Папата Франциск: Русија може многу да му даде на светот

Папа Францеск смета дека Русија „може многу да му даде на светот. Тој исто така истакна дека се радува на помирувањето на православната и католичката црква, пишува „Кориере дела Сера“.

„Многу сум среќен“, беше коментарот на папата Франциск по повод помирувањето на католичката и православната црква, пишува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.   

„Мостовите треба да се градат. Чекор по чекор, сѐ додека не успееме да им ја стиснеме раката на они кои стојат на другата страна. Мостовите се градат долго и помагаат да се постигне мир. А ѕидовите не. Се чини дека нѐ штитат, а фактички само нѐ раздвојуваат. Затоа треба да се рушат а не да се градат“, изјави папата.

Тој истакна дека „мостот“ меѓу католиците и православните стана плод на „стратегијата на трпелив дијалог“. Папата истакнува дека Русија има „царска крв“ и дека таа „може многу да му даде на светот“.

Истовремено папата Франциск изјави дека „арапската пролет“ во сите земји беа „ризичен потфат“ на Западот и сега поради тоа ќе мора скапо да плати. „Можеше веднаш да се сетат до што ќе доведе „арапската пролет“ и војната во Ирак. И тука Светата Столица и Русија делумно се согласија во анализата на настаните“, потенцираше поглаварот на римокатоличката црква.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња