Каква ЕУ ѝ е потребна на Русија?

Константин Малер
Посакува ли Москва дезинтеграција на Европската Унија, или на Русија ѝ одговара ЕУ во како силен и ефикасен партнер во решавањето на многуте актуелни прашања на светската политичка сцена, особено по прашањето за европската безбедност?

Во последно време во европските медиуми политичарите често го изнесуваат мислењето дека Русија е заинтересирана за дезинтеграција и за слабеење на Европската Унија и дека на секој начин се обидува да го постигне тоа. Како доказ се наведуваат аргументи за тежнеење на Москва да решава цела низа проблеми на билатерално ниво, односно со определени европски земји, а не на заедничко европско ниво. Исто така како аргумент се наведува и финансирањето на десничарски партии. Но, и покрај тоа што во новонастанатата ситуација на Русија навистина на прв поглед најмногу ѝ одговара да соработува со оние земји и политички сили во Европската Унија кои се заинтересирани за конструктивна соработка, тоа никако не значи дека Москва посакува поделба или значително слабеење на Европската Унија.

Напротив, колку и да е парадоксално, ваквата перспектива се коси со прагматичните интереси на Русија. Згора на тоа, денешните проблеми во односите со Европската Унија Русија ги третира како резултат на слабеењето на ЕУ, а не како нејзино зајакнување. Сегашната ужасна состојба во односите помеѓу Русија и Европската Унија е резултат на дезинтеграцијата и на фрагментацијата кои започнаа во ЕУ на почетокот на минатата деценија.

Партнер за безбедност

На Русија пред сè ѝ е потребна силна Европска Унија како партнер во врска со прашањата за европската безбедност. Силната ЕУ ќе може делотворно да влијае врз Украина, да учествува во дискусијата за проблемот за „цврстата безбедност“ (Договорот за ограничување на системот за противракетна одбрана, Договорот за неширење нуклеарно оружје, Оружје за ракети со среден и мал дострел, Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа, контрола на вооружувањето во целина, неширење на инфраструктурите на НАТО во Источна Европа), и да биде ефикасен партнер во подготовката и формирањето на системот за европска безбедност во целост, и конкретно според правилата на игра во односот со земјите од заедничкото опкружување. Ефикасната и самоуверена Европска Унија ќе биде помалку склона да ја третира Русија како надворешна опасност, и да ја хипертрофира таа претстава и да ја користи како „кохезиски надворешен фактор“.

Напротив, слабата Европска Унија и самата по себе претставува посебен проблем на европската безбедност. Таа инстинктивно гравитира кон Соединетите Американски Држави и ги повикува Американците и понатаму да ја зајакнуваат својата улога во европската безбедност и своето воено присуство во Источна Европа. Европска Унија, која не е способна да спроведе единствена надворешна политика, не може да влијае ниту врз Украина, односно не може да ја принуди да го исполни договорот од Минск, ниту може да се договори со Русија за правилата на игра во поглед на земјите од заедничкото опкружување. Згора на тоа, во сегашната состојба таа ниту теоретски не може да изгради нова политика на источниот правец, и покрај тоа што сегашниот политички курс доживеа очигледно фијаско.

Погрешно е мислењето дека слабата и распарчена Европска Унија во целина спроведува добронамерна политика кон Русија, туку ако е силна и консолидирана. Напротив, слабата Европска Унија тежнее да ја искористи Русија како „кохезиски надворешен фактор“ и вештачки да култивира претстава за Русија како закана. Ова беше сосема очигледно за време на украинската криза (2014-2015). Освен тоа, во фрагментираната и поделена Европска Унија земјите кои се најантируски расположени – пред сè Полска и балтичките земји – имаат најголемо влијание врз донесувањето одлуки и усвојувањето заеднички именител, додека и силната Европска Унија тоа не е случај, зашто тогаш споменатите земји играат второстепена улога.

Привлечноста на Европа зависи од Русија

Силна Европска Унија би била корисна за Русија за решавање на проблемите на Блискиот Исток. Само како ефикасен глобален актер, кој е способен да спроведува заедничка надворешна политика, Европската Унија може да ги дисциплинира Турција, Саудиска Арабија и Иран, и да обезбеди создавање нов меѓународен политички поредок на Блискиот Исток со учество на споменатите земји. Слаба Европска Унија, која не е во состојба да реализира ефикасна миграциска и антитерористичка политика, само го поттикнува блискоисточниот пожар, а очигледен доказ за тоа се настаните од 2011-2015 година.

Освен тоа, доколку Европската Унија може да настапува како еден од глобалните центри на моќ, таа може да ја ослаби и тенденцијата за глобална поделба на светот на две големи политичко-економски заедници и во целост да придонесе светот да стане поурамнотежен. Консолидираната ЕУ ќе биде самоуверен преговарач со САД во договорот за Трансатлантска трговија и инвестициско партнерство и истовремено ќе биде партнер кој ќе биде поинтересен за Кина. Од друга страна, слабата Европска Унија повеќе ќе му се потчинува на Вашингтон и политички и економски, и самата ќе биде силен фактор за глобална поделба.

Кога станува збор за привлечноста на Европската Унија за постсоветските земји, прашањето веројатно повеќе зависи од Русија и од Евроазиската економска унија, одошто од самата ЕУ. Имено, доколку Москва успее да ги спроведе потребните внатрешни проблеми и да стане пример кој ќе го следат најблиските соседи, а доколку вешто ја инструментализира објективната зависност на постсоветските земји од Русија и евроазиската интеграција, тогаш Европската Унија не може да претставува никаква пречка.

Дмитриј Суслов е заменик-директор на Центарот за комплекси европски и меѓународни истражувања на Националниот истражувачки универзитет Висока школа за економија, програмски директор на Валдајскиот клуб.

Целиот текст на руски јазик: Lenta.ru. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња