Извор: Казбек Вахаев.
Минатата година цената на лебот што е популарен во Грозни се качи за 5-10 рубли (10-15 денари) и сега една векна чини од 20 до 25 рубли (30-35 денари).
Лебот во Грозни не е најевтин производ и неговата цена постојано расте. Минатата година цената на лебот што е популарен тука (го произведува Шатојската фабрика за леб) се качи за 5-10 рубли (10-15 денари) и сега една векна чини од 20 до 25 рубли (30-35 денари). Поскапе и лебот што го носат отстрана, од Наљчик и од Махачкала.
По блогосферата бурно се дискутира за „бесплатниот лебен четврток“, кој го организираше Хасан Дукаев. Луѓето кои не се запознаени со муслиманските традиции прашуваат: „Зошто во четврток?“ Всушност станува збор а тоа дека во четвртоците (пред празничниот муслимански ден – петок) во Чеченија, Ингушија и во Дагестан обичај е да им се дава милостина на сиромавите (може да биде тоа леб, нешто слатко, нешто месено, сол, ориз).
Во едно од селата на Ачхој-Мартановскиот дел веќе две години еден од месните жители му дава пари на сопственикот на една продавница, за тој да дава бесплатно леб.
Секако, желбата за давање милостина е добредојдена и во другите денови од неделата. Тоа е едно од правилата пропишани со Коранот. Најчесто оваа привилегија ја имаат постарите лица.
Акцијата на Хасан Дукаев не е единствена. Во едно од селата на Ачхој-Мартановскиот дел веќе две години еден од месните жители му дава пари на сопственикот на една продавница, за тој да дава бесплатно леб. Не се ретки и случаите кога некој од својот џеб им плаќа билет за автобус на сите патници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче