделувањето на државните награди на дипломатите навести дека наскоро ќе се спроведе нов концепт на надворешната политика, кој ќе биде насочен кон одржување добри врски со земјите во регионот.

Развојот на Русија е невозможен без делотворна и рамноправна соработка со другите земји, изјави претседателот Владимир Путин за време на доделувањето на награди на руските дипломати. Церемонијата по повод Денот на дипломатските работници се одржа во понеделникот на 11 февруари. Основните принципи според кои треба да се раководи руското МНР се изложени во обновената концепција за надворешна политика, потсети Путин. Нацртот на документот веќе ѝ е претставен на управата на претседателот.

Меѓународната дејност на руското МНР е насочена кон обликување на поволни услови за доследен внатрешен развој на земјата, изјави Владимир Путин. Притоа низ реализацијата на поставената задача, руската дипломатија секогаш се залагала за беспоговорните приоритети на меѓународното право, за развој кој не им прави штета на интересите на меѓународната сигурност, нагласи претседателот.

Нема да се бориме за своите ставови со тоа што ќе испратиме експедициски корпус во регионот и ќе си создадеме нов „Авганистан“. Никогаш и по никаква цена. 

И понатаму сме должни упорно и доследно да ја спроведуваме струјата на засилување на стабилноста и предвидливоста на меѓународните односи, обликување на заедничкиот и неделив сигурносен систем. Неопходно е да се продолжи активната борба со цел мирно решавање на конфликтите. Нивниот број не се намалува, туку се зголемува. Важно е да се постигне строго почитување на владеењето на меѓународното право. И да се осигури не со зборови, туку со дела, водечката улога на ОН. 

Популаризацијата на овие принципиелни начела во следните години ќе биде поврзана со серијата претседавања на Русија на големите меѓународни форуми, како што се: Големата дваесетка, осумка, со самитите на БРИКС и на СЦО. Со оглед на ова, на грбот на МНР паѓа голем товар за овие манифестација да се исполнат со содржина, нагласи Владимир Путин. Зборувајќи општо за улогата на дипломатијата во современиот свет, претседателот истакна дека таа постепено се трансформира. 

Класичната дипломатија претрпе мошне важни промени, Вашите колеги сега мораат да се занимаваат и со економија, со развој на деловните односи, отворање нови перспективни пазари. На сето ова треба да се додаде прашањето за енергетската и за прехранбената сигурност, соработката во граѓанското општество во сите негови димензии, поддршката на сонародниците. Приоритетни значење добива вештото користење на механизмот на „блага сила“: зајакнување на позицијата на рускиот јазик, активна популаризација на позитивната слика за Русија во странство. 

Сиве овие принципи се потврдени во нацртот на обновената концепција за надворешната политика на земјата, која веќе е предадена на разгледување на управата на Кремљ, додаде Владимир Путин. Сепак, засега нема точни рокови кога ќе се потпишат документите, им рече на новинарите секретарот за односи со јавност на претседателот Дмитриј Песков по завршувањето на манифестацијата.

Важно е да се постигне строго почитување на владеењето на меѓународното право. И да се осигури не со зборови, туку со дела, водечката улога на ОН.

На состанокот беа повикани соработниците на министерствата кои добија нови именувања и државни награди. Во текот на наградувањето Путин нагласи дека станува збор не само за оценка на нивните особени заслуги, туку и за признание за високото ниво на работа на целиот ресор. Шефот на дипломатијата Сергеј Лавров му се заблагодари на претседателот и изјави дека веќе се преземени конкретни чекори за работата на министерството во сите правци. Ако се зборува за приоритетите на политиката, тие остануваат непроменети: Русија се залага за еволуциски развој, без наметнување на својата перспектива, нагласи претходно министерот во интервјуто за телевизијата „Росија“. Меѓу другото ова се однесува на реакциите за случувањата на Блискиот Исток и во северна Африка. 

Нема да се бориме за своите ставови со тоа што ќе испратиме експедициски корпус во регионот и ќе си создадеме нов „Авганистан“. Никогаш и по никаква цена. Ќе одржуваме односи со сите земји во регионот и ќе работиме со легитимните власти. 

Според Лавров, надворешнополитичката насока на Русија и во светот се прифаќа со респект. Политиката што ја определи и што ја спроведува претседателот и која според неговите начела ја спроведуваме и ние, без оглед на некои епизоди како што е либиската, носи резултати, изјави Сергеј Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња