„Беа тоа најдобрите и најлошите времиња...“

Илустрација: Константин Малер

Илустрација: Константин Малер

Изборот на воведната реченица од „Приказната за двата града“ на Чарлс Дикенс за слоган на годинашниов Санктпетербуршки меѓународен економски форум можеби е необичен, но секако ја одразува неизвесноста на сегашниот момент во Русија, но и надвор од нејзините граници. Форумот се организира во време кога за позицијата на Русија во меѓународната економска заедница поретко се зборува во пошироките кругови.

Геополитичките случувања во врска со кризата во Украина ќе ги одбележат разговорите и дебатите на претстојниот Санктпетербуршки меѓународен економски форум 2014. Актуелните настани на организаторите секако дека ќе им ја отежнат подготовката за собирот, но, од друга страна, сигурно ќе придонесат форумот да се одвива во динамична атмосфера. 

Во последниве неколку години Санктпетербуршки меѓународен економски форум прерасна во главна платформа на која Русија и останатиот свет ги градат темелите на своите економски односи. Форумот достигна мошне високо ниво: бројот на учесниците расте, особено на оние најугледните, додека агендата е значајно унапредена – не само во смисла на квалитетот и опсегот на темите, туку и во смисла на рангот на говорниците. Пофалба заслужуваат и организаторите на настаните, зашто тој во техничка и во логистичка смисла ги задоволува највисоките светски стандарди. Во секој поглед Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум претставува импресивен собир, зашто успева да ги собере најзначајните руски и странски лидери од доменот на политиката и на бизнисот. Многумина од нив секоја година задолжително го вклопуваат во својот распоред.  

За самиот Санктпетербуршки меѓународен економски форум 2014 од голема важност е прашањето Украина да не ги потисне во втор план останатите важни теми, кои се бројни и кои не се однесуваат само на Русија, туку и на светската економија.

Како што напредува руското стопанство, а неговата интеграција со светската економија се зајакнува, така расте и интересот за рускиот пазар, но и за улогата на Русија како економска сила. Следствено на тоа, Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум  добива на значење и на влијание во светските деловни кругови. Руската Федерација во претходната декада многу постигна на полето на модернизацијата на земјата и на стопанството, и верувам дека овој успех можеби најмногу се рефлектираше на самиот форум, кој исто така доживеа процут и стана место каде странските бизнисмени можат да ја видат и да ја запознаат Русија во ново светло – како земја која доживува економска и инвестициска експанзија. 

Иако Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум не е исклучиво свртен кон Русија (и самиот назив го вели тоа), се разбира дека настана од потребата земјата да заземе што подобра позиција на мапата на светската економија. Идејата беше форумот да стане платформа на која руската страна ќе може да ги изнесе своите ставови и истовремено да оствари успешни контакти со водечките личности од деловниот свет. 

Контроверзиите кои ја следат најавата за откажување на некои учесници се само доказ во колкава мера Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум се доживува како место на средба на значајни луѓе од политиката и од бизнисот, каде се донесуваат важни одлуки за темите и за трендовите од регионално и од глобално значење. Ваквата перцепција ја подобрува руската позиција во светските економски рамки и ѝ помага полесно да оствари посилни стопански врски со соседите и со најразвиените светски држави. 

Цврстите економски врски и порастот на трговската размена се повеќекратно се корисни. Сè поинтензивната стопанска интеграција на европските земји во претходните 70 години сигурно беше одлучувачки фактор во надминувањето на претходните судири на континентот. Верувам дека деловната соработка може да одигра значајна улога во развој на регионалните и на глобалните политички случувања, придонесувајќи за стабилноста на економијата и за подобрување на меѓудржавните политички односи. Ова поединечно создава услови за општ напредок преку зголемување на инвестициите, порастот на стопанските активности, а обезбедува и повисок животен стандард. Потстрек за создавање поцврсти врски, без сомнение, е еден од клучните елементи на мисијата на форумот. 

Како и секоја година, ќе биде интересно да се сретнат колегите од сиот свет во Санкт Петербург и да се дознае нивното видување за непосредната иднина. Иако не е официјално во агендата, прашањето за Украина сигурно ќе биде разгледано, и позитивно е тоа што оваа угледна публика ќе има можност да ги изнесе ставовите околу настанатата комплексна ситуација. Добро е што и ние од деловните кругови можеме конструктивно да влијаеме на процесите што се однесуваат на Украина. Сметам дека слабото украинско стопанство не е во интерес на Русија. Згора на тоа, мислам дека и самата Руска Федерација има искусено определени проблеми од причина што економијата на нејзиниот западен сосед со години бележи лоши резултати. Ако Украина од актуелната криза излезе како стабилна и просперитетна држава, со подобра влада и со реални изгледи за одржлив економски раст, тоа ќе биде полезно не само за самата земја, туку и за Русија, како нејзин голем трговски партнер и сосед.  

Во последниве неколку години Санктпетербуршки меѓународен економски форум прерасна во главна платформа на која Русија и останатиот свет ги градат темелите на своите економски односи. 

За самиот Санктпетербуршки меѓународен економски форум 2014 од голема важност е прашањето Украина да не ги потисне во втор план останатите важни теми, кои се бројни и кои не се однесуваат само на Русија, туку и на светската економија. Како што беше претходно кажано, квалитетот на овој собир лежи и во разновидноста на темите околу кои се водат полемиките. Учесниците на годинашниов форум повторно ќе се најдат пред тешка задача, односно ќе треба да направат избор од понудените панел-дискусии и предавања. 

Многу сум среќен што ќе учествувам на неколку сесии оваа година, особено се радувам на оние каде клучна тема ќе бидат талентираните поединци. Една од дебатите ќе биде посветена на плановите за унапредување на универзитетскиот систем во Русија и на значењето на квалитетните кадри за успешното работење. Сметам дека со светската економија во 21 век ќе доминираат два фактори – технолошкиот развој, а исто така и борбата за талентирани луѓе што ќе се одвива на глобално ниво. Успешните држави, градови и компании ќе имаат на располагање висококвалификувана работна сила која ќе создава додадена вредност и иновациски идеи, производи и услуги. Еден пресудните фактори за формирање на центар за економски просперитет ќе биде конкурентноста во сферата на образованието. 

Ова е, секако, мој личен став, и со нетрпение очекувам да ги слушнам мислењата на другите учесници на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум. 

Дејвид Греј е раководечки партнер на PwC во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња