Познати противниците на Русија во групната фаза на Купот на Конфедерациите

Фудбалската репрезентација на Русија ги дозна своите соперници во групната фаза од Купот на Конфедерациите 2017.

Ждребот се одржа во саботата во Казањ, Русија, пренесува „Лента.ру“.

Противници на Русите во групата А се репрезентациите на Нов Зеланд, Португалија и Мексико.

Во групата Б се најдоа Австраија, Чиле, Германија, и претставник од Африка, кој ќе биде определен подоцна.

Натпреварите ќе се одржат од 17 јуни до 2 јули 2017 година во четири руски градови: Казањ, Сочи, Санкт Петербург и Москва. Наградниот фонд на турнирот изнесува 20 милион долари.

Последниот носител на трофејот, репрезентацијата на Бразил, нема да учествува на турнирот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња