Русија се подготвува да ја забрани хомосексуалната пропаганда меѓу малолетниците

Русија има искуство во борбата со хомосексуалноста. Свеж е примерот од блиското советско минато кога оваа форма на односи целосно се одрекуваше, а „машката љубов“ беше казнива во текот на 60 години. Извор: ИТАР-ТАСС.

Русија има искуство во борбата со хомосексуалноста. Свеж е примерот од блиското советско минато кога оваа форма на односи целосно се одрекуваше, а „машката љубов“ беше казнива во текот на 60 години. Извор: ИТАР-ТАСС.

Руските пратеници решија да ги истакнат класичните семејни вредности по пат на борба со нетрадиционалните форми на односи. Минатата недела Думата го даде во прво читање нацрт-законот за забраната на пропагирање на хомосексуалноста меѓу малолетниците, без при тоа да уточнат што се подразбира под тоа. Пратениците имаат четири месеци за да го допрецизираат нацрт-законот за второто читање или, можно е, да ги преосмислат своите одлуки.

Нацрт-законот е подготвен од пратениците на Новосибирската област (која се наоѓа на три илјади километри од Москва). Законодавците тргнаа по патот на поднесување амандмани во Административниот законик, со кој се воведува одговорност за пропагирање на хомосексуалните односи меѓу деца и малолетници. За ова нарушување на законот полициските органи ќе казнуваат со глоба која се движи помеѓу 4 и 5 илјади рубли( 100-125 евра) за граѓаните, 40-50 илјади рубли (околу 1000 – 1250 евра) за одговорните лица и 400 – 500 илјади рубли (10.000 – 12.500 евра_ за правните лица, на пример, медиуми за деца, кои дозволиле да пропагираат истополови односи. 

Ваквата пропаганда, сметаат новосибирските пратеници, може да даде „извртена претстава за еднаквост на традиционалните и нетрадиционалните сексуални односи. Впрочем, законот не прецизира кој формат на презентирање информации се смета за пропаганда. Новосибирските пратеници едногласно велат дека нема да има глоби за самиот факт на хомосексуална ориентација.

Во 1992 година повеќе од 200 лица беа осудени со лишување од слобода заради хомосексуална врска.

Амандманите во нацрт-законот треба да бидат примени од Думата до 25 мај 2013 година. Потоа треба да се одржи второ читање, а потоа следува третото, кое мошне ретко трае долго. Во таков случај, законот може да биде предаден од долниот дом на парламентот во горниот – Советот на федерацијата – до крајот на пролетната сесија, која завршува во средината на јули, по што може да отиде на потпишување кај претседателот. 

Русија има искуство во борбата со хомосексуалноста. Свеж е примерот од блиското советско минато кога оваа форма на односи, на пример меѓу жените, целосно се одрекуваше, а „машката љубов“ беше казнива во текот на 60 години. Машките љубовници можеа да поминат 5 години во затвор, а силувачите на малолетници до 8 години. Соодветните одредби од Казнениот законик беа повлечени во 1993 година, а дури во 1992 година повеќе од 200 лица беа осудени со лишување од слобода заради хомосексуална врска. Не се знае точно колку лица се осудени за ова злосторство. 

Во современа Русија нетрадиционалната сексуална ориентација официјално не е казнива, но забрана за пропаганда меѓу малолетниците е воведена во девет региони на Санктпетербуршката и на Новосибирската област, од каде и доаѓа законската иницијатива. 

Интересно е што претходно Думата во повеќе наврати ги одбиваше сличните иницијативи, зашто тие се косеа со Уставот. 

Претставниците на ЛГБТ здруженијата спроведуваат многубројни акции против законот. Според руската мрежа на ЛГБТ ниту еден од законите што дејствуваат во регионите не служат за заштита на малолетниците, туку се инструмент за притисок врз граѓанските активисти и борците за човекови права. Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл изјави дека изгласувањето на законот ќе доведе до ограничување на основните права на сексуалните малцинства, што е во спротивност со меѓународните залагања на земјата за заштита од дискриминација. Граѓаните ќе бидат казнувани за нешто што во целост е легитимно – за самоизразување и за желбата да бидеш она што си, зашто законот може да се интерпретира многу широко, сметаат борците за човекови права.

Во современа Русија нетрадиционалната сексуална ориентација официјално не е казнива.

Но, позицијата на федералните законодавци тешко може да се промени. Заменик-претседателот на комитетот за прашања поврзани со јавните организации, а во минатото раководител на парламентарната комисија за семејни прашања и иницијатор на забраната за посвојување на руските деца од страна на американските државјани, Екатерина Лахова е уверена дека кампањата што се шири меѓу пратениците претставува интрига на хомосексуалното лоби на високо ниво. „Мислам дека моите колеги ќе бидат непоколебливи, имајќи го предвид и фактот дека во своето обраќање пред федералното собрание, претседателот на прво место ги стави духовните, моралните и семејните вредности“, потсети пратеничката во разговор со RBTH. 

Лахова се согласува дека во второто читање на законот има потреба од внесување измени, особено во делот во кој се прецизира терминот „пропаганда“. Но, тоа што парламентарците толку многу зборуваат за овој закон, исто така може да се смета за пропаганда. Пратеничката не ја исклучува можноста за организирање парламентарна дискусија со присуство на јавност, меѓу кои и со претставници на ЛГБТ-движењето. Лично Лахова е против тоа да се ислуша мислењето на самите сексуални малцинства, кои, според неа, веднаш ќе почнат да ги бранат своите интереси.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња