Извор: Аерофлот.
Опасниот инцидент се случи во неделата. Исмаилов, откако испил големо количество алкохолни пијалаци, почнал да лудува и да се однесува агресивно: истепал неколку патници и упаднал во кабината на пилотите. Капетанот на авионот донел одлука да го прекрати летот и да се спушти во главниот град на Узбекистан. Таму скандалистот го презедоа локалните полицајци. Тие го испрашаа и го казнија. По еден ден Исмаилов беше вратен назад во Русија.
Еднодневното задржување на авионот ја чини компанијата 50 илјади долари.
Како ќе заврши приказната со прекинатиот лет, сè уште не се знае. Според началникот на службата за односи со јавност на авиокомпанијата „Аерофлот“ Андреј Согрин, тие најпрво треба да ја добијат сметката од ташкентскиот аеродром за таксите за авионот за време на принудното слетување и за многу друго. Сумата може да достигне и неколку стотици илјади рубли. Еднодневното задржување на авионот ја чини компанијата 50 илјади долари. Сметка можат да испратат и локалните лекари кои им укажале помош на патниците што настрадале од тупаниците на Исмаилов.
Сепак руското законодавство не предвидува никакви сурови мерки против оние што прават скандали во авионите. Генералниот директор на асоцијацијата „Аеропорт“ Виктор Горбачов на новинарот на „Росијскаја газета“ му изјави: „Во принцип би требало да биде вака: од виновникот треба да се земат пари за приземјувањето, за полетувањето, за оние услуги што авиокомпанијата ги платила на дадениот аеродром. Во нашите закони тоа не е пропишано“.
Ние имаме условен „црн список“ на кој се наоѓаат 1821 лице. Но, Воздушниот законик им забранува на авиокомпаниите да прават вакви списоци.
Генералниот директор на „Аерофлот“ Виталиј Савељев изјави дека неговата авиокомпанија во последниве три години се залага за таканаречените „црни списоци“ на воздушни скандалисти. „Ние имаме условен ‘црн список’ на кој се најдоа 1821 лице. Но, Воздушниот законик им забранува на авиокомпаниите да прават вакви списоци“, - изјави Савељев.
Но, изгледа дека повиците на руските авиокомпании на крајот се слушнати. Како што соопшти првиот заменик-претседател на комитетот за транспорт на Државната дума Виталиј Ефимов, пратениците решиле да направат нацрт-закон со кој ќе се забрани внесување алкохол во авионите.
Во прес-службата на подмосковската управа на Министерството на внатрешни работи за „Росијскаја газета“ изјавија дека во моментов Исмаилов се наоѓа во својот дом во Подољск. Покрената е кривична постапка за хулиганство. Според кривичниот закон на РФ за ова дело е предвидена казна до пет години лишување од слобода.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче