Источната политика сега е руска

Карикатура: Константин Малер

Карикатура: Константин Малер

Проектот Јужен тек е затворен. Владимир Путин го обелодени ова за време на државната посета на Турција, при што се договори за зголемување на испораките во оваа земја, и најави можност за испорака на гас на европскиот пазар преку неа.

Оваа одлука не може да се нарече сензација. Европската комисија активно го блокира рускиот почеток. ЕУ постојано зборува за политички закани што наводно ѝ ги носи гасот од Русија, и официјално објавува дека нејзина цел е намалување на зависноста од него. Економската ситуација во Русија е далеку од розова, не постојат средства за инвестиции, треба да се избираат приоритети. Цената на јаглеводородите  паѓаат. Во вакви услови би било многу чудно да се продолжи со пробивањето рокови за еден скап проект, со што би се ставила под сомнеж економската рентабилност, дури и при многу поповолна конјунктура. 

Јужен тек е наследство од втората половина на минатата и од почетокот на оваа декада. Тогаш во Русија се надеваа дека тесното партнерство со Европската Унија може да бидат кренати на ново ниво, заобиколувајќи ги (и во директна, и во преносна смила) политички чувствителните „средни“ страни. Пред сè Украина. 

Поскромно, но посигурно
Односите меѓу Русија и Европската Унија остануваат повеќе од затегнати, а зрак на надеж не се гледа. Очигледно е дека Брисел нема да ги укине санкциите – барем не во блиска иднина. Освен тоа, секое превирање на истокот на Украина сега, судејќи според сè, се интерпретира исклучително како вина на Москва и може да послужи како повод за идни мерки на одмазда.

На почетокот на минатата деценија постоеше сосема друга идеја: Украина да стане интегрален дел на системот за снабдување со гас на ЕУ, односно врз поинакви основи одново да се постави нитката што функционираше за време на СССР. Во 2002-2003 година беше разгледувана идејата за троен конзорциум Москва – Киев – Берлин, но таа остана нереализирана, најмногу поради позицијата на Украина. Потоа Киев влезе во период на мајданите, така што конструктивните разговори беа прекинати. 

Започна историјата за „тековите“ – Северен по дното на Балтичко море во Германија и Јужниот низ Црното море и југоистокот на Европа до Австрија и Италија. Во Москва претпоставуваа дека Европската Унија е заинтересирана за непрекинато снабдување со гас, а тоа значи дека треба да ја поздрави диверзификацијата на маршрутите. Сепак, политичките односи почнаа да одат во спротивна насока, темата за енергетиката стана дел од дискусиите кои не се посветени на економијата, туку на безбедноста. 

Северен тек профункционира благодарение на цврстата позиција на Германија, која сакаше да осигури во случај на проблеми со украинскиот транзит. Берлин има ресурси во Европската Унија, со цел да го надмине незадоволството на балтичките земји, Полска и на Скандинавија. Згора на тоа помеѓу Русија и Германија во „текот“ не постојат копнени транзитери. Главен лобист за јужниот правец беше Австрија, но сепак таа немаше доволно административни ресурси. Згора на тоа и политичката конјунктура заслабна поради новата украинска криза. 

Но, она што е најважно е дека настаните од 2014 година станаа катализатор за општа ревизија на приоритетите на Русија. „Стратешкото партнерство“ со Европската Унија почна да се топи пред очи поради наглото разидување на погледите во врска со политиката во однос на „средните“ земји. Брановите на заемна нетрпеливост, меѓу кои и во вид на санкции, ја поткопа и економската соработка, за која се чинеше дека не постои алтернатива. 

Основите на европскиот правец на испорака беа поставени со спогодби од шеесеттите години на минатиот век, а потоа беа значително проширени во седумдесеттите и во осумдесеттите години. Ова долгорочно го определи векторот на геополитичките односи. „Источната политика“ (квалитативно подобрување на односите на ФРГ со Советскиот Сојуз и со социјалистичките земји), што ја започна канцеларот Вили Бранд во шеесеттите години од минатиот век, исто така се потпираа, меѓу другото, на овој фактор. Економијата на Западна Германија (а потоа и на единствената Германија) бараше цврсти позиции на источните пазари.

Кој настрада од откажувањето од Јужен тек
Русија ја прекина изградбата на гасоводот Јужен тек поради позицијата на Бугарија. Според оценката на експертите, една од причините за откажувањето од проектот можеби е и неговото нагло поскапување. Во секој случај Бугарија ќе ги изгуби средствата од транзитот на гасот на својата територија, германските, јапонските и италијанските компании нема да добијат средства за склучените договори, а самиот гасовод ќе биде пренасочен преку Турција.

Германија и Италија, адресатите на „тековите“ се наоѓаа на почетокот на тесната заемна зависност од нафта и гас меѓу СССР/Русија и Европа. По речиси половина век фактички беше започнат обидот за повторување на истиот модел на нова историска етапа, но тој не успеа. Пред 40 години (епохата на арапско-израелските војни) сибирската суровина за Европа беше начин да се намали зависноста од политички сомнителните испорачатели од Блискиот Исток. Сега Стариот Свет го смета за опасен рускиот увоз. Колку е тоа праведно е одделно прашање, но очигледно е дека приказната околу Украина одигра крајно негативна улога. 

Односите помеѓу Русија и ЕУ нагло се заладуваат. Како последица на тоа започнува нова „Источна политика“, овој пат иницијативата доаѓа од Москва. 

Германија, од своја страна, ја преиспитува „Источната политика“. За тоа постојат неколку причини: од постепено менување на енергетскиот баланс кон поголема диверзификација до нова политичка самоперцепција како единствен европски лидер. Резултатот се гледа – односите помеѓу Русија и Германија, како и помеѓу Русија и ЕУ, нагло заладуваат. Како последица на тоа започнува нова „Источна политика“, овој пат по иницијатива на Москва и е насочена на истокот и на југоистокот од Русија. Серијата спогодби за гас со Кина, активизацијата во Азија, надежта на Турција како купувач и транзитер на руската суровина, енергетската зделка со Иран... 

Курсот кој се менува е способен да ги предодреди геополитичките параметри за период кој не е помал од оној од одлуките во шеесеттите и во седумдесеттите години од минатиот век. Само по себе се разбира дека ваквата политика нема да биде едноставна, работата со новите партнери не е полесна одошто со старите, постојат големи и понекогаш ризични влогови. Згора на тоа, Русија со Европа, секако, не ги поништува веќе склучените договори кои ги има за десет години однапред. Сепак враќањето на исток во векот на Азија, пренесувајќи го таму основното внимание е појава која е сосема сфатлива и неизбежна. Уште повеќе кога Западот самиот турка кон тоа. 

Авторот е претседател на президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња