Заканата од ИДИЛ може да ги зближи Москва и Вашингтон

Карикатура: Константин Малер

Карикатура: Константин Малер

Една од главните тенденции на Блискиот Исток е офанзивата на радикалните исламисти и на терористичките групации, кои се закануваат како на Русија, така и на САД.

Позициите и интересите на Москва и Вашингтон во овој регион се асиметрични. Америка (не говорејќи за нејзините сојузници) засега останува голем купувач на блискоисточната нафта, низа држави од регионот се нејзини стратешки сојузници, имаат со неа договор за одбрана и за безбедност, тука се расположени базите на САД. Русија го нема тоа. Во исто време таа соработува со државите кои имаат затегнати односи со САД, иако во определени случаи таа е поврзана и со државите кои се партнери на САД, како што е Турција. Во целост, може да се каже дека Москва во овој регион нема животно важни интереси. Соодветно, тука меѓу Русија и САД не постојат дијаметрални противречности, иако нивните власти на различен начин се однесуваат кон определени режими или настани. Ова хипотетички создава можност за соработка во оние области, во кои двете држави имаат интерес. 

Но, во каде се совпаѓаат тие? Како прво, тука е неопходноста од укажување на жесток отпор на меѓународниот тероризам и екстремизам. Русија и САД се исто така заинтересирани за стабилност во регионот. Доколку, како што сметаат во Русија, Вашингтон се стреми да создаде опстановка на „управувачки хаос“, мислам дека тоа нема да соодветствува на долгорочните американски интереси. Промената на непријателските (или оние што не се управувани од САД) режими на Америка ѝ донесоа повеќе проблеми отколку позитивни работи. Кога Либија ќе почне да биде управувана и кој ќе управува со неа? Тешко дека тоа ќе бидат САД. Неслучајно американските политичари кои реално гледаат на ситуацијата, како што е на пример Хенри Кисинџер, критички се произнесоа кон вмешувањето на САД во работите на државите од овој регион. Но, можат ли Русија и САД сега да соработуваат, да кажеме, во востановувањето на стабилноста во Либија? Веројатно тоа не би било лошо. 

Лавров: ИДИЛ е главниот непријател на Русија
Русија смета дека терористичката организација „Исламска држава“ е нејзин главен непријател, изјави првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за три руски радиостаници. Тој исто така рече дека Москва имала големи очекувања од претседателот на САД Барак Обама, но дека по неговиот избор следувала цела низа војни.

Сепак, руско-американската соработка дури и во оние сфери во кои им се совпаѓаат интересите е подложна на низа ограничувања. Главно меѓу нив се мошне неповолните билатерални односи, и, соодветно на тоа, длабоката недоверба помеѓу владите на двете земји. Дури и регулирањето на украинската криза тешко дека радикално ќе ја смени ситуацијата. Од една страна, во некои земји од арапските земји, кои станаа жртви на терористите, САД поддржува некои исламски организации, за кои тие сметаат дека се умерени. Русија, пак, претполага дека и овие групации претставуваат закана, која не е ништо помала од „Џебхат ан-Нусра“. Не треба да се делат терористите на лоши и на добри. Од друга страна, САД не сакаат да соработуваат со владата во Дамаск, за која Москва смета дека е важен партнер во борбата против тероризмот. 

Дури и да претпоставиме дека нашата контратерористичка соработка ќе биде доведена на висок степен на закана, Русија во секој случај нема да биде подготвена да се приклучи кон некоја коалиција која е предводена од САД, а САД никогаш нема да се откажат од тоа да бидат „предводници“. Нашата земја, која извлече лекција од американското (па, и од сопственото) искуство, како што ми се чини, под никакви околности нема да води воени дејствија на територијата на арапскиот свет. Дури и ако станува збор за напад од воздух. Во секој случај Москва ќе настојува прашањето да се разгледува во Советот за безбедност на ОН. 

Без оглед на тоа, Русија е подготвена на тесна соработка во борбата против тероризмот како со Западот, така и со регионалните играчи, при што секогаш претпочита да соработува со легитимните влади. Особен неспокој кај Москва предизвикува порастот на бројот на џихадисти од регионите во Русија и од државите во Централна Азија, кои војуваат во редовите на ИДИЛ. 

Сметам дека неопходноста од заедничко спротивставување на заканата сепак ќе ги поттикне Вашингтон и Москва да се приближат. Сепак  доколку се земат предвид сите ограничување, соработката, најверојатно, ќе има нископрофилен карактер. Земјите, во најдобар случај, ќе почнат да ги координираат своите дејствија и да разменуваат информации, дејствувајќи самостојно, а можно е и по паралелно. Но, дури и тоа ќе стане мерка на доверба која ќе помогне во закрепнувањето на билатералните односи. 

Виталиј Наумкин е доктор на историски науки, професор и директор на Институтот за Источни студии.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.