Што се крие зад приклучувањето на Украина во ЕУ?

Карикатура: Константин Малер

Карикатура: Константин Малер

Претседателот на Украина Петро Порошенко кон крајот на јуни ја потпиша Спогодбата за асоцијација со ЕУ. За оваа одлука постои објаснување и тоа се гледа доколку подобро се загледаме во клопчето на интереси а САД, ЕУ, Русија и на самата Украина.

За да сфатиме какви последици треба да очекуваат Украина, ЕУ, Русија и САД треба да ги анализираме целите и очекувањата на секоја од страните. 

САД се глобален играч кој претендира на пресудно влијание во меѓународните проекти на секое ниво – од глобално до регионално (внатреконтинентално). Европската Унија и Русија се играчи на интерконтинентално ниво, за кои пресудно значење имаат евроафриканските (за ЕУ) и евроазиските (за Русија) проекти. Украина е внатреевропски регионален играч, кој своето меѓународно значење може да го зголеми со влегување во проекти со некој глобален или интерконтинентален играч.

Европските работници, и покрај силната синдикална организација и улогата на социјалдемократските партии, нема да можат да инсистираат на зголемување на платата во услови на конкуренција од страна на евтината работна сила од Украина. 

Географската положба на Украина помеѓу ЕУ и Русија го ограничува нејзиниот избор во поглед на меѓународната европска соработка на три варијанти: само со ЕУ, само со Русија или со ЕУ и Русија. Распоредот на надворешнотрговската размена покажува дека е воспоставена фактичка рамнотежа меѓу двата правци на надворешни врски на Украина: стоковната размена со ЕУ изнесува 35-40 милијарди долари, а со Русија и другите земји на Царинската унија (Белорусија, Казахстан) таа изнесува 50-60 милијарди долари. Притоа во земјите на Царинската унија (ЦУ) Украина извезува високотехнолошка стока (машини, мотори, опрема), а во земјите на ЕУ полуфабрикати (црни метали, нафтени деривати, житарки) и суровина (руда и друго). Исто така треба да се земе предвид дека земјите на ЦУ имаат побрз економски развој од ЕУ и дека побарувачката на украинските производи расте со новата индустријализација, која се спроведува во овие земји.

Затоа е логично да се претпостави дека природните економски интереси на Украина лежат во тоа таа истовремено да соработува со ЕУ и со ЦУ, со тенденција за постепено префрлање на тежиштето на економската активност кон земјите на ЦУ. Во тој случај може да се постигне побрз економски раст и вработување на населението, како и зголемување на депонираните резерви на злато и девизни резерви. Но, политичкиот избор на Украина и потпишувањето на Спогодбата за асоцијација со ЕУ директно укажуваат на спротивната одлука. Потпишувајќи ја одлуката за економско придружување со ЕУ, Украина избра соработка со европската економија која постојано слабее, како и ориентација кон експлоатација и извоз на суровина! 

Што доведе до оваа одлука 

Излегува дека Украина има донесено одлука која е во спротивност со своите национални економски интереси. Можеме да издвоиме три најважни причини за ваквиот потег. 

Крај на „седењето на повеќе столови“
Територијата на поранешниот Советски Сојуз влезе во нова фаза на самоопределување. Потпишувањето спогодба за основање на Евроазиската економска унија, настаните во Украина предизвикани од конфликтот поради спогодбата за придружување кон ЕУ, конечното потпишување на овој договор меѓу Европската Унија и Молдавија, Грузија и веќе споменатата Украина, немирите во Абхазија – сето тоа се делови од мозаикот што ја сочинуваат новонастанатата геополитичка ситуација. Што може сега да се каже за геополитиката на територијата на поранешната советска суперсила?

Првата причина се интересите на глобалниот играч – САД. Приклучувањето на Украина кон ЕУ овозможува користење правни ограничувања и обврски, кои се дел од Спогодбата за асоцијација, поради остварување бројни цели не само на ЕУ, туку и на САД. 

Како прво, значајно ќе опадне испораката на високотехнолошката роба кон земјите на ЦУ, што неизбежно ќе доведе до слабеење на воениот потенцијал на Русија во следните години. Како второ, ќе се отвори нов пазар за пласман на американското вооружување во Украина. Како трето, ќе се појави можност за дестабилизација на испораката на гас во Европа и ќе се создадат услови американските компании да започнат експлоатација на гас од маслени шкрилци во Украина. И како четврто, ќе продолжи забавувањето на економскиот раст во ЕУ како главен глобален конкурент на САД, зашто силите на ЕУ ќе бидат насочени кон модернизација на стопанството во Украина (до истото забавување на растот на стопанството на Германија дојде за време на модернизацијата на Источна Германија). 

Втората причина лежи во интересите на ЕУ. Приклучувањето на европската стока во целост ќе ѝ го отвори украинскиот пазар, цената на работната сила во Европа ќе продолжи да паѓа поради евтината работна сила од Украина, Европа ќе го подобри своето снабдување со ресурси и ќе им се приближи на главните региони за експлоатација на нафта и гас, ќе ја прошири зоната на еврото. На овој начин европското стопанство ќе добие повеќе плусови, одошто минуси. Главни недостатоци ќе се појават на пазарот на труд за европските работници, кои, и покрај силната синдикална организација и улогата на социјалдемократските партии, нема да можат да инсистираат на зголемување на платата во услови на конкуренција од страна на евтината работна сила од Украина. 

Како што гледам, интересите на САД и на ЕУ во извесна мера се поклопуваат, што прави сојуз на глобален и интерконтинентален играч во овој проект. 

Третата причина се состои во тоа што во украинското општество е распространет митот за нагло зголемување на животниот стандард во случај на приклучување кон ЕУ, со што се обезбедува поддршка на за оние политички лидери кои ќе ветат забрзана интеграција на Украина во ЕУ. 

Последици за Русија 

Русија го губи снабдувачот на значајна високотехнолошка стока која нема да може во целост да биде надоместена од домашните производители, што ќе го намали одбранбениот потенцијал на земјата. Расте можноста за бесцарински увоз на европски производи преку територијата на Украина. Сево ова ќе доведе до сериозни негативни последици за економската состојба на Русија. 

Апсолутен победник во процесот на приклучување на Украина во ЕУ се САД. Делумен добитник е ЕУ. Делумен губитник е Украина, која ќе го изгуби својот машински сектор и источните пазари за пласман на стока. Русија нема никаква добивка од ова придружување. Токму затоа таа беше против асоцијацијата на Украина во ЕУ. Но, последниот збор во овој процес не е кажан и продолжението на борбата ќе го видиме набргу. 

Алексеј Скопин е професор и директор на Меѓународниот институт за територијален развој (МИРТ).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија