Русија избра партнери за новата рејтинг-агенција

Партнерите ќе ја позиционираат новата рејтинг-агенција како „агенција надвор од политиката“. Извор: ИТАР-ТАСС

Партнерите ќе ја позиционираат новата рејтинг-агенција како „агенција надвор од политиката“. Извор: ИТАР-ТАСС

Русија ќе формира рејтинг-агенција со кинеската „Dagong Global Credit Rating Co“ и со американската „Egan-Jones Ratings“. Ова го изјави министерот за финансии Антон Силуанов. Новата агенција ќе биде конкуренција на американската „голема тројка“, чие влијание, според експертите, стана премногу големо и им дава можност да манипулираат со јавното мислење по пат на зголемување или на намалување на кредитниот рејтинг на определени држави.

Новата рејтинг-агенција која е подготвена да биде конкуренција на агенциите „Moody`s“, „Fitch“ и „Standard & Poor`s“, ќе биде формирана врз основа на „Universal Credit Rating Group“, заедничко претпријатие на руската агенција „RusRating“, на кинеската агенција „Dagong“ и американската агенција „Egan Jones Ratings“. На тој начин Русија одби да ѝ се придружи на агенцијата „ARC Ratings“, која ги обединува петте национални рејтинг-агенции на Португалија, Индија, ЈАР, Малезија и Бразил. Според официјалната изјава на рускиот министер за финансии Антон Силуанов, новиот играч ќе ги користи оние инструменти и критериуми за процена на националните и регионалните инвестициски проекти што ги користат и активните рејтинг-агенции. 

Како што претходно во интервју за „Руска реч на македонски“ изјави генералниот директор на „RusRating“ Александар Зајцев, појавувањето на новиот играч не е непосредно поврзано со украинската криза или со руско-кинеската спогодба. „Првите знаци дека на полето на рејтингот постои потреба за модернизација се појавија многу пред настаните во Украина, односно во екот на светската финансиска криза од 2008 година, кога САД почнаа да ги банкротираат компаниите на кои агенциите на 'големата тројка' им дадоа највисоки оценки“, објаснува тој. 

БРИКС основа свој монетарен фонд
ММФ наскоро нема да биде единствената организација на светот која може да даде меѓународна финансиска помош. Земјите на БРИКС ќе основаат алтернативни институции: сопствен монетарен фонд, развојна банка и заеднички девизни резерви. Сето тоа би требало да им помогне на земјите од БРИКС постепено да воспостават соработка бес посредство на доларот.

Партнерите најпрво ќе ја позиционираат рејтинг-агенцијата како „агенција надвор од политиката“. „Влијанието на американските рејтинг-агенции врз формирањето на инвестициските портфолија е преголемо, така што им се нуди можност да манипулираат со јавното мислење по пат на зголемување или на намалување на кредитниот рејтинг“, објаснува Антон Сороко, аналитичар на инвестицискиот холдинг „ФИНАМ“. Според него, на лидерите за постигнување на поголема објективност им се потребни други меѓународни конкуренти, чиј рејтинг инвеститорите ќе можат да го проучат и да добијат алтернативен поглед на активата. Згора на тоа, понатамошната консолидација на ваквата агенција со американските агенции би можела да го донесе посакуваниот ефект – формирање обединети национални групи ослободени од политичкиот притисок, додава експертот. 

„Земајќи го предвид составот на учесниците, агенцијата веројатно ќе може да си обезбеди статус на 'аполитична' организација, што ќе ја зголеми заинтересираноста на меѓународните инвеститори за нејзината работа“, се согласува Вадим Ведерников, заменик-директор на секторот за аналитика и за управување со ризиците на компанијата „UFC IC“. Притоа, според него, фактот дека од руска страна учествува токму агенцијата „RusRating“ веројатно е условен од личноста на поранешниот директор на агенцијата Ричард Хејсворт и од неговите претходни договори за партнерство со кинеските и со американските колеги. 

Влијателни основачи 

Британскиот финансиски стручњак Ричард Хејсворт во 1996 година дојде на чело на руското претставништво на „Thomson Financial BankWatch“, една од најголемите меѓународни банкарски рејтинг-агенции, која подоцна беше купена од страна на агенцијата „Fitch“. Хејнсворт во 2001 година со поддршка а американската банка „Citibank“ ја основаше рејтинг-компанијата „Global Rating International Ltd“, во чии рамки истата година беше формирана агенцијата „RusRating“. Овој финансиски стручњак подоцна отвори вакви агенции и во други поранешни советски републики. Во текот на 2006 година во Казахстан ја основаше агенцијата „KzRating“, а во Ерменија „AmRating“. Сите агенции се национални рејтинг-агенции и влегуваат во групата „GlobalRating“. Според податоците од извори на „Руска реч на македонски“, Ричард Хејсворт е моментално еден од главните стручњаци за кредитни ризици во Русија Во 2004 година тој го иницираше формирањето на асоцијацијата на сертифицирани финансиски аналитичари во Русија (CFA Russia), и беше избран за нејзин претседател. Сепак, кон крајот на 2013 година Хејнсворт ја напушти компанијата „RusRating“, а стручњаците ова го поврзуваат со смената на сопственикот на агенцијата. 

Стручњаците истакнуваат дека токму кинеската рејтинг-агенција „Dagong Global Credit Rating“ е новиот сопственик на „RusRating“.  Токму тогаш врз основа на кинеската и на руската агенција, како и на американската агенција „Egan-Jones Ratings“, е формирано заедничко претпријатие – новата меѓународна агенција „Universal Credit Rating Group“. Инаку според податоците на рускиот весник „Комерсант“, главен бенефициент на агенцијата „RusRating“ не е кинеската компанија, туку рускиот градежен магнат и банкар Михаил Шишханов, внук на сопственикот на нафтената компанија „Руснефт“ Михаил Гуцериев (чиј имот „Форбс“ го проценува на 3.3 милијарди долари). Весникот истакнува дека токму влијанието на веројатните бенефициенти ја овозможило неопходната политичка поддршка на проектот за формирање нова рејтинг-агенција. 

Впрочем, според стручњаците, новата меѓународна агенција во секој случај ќе мора доста долго да гради соработка со меѓународните партнери за да може да ѝ конкурира на „големата тројка“(„Standard & Poor's“, „Fitch“ и „Moody's“). „За меѓународните рејтинг-агенции главна е репутацијата, која се гради со години, а агенциите 'Dagong Global' и 'RusRating ' се основани неодамна, па е сосема логично дека сите странски инвеститори не се подготвени да веруваат на нивните проценки“, вели аналитичарот на агенцијата „Инвесткафе“ Михаил Кузмин. Сепак, според него, доколку дојде до проширување на соработката помеѓу Русија и Кина, проценките на овие агенции на почетокот можат да се користат во заедничките руско-кинески проекти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња