Зошто „цивилизираниот свет“ не ја гледа граѓанската војна во Украина

Карикатура: Константин Малер

Карикатура: Константин Малер

Со започнувањето на украинската криза кон крајот на минатата година започна и извесна медиумска борба помеѓу Западот и Русија. Најпрво таа се засновуваше на прикажување или неприкажување, на објавување или на необјавување на некои детали, а исто така и истакнување на определени постапки на извесни личности кои доаѓаа од Западот и со тоа вршеа влијание не само врз народот на Украина, туку и врз целокупната светска популација

На почетокот ова изгледаше сосема невино и безболно, изјавите што се даваа можеа да се протолкуваат како недоволно разбирање на она што се случува, а прикривањето информации како пропуст кој бил ненамерен. Тогаш сите, вклучувајќи ги и новинарите, политичарите, аналитичарите, мислеа дека сета „мешаница“ ќе остане на тоа ниво и дека ситуацијата по мирен пат ќе се разреши. 

Западот му се потсмева на рускиот конвој, а свој не испраќа
Најпрво тоа беше „воен конвој“, итар трик на Путин кој на Кремљ треба да му обезбеди повод за испраќање руски трупи во Украина. Сега е тоа „Потемкинов конвој“, односно колона камиони тешки по неколку тони во кои за сиромашните се носат по две-три кутии хуманитарна помош.

Власта во Украина беше сменета, секако по насилен пат, што не беше зачудувачки за оваа источноевропска земја. Откако Украина стана независна држава, од време на време ќе се случи по некој „преврат“, како што беше случајот во 2004 година со Портокаловата револуција со доаѓањето на власт на двоецот Јушченко-Тимошенко,страстите ќе се смират и државата ќе продолжи да функционира на истиот начин на кој функционирала дотогаш. Се излажавме дека истото ќе се случи и сега. Но, вознемирувачките вести дојдоа токму од новоизбраните. Нивната замисла за укинување на рускиот јазик како официјален беше капката што ја прелеа чашата, па дел од населението, реши дека повеќе нема да ги трпи „игрите“ на власта. На тој начин започна мешаницата. Крим по одржаниот референдум, на кој 98% од гласачите се изјаснија за независност, се оддели од Украина и влезе во состав на Руската Федерација. Потоа следуваа нови референдуми во Донецката и во Луганската област. Откако новата украинска власт изрази незадоволство во врска со резултатите од референдумот (како што е познато огромно мнозинство од овие области се изјасни за отцепување од Украина), реши дека е време за насилно запирање на легитимните демократски процеси, кои сами по себе претставуваат основа на демократијата. 

Секако, тука не треба да се заборави и тапкањето по рамо отстрана. Многу политичари од Западна Европа и од САД ги уверуваа новите украински власти дека само со цврста рака, а не со дијалог може да се дојде до посакуваниот резултат. За нив (за Западот) ова значеше Украина која би била под нивна целосна контрола, источноевропска земја која граничи со Руската Федерација и која со неа има исконски и нераскинливи врски. Ова за Западот беше можност од Украина да се создаде марионета која ќе игра пред Русија според нивното сценарио. Сосема извесно е дека Украина за Западот, особено за САД, би можела да претставува определена преодна форма, мост кој ќе ги разединува, но кој во исто време и ќе ги поврзува западните „демократии“ со руската „диктатура“. 

Според балканскиот шаблон
Инцидентот со малезискиот Боинг 777 е реализиран според моделот кој беше применет за време на конфликтот во Југославија во деведесеттите години од минатиот век.

Со оглед на тоа дека какви било други дејствија би претставувале пораз за нивниот план, западните партнери решија да се спротивстават со силна, агресивна и безмилосна медиумска војна. За да ја затскријат граѓанската војна, која полека, но сигурно почнуваше да се шири низ Украина, западните медиуми најпрво се обидоа да ја обвинат Русија, набедувајќи ја дека всушност таа со нејзините војници ги прави нередите на истокот од земјата, дека руски трупи се наоѓаат во борбена готовност на границата, дека Москва испраќа техника и оружје за проруските активисти. Кога овие информации ќе се соберат на куп, ми доаѓа да кажам: решете се, ве молам, за една од варијантите, оти сево ова заедно изгледа многу смешно, многу наивно, како во приказна. 

Кога човек ќе размисли со здрав разум, би се прашал дали истиот оној Запад, а ова особено се однесува на САД, би седел со скрстени раце додека руската војска прави што сака во и со Украина? Зарем „заштитниците“ на демократијата на Украина би дозволиле некој туку-така да си игра со нивната „поќеркима“? И токму тука се урива целата приказна, токму на ова место се гледа провидноста на тезата дека Русија стои зад немирите во Украина, дека Путин ги охрабрува и му помага на населениот од истокот на државата, дека Москва има намера или да ја добие или целосно да го разурне својот сосед. 

Кампањата продолжи и со уривањето на Боингот 777 на територијата на Украина. Уште пред воопшто да излезат на терен експертите, САД ја обвинија Русија за овој трагичен настан. Со сите фанфари излегоа да го кажат своето гледиште. Но, внимавајте, тоа и до денешен ден останува само и единствено гледиште, без никаков доказ, без никаква поткрепа за искажаното. 

Овој медиумски атак продолжува и ќе продолжи и понатаму. Западните медиуми освен што ги пласираат ваквите информации во своите држави, тие со истите ги снабдуваат и останатите земји, кои ги користат нивните тикери, нивните новински агенции, а исто така и социјалните мрежи, како единствен извор. Нивната единствена цел не е само да се обвинат Русија и Путин за она што се случува во Украина, туку, што е многу пострашно и многу поподмолно, да се скријат информациите дека во земјата се случува граѓанска војна. Тоа е иста онаква граѓанска војна каква што ја имавме на Косово, истата граѓанска војна што ја имаме во неколку арапски држави, тоа е онаа војна, за која, повторно, се поставуваат двојни стандарди. Кога на почетокот се правеше споредба помеѓу она што се случува во Украина и она што се случуваше на Косово, многумина разликата ја гледаа во жртвите. Дури и тогаш беше поставувано прашањето: колку загинати се потребни за ситуацијата да биде иста и дали навистина тоа е потребно? Еве, денес имам стотици загинати и повторно се провлекува старата приказна за вината на Русија и на Путин. 

Но, приказната не завршува тука. Во секоја праведна војна на нападот се одговара со контранапад. Во оваа, медиумската, започнаа да стасуваат информации и од местото на случувањата, се прават снимки, репортажи, се известува. Но, тоа се руски информации. Немајќи како да се борат со очигледните факти (луѓето не се слепи за да не ги гледаат снимките), на овие информации им беше залепена етикета – Путинова пропаганда. Затоа и новинарите, кои се раководат според сите стандарди, во западните медиуми почнаа да бидат расчеречувани, да ги нарекуваат лажговци, пропагандисти, едноставно почнаа да ги плукаат. Сега започнува нова војна, војна во која треба да се дискредитираат оние што им нудат на граѓаните проверени и вистинити информации, војна во која луѓето треба слепо да му веруваат само на еден. Сега треба да се увери целиот свет дека белото е црно и сите заедно да кимаме со главите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња