Карикатура: Алексеј Иорш
Терористическата организација „Исламска држава“ продолжува да ги зазема не само деловите од Сирија и Ирак, туку и насловните страници на светските медиуми. Рушењето градови, физичката елиминација на христијаните и Курдите, воведување на варварски средновековни закони на освоените територии – сите овие зла ги донесе групацијата на Блискиот Исток. Гледајќи го сето тоа на телевизиските екрани и на страниците на весниците, обичните западни граѓани бараат од своите влади да ја уништат ИД и да донесат макар и трошка мир во регионот. Лидерите на САД и Европа ги слушаат овие гледишта и разработуваат планови кои сега се потребни за конечен пораз на ИД преку копнена операција, зашто сфаќаат дека доколку не ги запрат терористите на Блискиот Исток, тогаш тие ќе им создадат сериозни проблеми на нивните сопствени држави. Меѓутоа, гласот на Русија звучи одделно - Москва бара да се спроведе операцијата или преку санкции на Советот за Безбедност на ООН, или со согласност на сириската влада. Ваквата позиција предизвикува критика на западната заедница, некои дури и изјавуваат дека Русија ја потценува заканата што потекнува од ИД. Реално ова воопшто не е точно – предизвиците кои ИД ги претставува за безбедноста на Русија не се помали, односно се поопасни од предизвиците кои потекнуваат за земјите од Западна Европа.
Од гледиште на директна закана од ширење на исламизмот, ситуацијата за Русија изгледа малку поповолна отколку за Европа. Да, во Русија живеат речиси 10 милиони муслимани. Да, според различни оценки неколку стотици до неколку илјади руски муслимани „стажираат“ во редовите на ИД и по завршувањето на војната можат да се вратат и да се обидат да организираат џихад дома. Некои претставници на ИД веќе јавно се закануваат дека по Сирија ќе се упатат „да ја ослободат“ Чеченија од руска власт.
Меѓутоа, како прво, во Русија најмалку работи котелот. За разлика од Европа, во големите градови во централниот регион на земјата нема етнички гета, што значи дека нема ни поволна средина за ширење на радикални исламистички идеи. Како второ, во Русија ја нема онаа апсолутна толеранција која владее на Западот во однос на асоцијалните елементи и манифестациите на „култура на посебни народи“. Најпосле, како трето, за време на специјалните операции на Кавказ, руските специјални служби се стекнаа со непроценлио искуство од борбата против исламскиот радикализам. На тој начин, за разлика од Европа, каде во иднина враќањето на „џихад-стажантите“ од Сирија и Ирак може да повлече со себе немири од голем размер меѓу имигрантската заедница, во Русија тие можат да се закануваат само со одвоени терористички напади.
Сепак за далеку посериозна во Москва ја сметаат индиректната закана. Јужно од Русија се наоѓаат пет големи исламски средноазиски држави - Таџикистан, Узбекистан, Казахстан, Киргизија и Туркменистан - и уште една на Јужен Кавказ (Азербејџан). Вкупно речиси 65 милиони муслимани кои воопшто не живеат во услови на демократија и почитување на граѓанските слободи. И ако во некои од овие земји (Туркменија, Азербејџан, Казахстан) на властите им успева да го ублажат незадоволството на населението од авторитаризмот со пораст на благосостојбата, во останатите три економската ситуација е далеку од идеална. Населението сака социјална правда, и доколку лидерите на овие земји го исчистат целиот политички терен од светските конкуренти, луѓето ќе се свртат кон единствената алтернатива – политичкиот ислам. Во Узбекистан, Таџикистан, Киргизија постои многу силно терористичко подземје и стотици негови претставници сега војуваат во редовите на ИД. Откако ќе се здобијат со сериозно практично искуство и откако ќе се вратат дома, тие само ќе го зајакнат радикалното расположение во општеството и во случај на некакви сериозни потреси можат да ја дестабилизираат ситуацијата во низа земји. За Русија ова е најсериозна закана, затоа што таа има отворена граница со овие земји, и стотици илјади доселеници од Узбекистан, Киргизија и Таџикистан работат во руските градови и слободно се движат на руска територија.
Одбивањето на на руското раководство да ја поддржи идејата за нелегитимна копнена операција во Сирија е поврзана пред сѐ со тоа што Москва не сака да решава едни проблеми со заострување на други. Во Кремљ се свесни дека копнена инвазија од Турција или САД врз Сирија може со голем процент на веројатност да доведе до обид паралелно со ликвидацијата на ИД да се собори и режимот на Башар Ал-Асад. Преврат во Дамаск не само што ќе ја лиши Москва од сојузник и ќе ја претвори Сирија во расадник на исламизмот на целиот Блиски Исток, туку може од своја страна да предизвика вистинска глобална војна во регионот со учество на Иран, САД, Израел, Турција и Саудиска Арабија. Наспроти раширеното мислење дека таква војна е профитабилна за Русија (бидејќи ќе ја покачи цената на нафтата), очигледно е дека како последица од неа ќе настане сериозна глобална економска криза, како и дестабилизација на ситуацијата на Јужен Кавказ и во Средна Азија. За нивно оперативно решавање Русија, зафатена со украинскиот проблем, може од баналност да нема доволно ресурси.
Геворг Мирзајан е научен соработник на Институтот за САД и Канада на РАН.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче