Дали Хирошима ја спаси Јапонија од советска окупација?

Во мугрите на 24 август 1945 советски бомбардери требало да го бомбардираат островот Хокаидо, а потоа во следните неколку денови две пешадиски дивизии требало да го заземат северниот дел, делејќи го на тој начин островот на половина“, пишува поранешниот научен соработник Меѓународниот центар за научници „Вудро Вилсон“ Сергеј Радченко во статија за „Надворешна политика“

Во мугрите на 24 август 1945 советски бомбардери требало да го бомбардираат островот Хокаидо, а потоа во следните неколку денови две пешадиски дивизии требало да го заземат северниот дел, делејќи го на тој начин островот на половина“, пишува поранешниот научен соработник Меѓународниот центар за научници „Вудро Вилсон“ Сергеј Радченко во статија за „Надворешна политика“ (Foreign Policy).

Вториот по големина јапонски остров имал огромна стратешка важност за Сталин. Затоа на 16 август советскиот лидер го замолил претседателот на САД Хари Труман да се согласи со таа „скромна желба“, инаку ќе го „навреди руското јавно мислење“. Сепак, на два дена пред планираната инвазија на Хокаидо Сталин ја откажал операцијата и од можноста да создаде своевидна „Јапонска народно-демократска република“ по примерот на Северна Кореја.

Иако се претпоставува дека Сталин се исплашил од американската воена моќ демонстрирана врз Хирошима и Нагасаки, авторот напоменува дека Советскиот Сојуз бил при крајот на работата врз својот атомски проект и дека атомската бомба му била потребна на Сталин како статусен симбол на суперсила.

Сталин се откажал од Јапонија затоа што сакал признавање од САД на неговите сфери на интерес. „Хокаидо не беше дел од договорот склучен на Јалта во февруари 1945 година. Сталин знаел дека ако го прекрши договорот, тој ризикувал да ги стави во опасност советските освојувања на Далечниот Исток, вклучувајќи ги Јужен Сахалин и Курилските острови“, смета авторот.

„Одамна постои спор меѓу историчарите кои тврдат дека атомските бомби врз Јапонија биле „воена неопходност“, и нивните опоненти кои сметаат дека тие послужиле како средство за заплашување на СССР. 70 години подоцна податоците дозволуваат да се претпостави дека дури и ако Труман сакал да го заплаши Сталин, тоа не му успеало. Отстапувањето на Сталин во врска со Хокаидо била сериозна отстапка која била направена без оглед на Хирошима – тоа било задоцнет обид на советскиот диктатор да ги подобри влошените односи со САД“, смета  Радченко.

Откако сфатил дека Труман, охрабрен од Хирошима, ќе му врши притисок, Сталин решил да остане на своето. Труман, од своја страна, веројатно, ја сфатил отстапката околу Хокаидо како знак дека Сталин ќе попушта под притисок. „Иако не била бомбата она што го натерало Сталин да отстапи од Хокаидо, заканата што се подразбирала ја претворила соработката меѓу суперсилите во далечна перспектива. На тој начин, Хирошима ја направила студената војна фактички неизбежна“, заклучува авторот на статијата.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња