Во Нижни Новгород ќе се произведуваат авиони Ил-114

Првиот авион Ил-114 во фабриката во Нижни Новгород ќе биде завршен во 2019 година.

Руската влада ја дефинира платформата за производство на турбомлазниот авион Иљушин Ил-114. Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин изјави дека проектот вреден 35 милијарди рубли ќе биде реализиран во фабриката за производство на авиони „Сокол” во Нижни Новгород, која е дел од Обединетата корпорација за производство на авиони. Капацитетот на фабриката се проценува на 18 авиони годишно, а првиот пробен модел треба да се појави во 2019 година, пренесува „Комерсант”. 

Авионот Ил-114 со два мотори за превоз на 64 патници и со можност за прелет на 1500 километри е проектиран во 80-те години од минатиот век. Во советско време беше произведуван во фабриката во Ташкент. Првиот пробен лет беше изведен во 1990 година. До 2012 година беа произведени 17 авиони од кои повеќето не се во употреба.   

Сферата на примена на новите авиони ќе бидат специјалните системи врз база на Ил-114, како и цивилната примена, помеѓу другото, ќе бидат користени од Министерството за вонредни состојби, а можеби ќе биде прилагоден и за употреба на Арктикот. Корпорацијата притоа очекува дека за овој модел ќе се заинтересираат и странските пазари. Според планот, до 2025 година треба да бидат испорачани 24 вакви авиони.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња