Американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“ („New York Times“), е основан во 1851 година и оттогаш се објавува непрекинато. Има најпопуларна Интернет-страница меѓу сите американските весници со месечна посета од 30 милиони читатели. „Њујорк тајмс“ е дел од компанијата „Њујорк тајмс“, водечка светска новинска и информативна куќа.
Тираж: 877 000. Број на читатели: 2 560 840.„Вашингтон пост“ („The Washington Post“) е еден од најчитаните американски весници. Основан е во 1877 година и е најстар весник во САД во областа на Вашингтон. Со оглед на тоа што се издава во главниот град, „Вашингтон пост“ особено внимание им посветува на прашањата од националната политика.
Тираж: 624 000. Број на читалатели: 1 441 900.„Дејли телеграф“ („The Daily Telegraph“) е британски утрински дневен весник во широк формат, кој се дистрибуира како во земјата, така и во странство. Ги пренесува дневните вести од Велика Британија, временска прогноза, вестите од спортот, уметноста, економијата итн.
Тираж: 700 000. Број на читатели: 1 800 833.„Фигаро“ („Le Figaro“), е дневен весник основан 1826 година во Париз. Сега е втор по големина национален весник во Франција, еден од трите официјални гласила на државата (покрај „Монд“ и „Либерасион“) и е најстар весник во земјата кој с? уште се печати. Интернет-страницата http://lefigaro.fr во 2010 година доби и оддел на англиски јазик, што значително го зголеми бројот на потенцијалните читатели.
Тираж: 315 000. Број на читатели: 1 228 000.„Република“ („La Repubblica“) е италијански дневен весник, кој во 1976 година во Рим го основа новинарот Eугенио Скалфари. Од 2008 „Република“ e на второто место според тиражот во Италија.
Тираж: 330 000. Број на читатели: 601 000.„Зидојче цајтунг“ („Süddeutsche Zeitung“) e најголем германски национален дневен весник. Има значителен број читетели и надвор од Германија. Националното издание се состои од четири оддели: политика, култура, економија и спорт. Изданието кое се продава во Минхен и околните места содржи и прилог со локални вести.
Тираж: 437 000. Број на читатели: 1 270 000.„Соар“ („Le Soir“) е најпопуларниот весник на француски јазик во берлинер-формат во Белгија. Основан е од Емил Росел во 1887 година. Се смета за официјално гласило на белгиската влада.
Тираж: 97 000. Број на читатели: 484 100.„European Voice“ е белгиски неделник на англиски јазик во сопственост на групацијата „Економист“. „European Voice“ преку печатеното издание и активната Интернет-страница донесува независни вести и анализи врзани, пред сè за Европската унија.
Тираж: 19 000. Број на читатели: 38 000.„Економик тајмс“ („The Economic Times“) е најголем економски дневен весник на англиски јазик во Индија и втор по големина во светот во својата област. Весникот најголемо внимание ? посветува на индиската економија и на меѓународните финансии. Весникот е во сопственост на групацијата „Тајмс“ – најголемата издавачка куќа во Индија од областа на медиумите и забавата.
Тираж: 380 000. Број на читатели: 899 470.„Јомиури Шимбун“ je јапански лист са дневним тиражом од 13,5 милиона примерака (укључујући јутарње и вечерње издање). Обраћа се свим социоекономским слојевима јапанског друштва. Има историју дугу 137 година и 378 редакција широм света. Лист је добитник бројних награда за квалитет штампе.
Тираж: 10 000 000. Број читалаца: 26 000 000.„South China Morning Post“ е весник на англиски јазик од Хонг Конг (Кина), кој го издава групацијата „SCPM“. Најголемиот број читатели на овој весник се деловни луѓе од Хонг Конг.
Тираж: 102 000. Број на читатели: 376 000.„Дума“ е еден од десетте највлијателни весници во Бугарија кои оставаат печат на јавното мислење во таа земја. Весникот е ориентиран на културата, образованието и социјалната политика, а посветува особено внимание и на меѓународната политика.
Тираж — 15 000. Број на читатели: 70 024.„La Nacion“ е аргентински дневен весник. Тој е водечки конзервативен весник во земјата и е единствен кој с? уште се печати во широк формат.
Тираж: 137 000.„El País“ e водечки шпански национален дневен весник. Во сопственост е на шпанскиот медиумски конгломерат „ПРИСА“, кој моментално е контролиран од групата „Феникс“ – една од најголемите осигурителни компании во Велика Британија. Има најголем тираж меѓу сите шпански весници (не сметајќи ги спортските), и посветува големо внимание на вестите од светот.
Тираж: 390 000. Број на читатели: 1 924 000.„Folha de S.Paulo“ е бразилски дневен весник основан во Сао Паоло во 1921 година. Од 1986 година има најголем тираж во Бразил и статус на еден од највлијателните весници во земјата.
Тираж: 200 000. Број на читатели: 708 000.„Геополитика“ е независен магазин кој се занимава со анализа на важни политички и социјални прашања во Србија и во светот, а објавува и сопствени геополитички и геостратешки истражувања. Магазинот често објавува и интервјуа со познати личности и експерти од Србија и странство.
Тираж: 16 000. Број на читатели: 56 640.„El Observador“ е дневен весник во широк формат од Уругвај, основан во 1991 година. Се објавува во Монтевидео. Весникот се занимава со теми поврзани со политиката, економијата, општеството, културата итн. Најновите вести се објавуваат на Интернет-страницата www.elobservador.com.uy, а текстови од аналитички карактер можат да се прочитаат во проширеното печатено издание кое излегува во сабота.
Тираж: 20 000. Број на читатели: 70 800.
РИА „Новости“ според бројот на читателите на Интернет и по застапеноста во националните медиуми, е водечка руска новинска агенција. Медиумски сестраната редакција и големата мрежа новинари во 45 земји, ? овозможуваат на РИА „Новости“ на своите професионални клиенти и редовни читатели, да им обезбедува вести и информации во различни формати (вклучувајќи и анимирана инфографика, филмови и содржини прилагодени за мобилните оператори) на 14 јазици.
„Russia Profile“ е информативен сервис на англиски јазик кој своите вести ги дистрибуира преку Интернет-страница (која се ажурира на дневна основа) и специјален квартален извештај, наменет за широкиот круг читатели заинтересирани за Русија. Целта на компанијата е да понуди разбирлив и концизен увид во состојбата и постоечките трендови во рускиот бизнис, економијата, политиката и културата.
„Комерсант“ („Коммерсантъ“) е една од најголемите издавачки куќи во Русија. Го издава истоимениот национален дневен весник, кој на 16 страници нуди актуелни информации и анализи со висок квалитет од областа на светскиот и рускиот бизнис, финансиите, економијата, политиката и општеството, културата и спортот. „Комерсант“ е еден од најмеродавните и највлијателни руски весници. Од 2009 година, постои издание и на англиски јазик кое што се дистрибуира во Велика Британија. Насловот на „Коммерсантъ“ често се скратува со „Ъ“.
„Russia Today“ е глобална телевизиска мрежа. Со емитување на програма започна во 2005 година. Денес мрежата се состои од: три информативни канали што се емитуваат на англиски, шпански и на арапски јазик; одделенијата „RT America“ (емитувано од студио во Вашингтон); и документарниот канал „RT Doc“. Програмата на оваа мрежа допира до над 430 милиони луѓе, односно до 22% од сите кабелски претплатници во светот.
„Russian Travel Guide“ (RTG) е меѓународен документарен, телевизиски канал, посветен на културата и географијата на најголемите земји во светот. RTG на англиски и на руски јазик ги информира гледачите за руската историја, култура, кујна и природа. Ексклузивните репортажи им овозможуваат на гледачите да учествуваат во предизвикувачки откритија и неистражени локации.
„Just Russia“ „Руска туристичка унија“ е најголемо туристичко здружение (кое во своето членство брои преку 1000 тур-оператори, хотели, одморалишта, превозници, осигурителни компании, образовни институции и регионални туристички здруженија), кое од 2001 година објавува информативна брошура „Just Russia“. Целта на изданието е да ја претстави Русија како атрактивна дестинација за странски и домашни туристи.
„The Voice of Russia“ („Гласот на Русија“) е прва руска радиостаница што емитувала своја програма во странство. Од 29 октомври 1929 кога е пуштена првата емисија во етер, оваа станица ја формира сликата за Русија ширум светот, со акцент на државните ставови за глобалните прашања. Денес се емитува во 160 земји на 38 јазици, вкупно 151 час дневно, на кратки и средни бранови (во FM-опсег), преку сателит и преку глобалните мобилни мрежи.
„To Russia with Ease“ е извор на бесплатни актуелни информации за Русија. Тука можат да се најдат основни информации за Русија, Москва и Санкт-Петербург, важни информации корисни за туристите, именик на организациите за културна и образовна размена, совети за прашања од областа на безбедноста, основни информации за Русија и за нејзините деловни прилики, како и список на деловни здруженија.
„Russkiy Mir Foundation“. Во јуни 2007 година, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, потпиша декрет за основање на фондација „Русский мир“ („Руски свет“), чија цел е да „го промовира рускиот јазик и националното наследство како важен дел од светската култура и да ги поддржува програмите за учење на руски јазик во странство.“ Фондацијата е заеднички проект на Министерството за надворешни работи и Министерството за образование и наука на Русија, а е подржувана и од многу јавни и приватни фондови.
„Russian International Affairs Council“ „Руски совет за меѓународни работи“, е непрофитабилно здружение, во чиј состав влегуваат руски дипломати, научници, деловни луѓе, новинари и државни официјални лица вклучени во меѓународни активности. Нивната мисија е да ги анализираат и да ги препознаваат поволните можности за активност на Русија во меѓународното окружување и во рамките на светските интеграции.
Зеница е интернет-страница која изобилува со нови и несекојдневни содржини, која разгледува многу секојдневни теми од различни гледни точки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче