ОДКБ ќе ѝ помогне на Москва да ја реши кризата во Украина

Карикатура: Алексеј Иорш

Карикатура: Алексеј Иорш

На 23 декември во Москва се одржа редовниот самит на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) кој помина истовремено со заседанието на Високиот евроазиски економски совет (ВЕЕС). И двата во суштина редовни настани добија голема политичка важност поради надворешниот контекст. Финансиската криза во Русија, затегнатоста на односите со САД и ЕУ, заострувањето на ситуацијата на Јужен Кавказ и во Авганистан побараа реакција од евроазиските држави и станаа проверка за цврстината на нивниот сојуз.

Некои експерти почнаа да изразуваат загриженост дека интегративните проекти можат да забават или наполно да претрпат крах поради проблемите со кои се судира нивниот географски центар и иницијатор – Русија. 

Особено се проширија многу гласови дека во врска со наглиот пад на рубљата во декември Киргистан ќе се откаже од потпишување на договорот за присоединување на ЕАЕС што исто така требаше да се одржи во Москва на 23 декември. Меѓутоа тоа не се случи. Договорот беше потпишан на договорениот ден,  за што печатот го информираа претседателите на Русија и Киргистан. Другите земји-членки на ОДКБ и ЕАЕС исто така не демонстрираа во текот на московските средби каква било скепса во однос на интеграциските перспективи или желбата да се закочат истите во врска со последните настани. 

Русија се подготвува за хероинот од Авганистан
Експертите сметаат дека најопасните наркотици во моментов се хероинот од Авганистан и синтетичкиот канабис (таканаречен спајс) кој стигнува од различни земји.

Тешко е да се каже дали финансиските компликации на Русија и конфликтот со земјите од Западот доведоа до некаква неофицијална трговија и отстапки од страна на Москва пред сојузниците. Јасни знаци за такво нешто отсуствуваа, иако имаше гласови, како, впрочем, по секои вакви настани. Појавата на таква информација во печатот, особено емоционално ја отфрли претседателот на Белорусија Александар Лукашенко. 

Сепак пред учесниците на самитот стоеја посложени задачи од јавната демонстрација на единство. Пред сè, ова се однесуваше на кризата во Авганистан, каде како последица на повлекувањето на странските војски ситуацијата стана сложена. Експертите на ОДКБ традиционално искажуваат песимистички прогнози за развојот на ситуацијата во републиката, плашејќи се дека Кабул нема да успее да ја задржи ситуацијата под контрола и вооруженото насилство ќе се прелее на територијата на земјите од ЗНД. Во текот на билатералните консултации меѓу Русија и Таџикистан по линија на ОДКБ во Москва министерот за одбрана Сергеј Шојгу ги повика колегите да се подготвуваат за сите варијанти за развој на ситуацијата во земјата, вклучувајќи ги и најлошите. 

Во рамките на московскиот самит земјите од ОДКБ одобрија неколку документи за формирање заедничка воена група во случај на навлегување на вооружени одреди екстремисти од страна на Авганистан. Беа донесени одлуки за формирање заеднички сили за брза реакција на Централноазскиот регион и колективни авијатички сили, кои треба да почнат да дејствуваат максимално брзо во случај на настанување на директна закана по земјите од ОДКБ од соседна територија. 

Покрај тоа, на самитот се дискутираше и за проблемот на учество на државјани на земјите-учеснички во конфликтите во Ирак и Авганистан на страна на вооружената опозиција. Особено на страната на авганистанските Талибанци се борат до 10 екстремистички групи од постсоветските простори. Исто така и еден број државјани на ЗНД учествува во терористичката активност на „Исламската држава“ и „Џабат-ан-Нусра“ во Ирак. 

Наведената појава создава двоен ризик. Екстремистичките организации во случај на локални воени успеси ќе можат да создадат безбедни позадини за извршување на терористички испади против разни земји во светот, вклучувајќи ги и постсоветските држави. Покрај тоа, дел од борците, минувајќи ја обуката во странство, можат да се вратат во татковината за продолжување на терористичката активност. Во врска со тоа во заедничката декларација земјите од ОДКБ истакнаа дека „ќе преземат координирани мерки во однос на лицата кои се враќаат на територијата на државите-членки на ОДКБ по учеството во вооружени конфликти на страната на меѓународни терористички организации“. 

Покрај авганистанскиот и ирачкиот конфликт, самитот на ОДКБ мораше да дискутира за кризните ситуации на постсоветскиот простор, вклучувајќи ја граѓанската војна во Украина и конфликтот во Нагорно Карабах што се заостри во 2014 година. 

Спроти московскиот самит во миротворна мисија Киев го посетија претседателот на Белорусија Александар Лукашенко и претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев. Според мислењето на експертите, основна цел на посетата беа дополнителните консултации спроти редовната средба во Минск на претставници на официјалната влада на Украина и на самопрогласените републики од Југоистокот. Во последно време кај многумина набљудувачи се јавија сомнежи дека Киев фактички оди на прекин на преговарачкиот процес и нова ескалација на конфликтот. 

На Русија и на НАТО им требаат правила за коегзистенција
„Руска реч на македонски“ замоли руски експерти да го коментираат исходот од состанокот на шефовите на МНР на земјите-членки на НАТО кој се одржа на 2 декември во Брисел.

Согласно декларацијата на Московскиот самит, ОДКБ се залага за „враќање на мирот во Украина“ по пат на политички дијалог и „воспоставување на преговарачки процес меѓу сите спротивставени страни“. Меѓутоа, директно миротворење на Русија, најзаинтересираната за решавање на конфликтот во пограничната територија, е невозможно, откако Киев многупати ја обвини Москва за поддршка на народната одбрана на Југоистокот и дури и за вооружена инвазија. Како резултат на тоа Астана и Минск настапуваат во улогата на неутрални посредници во украинскиот конфликт. Неопходно е да се напомни дека структурите на ОДКБ се покажаа добро во ова својство и при решавањето на пограничните конфликти меѓу Киргистан и Таџикистан во годината што си заминува. 

Не е помалку сложена ни ситуацијата во Нагорно Карабах, каде во конфликтот е непосредно вовлечена Ерменија, што ја прави положбата на ОДКБ во наведениов контекст сосема замрсена. Како резултат на тоа самитот се ограничи на повик до сите учесници во конфликтот да го продолжат дијалогот со посредство на Минската група на ОБСЕ, во чии копретседателски редови влегува претставник на Русија. 

На тој начин, ОДКБ, засега слободна од јасни внатрешни противречности, се судира со надворешните предизвици на кои треба да одговара и со мерки за колективна одбрана, и со развој на различни преговарачки формати при посредништво на структури и земји-членки на Организацијата. 

Никита Мендкович е експерт на Рускиот совет за меѓународни работи (РСМД).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња