Улогата на вториот фронт

Карикатура: Татјана Перелигина

Карикатура: Татјана Перелигина

Соработката на ниво на воено планирање и на спроведување операции отсекогаш била најсложениот елемент од коалициската стратегија. Истовременото нанесување удари од различни фронтови има очигледни предности, но на практика ваквата синхронизираност на дејствијата се судри со големи тешкотии.

Во случајот со СССР и со западните сојузници не постоела реална соработка и усогласување на операциите. Причината за тоа не се наоѓа во ниското ниво на политика, туку во постоењето на објективни сложености и проблеми, за кои се сметало дека во името на сојузот не треба да бидат игнорирани. 

За време на подготовките на летната кампања во 1944 година тешкотиите со собирање на муниција ја натерале Црвената армија да го одложува почетокот на воената операција „Багратион“ во Белорусија, која започнала сосема несинхронизирано со истоварувањето во Нормандија. Исто така лошите временски услови (кои пречеле во користењето на авијацијата) ја принудиле советската команда да го помести почетокот на офанзивата во Полска во јануари 1945 година. Фактички советската офанзива од Висла кон Одра започнала кога кризата во Ардените веќе минувала. Во обата случаи за советската војска пораното започнување би значело определен ризик за неуспех. Исто така западните сојузници сметале дека не е целесообразно да се сконцентрира силата на спроведување на арктичките конвои, ризикувајќи со криза на Средоземно море. 

Да го спречиме обновувањето и ширењето на фашизмот
Верка Бунтеска од неодамна е в.д. претседател на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи. Во март годинава таа беше во посета на Москва на средба со своите колеги од Русија и од уште триесетина други земји. Во интервју за „Руска реч“ таа зборува за својата посета, за активностите на Сојузот, за Втората светска војна и за соработката со Рускиот сојуз на ветераните.

Отворањето на вториот фронт во Европа долго време било повод за жестоки политички дискусии. Работата доаѓала до директно обвинувања за одолговлекување на вториот фронт од страна на САД и Велика Британија за сметка на истоштување на СССР во борбата со Германија. 

Сепак посериозна е тезата за големи технички тешкотии за влегување на континентот од море. Главен проблем тука бил освојувањето на морското пристаниште, кое овозможувало непрекинато снабдување на големите групи војска (а мал десант брзо би бил фрлен во вода). Нападот на Дјеп во 1942 година покажал дека Германците ја сфатиле заканата, а француските пристаништа биле добро подготвени за одбрана. Исто така, само по себе освојувањето на пристаништето не гарантирало успех, неговата инфраструктура можела да биде минирана од Германците за време на нивното повлекување. Имено тоа се случило со Шубер. Соодветно, истоварувањето се случило кога била смислена идејата за формирање на времено пристаниште директни на плажата на Нормандија. Со вештачки бранолом, надводни патеки „Малбери“ и со силна противвоздушна одбрана, идејата „Малбери“ беше оформена есента 1943 година. Потоа следуваа месеци за подготовка и во јуни 1944 година истоварувањето веќе можеше да смета на успех. Не треба да се заборави дека главна движечка сила на операцијата беа Американците, претседателот Рузвелт категорично настојувал за истоварување во Франција токму во 1944 година. 

Доколку се обидуваме да го изразиме значењето на вториот фронт и на западните сојузници во победата над Германија со една фраза, тогаш таа би била: „Англичаните и Американците му го скршија вратот на Луфтвафе, а СССР го скршија ‘рбетот на германската пешадија“. 

Путин напиша колумна за своите родители и за војната
Претседателот на Русија Владимир Путин напиша колумна за весникот „Руски пионер“, во која го опишува животот на своите родители за време на војната. Колумната е насловена „Животот е толку едноставна и толку сурова работа“.

Навистина, 75% од германските загуби отпаѓаат на советско-германскиот фронт. Дури и по истоварувањето во Нормандија и по отворањето на вториот фронт во Европа вкупните загуби на Германците на источниот фронт трипати ги надминува загубите на западниот. Од друга страна, по сосредоточувањето на речиси сите воени сили на истокот во 1941 година, крупните сили на Луфтвафе постепено преминуваат на западниот фронт и во противвозудшната одбрана на Рајхот. Ударите по Германија од страна на американските дневни бомбардери во придружба на ловците станаа еден вид „живи мамки“ за германските ловци. Пролетта 1944 година стана вистински кошмар за германските пилоти-ловци. 

Зголемената загуба на авиони на западот во однос на загубите на истокот се случила есента 1942 година и во првата половина на 1943 година. Така, во ноември 1942 година на запад биле изгубени 595 авиони, а на источниот фронт 224, додека во декември на западниот бројката изнесува 386, односно 408 на источниот. Во јули 1943 година на источниот фронт Германците изгубиле 558 авиони, на Медитеранот 711, а на запад и во противвоздушната одбрана на Рајхот 526. Во 1944 година на советско-германскиот фронт отпаѓале само околу 20% неповратно изгубени авиони на Луфтвафе. Пред истоварувањето во Нормандија од 4.475 авиони на Луфтвафе, на запад во одбраната биле 2.340 машини. Значењето на одолговлекувањето на германските военовоздушни сили на западот не треба да се пренебрегне, зашто со тоа се одврзувале рацете на советската авијација. 

Придонесот на советските војници и офицери не може да се прецени. Победата е постигната по цена на милиони нивни животи, со хероизмот, пожртвуваноста, борбата. На вториот фронт забрзана е победата над Германија. Тој помогнал да се спасат животите на многу советски војници. 

Авторот е историчар, кандидат на историски науки, ја проучува војната 1941-1945 година во руските и во странските архиви. Автор е на повеќе книги за историја на војната од 1941 до 1945 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.