Русија има шанса да ја добие Турција за сојузник

Карикатура: Алексеј Иорш

Карикатура: Алексеј Иорш

Руско-турските односи сега доживуваат подем каков што немаме видено од времето на Кемал Ататурк. Посетата на Владимир Путин на Турција во декември 2014 година беше мошне значаен настан. Русија покажа дека Турција за неа е приоритетен партнер кому таа е подготвена да му го предаде управувањето со гасниот вентил. Анкара ќе може да манипулура со тоа и ќе може да стане понезависен играч во однос на ЕУ. Во таков случај, возможно е, Брисел да се бори за стапување на Турција во ЕУ, а не обратно.

За возврат Русија од Турција очекува поголема лојалност. И Анкара делумно ја демонстрира: не воведува санкции кон Русија, се однесува независно во рамките на НАТО. 

Основното економско прашање на билатералните односи е гасоводот Турски тек. Но, Турција има многу проекти слични на овој. На пример, Трансандолскиот гасовод, на кој можат да му се приклучат Иран и земјите од Средна Азија. 

Иранскиот гас претставува потенцијален конкурент на рускиот на европскиот пазар. Имено затоа претседателот Реџеп Таип Ердоган замина во Техеран и покажа подготвеност да купува ирански гас, но со попуст. Истото им го беше кажал и на руските претставници. 

Русија и Иран остануваат пријатели, но нема да станат сојузници
МНР на РФ официјално изјави дека на преговорите во Лозана меѓу Иран и „шестката“ (постојаните членови на СБ на ООН плус Германија) „успеале да ја усогласуваат рамката за конечно разрешување на ситуацијата за иранската нуклеарна програма (ИУП)“. Во Москва сметаат дека компромисот претставува триумф на политичко-дипломатскиот приод кон решавањето на меѓународните проблеми, за кои РФ секогаш се заложувала. Всушност, експертите сметаат дека најголема полза од компромисот нема да добие Русија, ами ЕУ.

Односно, секоја страна си игра своја игра: и Турција, и Европа, и Русија. Во овој контекст беше и посетата на грчкиот премиер на Москва, која речиси се совпадна со посетата на Ердоган на Иран. Русија покажува дека покрај Турција има и други сојузници и партнери. Со ова е поврзана и неодамнешната посета на Путин на Ереван. 

Реакцијата на Анкара на оваа посета беше жестока. Турците фактички ја обвинија Русија за геноцид на турското и на муслиманското население. 

Сепак, жестоката реторика на Анкара не треба да нé збунува. Во Турција се одвиваат активни подготовки за избори. Цврстите изјави на адреса на РФ се наменети за националистите и за потомците на бегалците од поранешната Руска империја, а исто така и за силните приврзаници на Западот. 

Всушност, Ердоган е подготвен да ги продолжи преговорите со Русија. Турците можат да му покажат на Западот дека тие се подготвени да бидат со Русија, а во исто време ѝ покажуваат на Москва дека се подготвени да бидат со Иран. Руско-турскиот сојуз, сојуз на две евроазиски  држави, претставува кошмар за Европа. Нејзе ѝ е позгодно во својот состав да ја земе Турција, одошто да ја изгуби. Така што Турција води мошне умесна игра помеѓу различни центри на сила. 

Но, во определен момент тие ќе треба да направат избор. И тогаш ќе биде важно што ќе понуди Русија. Треба да се предложи долгорочна програма за партнерство, која во себе ќе вклучува не само економија, туку и, на пример, гаранции за безбедноста на Ердоган во случај на судир на интересите со САД или во случај на внатрешни проблеми. 

Треба да се земе предвид и фактот дека помеѓу РФ и Турција постојат нерешени прашања. Ние имаме различни позиции во врска со Сирија. Апсолутно различни позиции за Крим. Нема да можеме долго да ги игнорираме. 

Сега е моментот кога можеме да почнеме да ги решаваме, со оглед на тоа дека исчезнаа препреките што постоеја претходно. Порано Турција беше силен сојузник на САД. Сега е поинаку. Сегашните власти еволуираа. Многу сили кои се непријателски расположени кон Русија застаана во опозиција на сегашното раководство.

Треба да ја искористиме оваа шанса и да изградиме нова интеракција, која ќе се однесува не само на економијата, туку и на односите во целост. 

Владимир Автаков е кандидат на политички науки, директор на Центарот за истражување, меѓународни односи и јавна дипломатија на Истокот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња