Сириска криза – роман со непредвидлив крај

Карикатура: Константин Малер

Карикатура: Константин Малер

Експертот Фјодор Лукјанов говори за своето гледиште околу конференцијата Женева-2 и тоа во еден поширок, геополитички контекст.

Конференцијата Женева-2 е најинтересниот настан во областа на дипломатијата од времето на студената војна. Од една страна, примерите на соработка на големите земји, пред сè на Русија и на САД, кои, секоја од свои причини, сакаат да го расчистат регионалниот конфликт. Од друга страна тоа е „голема игра“ во која сите учесници се плашат некаде нешто да не предвидат или да пропуштат. И сево ова се случува во услови на непредвидливост не само на резултатот, туку и на самиот процес – до последниот ден беше нејасен кругот на учесниците. Како одлучувачка противтежа се појави Техеран. 

Уништувањето на сириското хемиско оружје е тешка задача
Нобеловецот Ахмет Изимци кој е и претседател на Организацијата за забрана на хемиското оружје зборува за Нобеловата награда и за предизвиците во уништувањето на хемиското оружје.

Двата процеси – сириското регулирање и работата во врска сo разрешувањето на иранскиот нуклеарен проблем – речиси се слија во едно. Сириската колизија силно ги зближи Русија и Иран. Пред неа во Иран постоеше мислење дека Русија, секако, не сака да ја следи западната политика и оти на секој можен начин ѝ се спротивставува, но никогаш не оди до крај, во решавачкиот момент отстапува, за да не се скара со Соединетите Американски Држави. Неотстапната и непроменливата линија на Москва која ја има веќе три години во врска со сириското прашање за Техеран стана пријатно изненадување. 

Принципиелноста на Москва и на Техеран во однос на тоа дека насилната смена на власта во Дамаск е недопустлива е предизвикана од различни причини. За Иран ова е прашање на регионалната распределба на силите и на сопствената безбедност, за Русија – отстапување од определени принципи на меѓународното устројство и неприфаќање на актите на притисок од страна на САД. Сепак, совпаѓањето на целите е очигледно. 

Од гледна точка на Русија и на Иран секој резултат од Женева-2, доколку воопшто го има, ќе биде успех. До неодамна најпопуларна гледна точка во светот беше дека режимот на Башар ал Асад каде и да е ќе се распадне. Сега, пак, опонентите на официјален Дамаск со тешко срце се принудени да разговараат со него, а и тешко е да се каже чии позиции се посилни. Од моментот кога во мај минатата година Сергеј Лавров и Џон Кери се договорија да работат заедно на Женева-2, содржината на конференцијата се измени. Сега, фактички, станува збор за тоа да се определи кругот на сили кои се подготвени да ја разгледуваат иднината на единствената Сирија. Секако дека радикалните исламски групи не се заинтересирани за тоа, од владината страна исто така постојат сили кои сметаат само на воена победа. Успех за првата етапа на Женева-2 би било доколку би се појавиле учесници во дијалогот. Понатаму ќе треба да се определи за што ќе зборуваат тие. 

Прашањето за тоа да се повика или да не се повика Иран на конференцијата го одразува фактот дека сириското прашање не е единствено. Доколку се зборува за Сирија, тогаш е апсурдно поставувањето на прашањето дека земјата која има максимално влијание на ситуацијата во Сирија, не треба да присуствува на преговорите. Во тој случај преговори може и да не се одржуваат. Но, секако, не е во прашање Сирија, туку односот на САД со Иран. Обидот на администрацијата на Обама квалитативно да ги измени наиде на спротивставување и внатре во САД и, секако, меѓу американските сојузници на Блискиот Исток. Сепак ползата од излегувањето од многугодишниот ќор-сокак е голема, нивото на заемната доверба е крајно нискo, и Вашингтон многу се плаши да не утне. 

Русија може да се потпре на сириското граѓанско општество
Во ексклузивно интервју за „Руска реч“ претставничката на таканаречената умерена сириска опозиција зборува за руско-американскиот план за сириското хемиско оружје, за тоа дали сирискиот народ доволно се прашува што сака и дали е можно решавање на сириската криза без поддршка на една од страните во конфликтот.

Во Москва се претпоставува дека настаните на Блискиот Исток неизбежно водат кон засилување на Иран. И менувањето на американскиот курс не е случајност, туку е признание имено на тој факт. Затоа цврстите односи со една од највлијателните земји во регионот која може да проектира сила во Централна Азија и на Јужен Кавказ, се особено важни. Освен тоа мошне е добро, па дури и неопходно, однапред да се зацврстат своите позиции на иранскиот пазар, каде во случај на успешно помирување ќе се затрчаат компаниите од САД и од Европа. Оттука и разговорите за можна крупна зделка – иранска нафта за Русија како замена за машински производи. Нејзе никој не ја потврдил, но во општ контекст ваквиот договор би бил сосема логичен. 

Ова секако предизвикува остро незадоволство кај Вашингтон кој тврди дека дејствијата на Русија ги подриваат напорите за решавање на иранскиот проблем, зашто, демек, се намалува степенот на притисок врз Техеран. Всушност се чувствува сосема друга загриженост – дека од „одмрзнувањето“ меѓу САД и Иран ќе добие имено Москва. 

Од руска гледна точка нема ништо специјално американско во обидите за договор со Иран. Москва тргнува од фактот што Русија и Соединетите Американски Држави не се сојузници, и затоа нема да се објаснуваат во врска со тоа дека не треба да ги жртвуваат заедничките интереси поради партнерот. Но, доколку тие интереси можат да се комбинираат, не постои никаква пречка. Односно, двете крупни држави  не се пријателски, не се ниту непријателски, и не зависат една од друга. 

Разноликоста на факторите и на условите, преплетувањето на ривалството и на заедничкото делување ја прави Женева-2 вистински возбудлив процес. Сирија е игра со непознат крај. Западот и неговите сојузници, за разлика, од да кажеме периодот на балканското регулирање, немаат јасна претстава што сакаат. Па, и можноста да се наметне она што се сака е суштествено помала – распоредот на силите е поинаков. Сè ќе зависи од дипломатското мајсторство, од точноста на анализата на ситуацијата и од интуицијата, која понекогаш е поважна за играчот, одошто картите што ги држи в раце. 

Авторот е претседател на Президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња