Што значи за Русија симнувањето на санкциите за Иран?

Карикатура: Алексеј Иорш

Карикатура: Алексеј Иорш

Симнувањето на санкциите за Иран може да доведе до значителни непријатни последици за руската економија, особено во делот на нафтата и на гасот. Ова ќе биде поврзано пред сè не со директната конкуренција со иранската нафта, туку со влијанието на оваа ситуација на светските цени.

Намалувањето на извозот на нафта од Иран како дел од санкциите не е толку големо во апсолутен износ. Иранците поради ембаргото и поради други ограничувања изгубија околу 1 милијарда барели дневно, или околу 50 милиони тони извоз на нафта. Половината од овие загуби е поради откажувањето на европските земји од иранската нафта, а другата половина отпаѓа од намалувањето на купувањето од страна на азиските потрошувачи. Имено, Азиско-Тихоокеанскиот регион беше примарен за потрошувачката на нафта од Иран сè до ембаргото (речиси 70% од продажбата), а останува доминантна и сега (95% од продажбата). Притоа Азијците не можат да се откажат од иранската нафта дури и во услови на санкции, без оглед на тоа колку му се лојални на Западот. Побарувачката за нафта во АТР постојано расте, и може да ги апсорбира дополнителните испораки како од Иран, така и од Русија. Во Европа ситуацијата е посложена, но со оглед на големината на испораката на нафта и производи од нафта од Русија во Европа (околу 250 милиони тони годишно), максималната испорака од Иран на овој пазар (околу 25 милиони тони годишно) не можат да претставуваат потенцијал за замена. Згора на тоа Русија не ја замени иранската нафта, туку другите блискоисточни земји: Либија, Ирак, Саудиска Арабија. Така, токму тие треба да бидат загрижени, зошто токму тие ја поддржуваат сумарната квота на ОПЕК.

Русија и Иран остануваат пријатели, но нема да станат сојузници
МНР на РФ официјално изјави дека на преговорите во Лозана меѓу Иран и „шестката“ (постојаните членови на СБ на ООН плус Германија) „успеале да ја усогласуваат рамката за конечно разрешување на ситуацијата за иранската нуклеарна програма (ИУП)“. Во Москва сметаат дека компромисот претставува триумф на политичко-дипломатскиот приод кон решавањето на меѓународните проблеми, за кои РФ секогаш се заложувала. Всушност, експертите сметаат дека најголема полза од компромисот нема да добие Русија, ами ЕУ.

Во целост иранската нафта во однос на степенот на трошоците за нејзина експлоатација во однос на руската нафта – во двата случаи трошоците не надминуваат 20-25 американски долари за барел. Сепак руските производители сега разработуваат посложени наоѓалишта, така што таму трошоците доаѓаат веќе до 30 американски долари, па дури и повеќе. Со текот на времето ситуацијата ќе се усложнува. Сепак, поопасен соперник во овој контекст е Ирак, кој има многу поголем потенцијал за зголемување на експлоатацијата во подолгорочна перспектива, за разлика од другите бликоисточни земји, меѓу кои и Иран. 

Кога станува збор за гасот, Иран не може да се гледа како соперник на Русија, со оглед на тоа дека не се врши извоз од земјата, со исклучок на малите испораки во Турција (помалку од 10 милијарди кубни метри годишно) за локална употреба. Извозни проекти постојат, но засега се наоѓаат на ран стадиум на изработка. Токму затоа ембаргото не влијаеше на испораките на гас.

Ризикот од намалувањето на цените на нафтата со симнувањето на иранските санкции навистина е значителен. Сепак резервите на нафта и на нафтени производи сега се наоѓаат на високо ниво, а на светскиот пазар сè уште постои вишок на понуда. Во 2015 година, според оценките на Меѓународната агенција за енергетика, тој може да дојде до 0.5 милиони барели дневно, иако до крајот на годината тој вишок ќе треба да биде намален или да исчезне. Појавувањето на 1 милион барели дневно на пазарот, доколку не се компензира со намалување од другите земји на ОПЕК, може да стане нова закана за рамнотежата. Со време светскиот пазар сепак треба да се ослободи од вишокот и од прекумерните резерви под влијание на порастот на потрошувачката, но враќањето на иранската нафта може да го одложи овој премин за уште една година. 

Притоа во руската економија постојат гранки, чии претставници веројатно се заинтересирани за укинување на санкциите. Во прв ред тоа се оние што тргуваат со Иран: извозниците на пченица, на дрво, на метали, некои видови машини и опрема, а исто така и увозниците на овошје и зеленчук. Финансиските санкции ја отежнуваат трговијата и ги зголемуваат трошоците. 

Александар Курдин, началник на управата за стратешки истражувања во енергетиката при аналитичкиот центар на владата на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.