Зошто Русите го поддржуваат Путин?

Илустрација: Сергеј Јолкин

Илустрација: Сергеј Јолкин

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин и понатаму останува стабилно висок. Оваа состојба е поврзана со архетипите кои настанале во Русија, а не со правилно избраната насока за развој на државата.

Постојат различни видови политичка свест кои се менувале во зависност од културата. Посебен вид настанал во Русија. Тој има три координати – „бојар“, „народ“, „цар“. Секако, не станува збор за средновековните цареви и бојари, туку за архетипи кои се вкорениле во народната свест. Односите на народот со бојарите отсекогаш биле конфликтни. Народот ги мразел „предавниците-бојари“, „бојарите“ го презирале народот.

Борбата помеѓу овие две страни во руската историја била водена за царот. Царевите можеле да бидат „бојарски“ и „народни“. Курсот на царевите најчесто бил урамнотежен. Ако царот преминувал на страната на народот, тогаш од страната на бојарите бил карактеризиран како „тиранин“. Ако владарот ја бранел позицијата на бојарите, тогаш народот го перципирал како некој што нема легитимитет, како узурпатор.

Да погледнеме сега низ призмата на овие архетипи на рејтингот на популарноста на Владимир Путин. Нема сомнеж дека прифаќањето на неговата политика во голема мера се темели на традиционалната руска митологија за власта одошто на прагматичните пресметки за зголемување/намалување на буџетот на државата.

Првиот краткорочен пад беше забележан уште во 2005 година. Најверојатно тој беше поврзан со остварувањето на тогашната реформа за монетизација на субвенциите.

Индексот на одобрување на работата на Путин, судејќи според последните објавени резултати од анкетата на Левада-центарот, останува прилично висок: 29% (64% од испитаниците ја одобруваат работата на Путин, 35% не ја одобруваат). Сепак, по постигнатиот максимум во 2008 година (70.7%), во последниве години се забележува тренд на намалување. Првиот краткорочен пад беше забележан уште во 2005 година. Најверојатно тој беше поврзан со остварувањето на тогашната реформа за монетизација на субвенциите. Долготрајниот пад од 2008 година се објаснува со рокадата на највисоката должност на државната власт. Чекорот кој технолошки се чинеше како ефикасен, со текот на времето се покажа како погрешен со оглед на критериумите на народната популарност. По овој период Путин повеќе никогаш не можеше да го постигне тоа ниво на поддршка.

Соодносот на динамиката на одобрувањето на работата на Путин со динамиката на растот на БДП и на реалните приходи на населението откриваат дека не постои цврста врска меѓу нив. Најзначителен раст на одобрувањето на работата на Путин во проценти е забележен во 2006 година – 133.1%. Најголемиот пад се случи во 2011 – 66.5%. Но, најголемото темпо на економски развој се случи во 2007, најниското во 2009 година. Материјалниот фактор несомнено влијае на прифаќањето на претседателот на државата, но не го предодредува.

Карактеристично е да се спореди индексот на одобрување на работата на Путин со индексот на оценката на состојбата на работите во државата. При релативно висока оценка на довербата на народот кон претседателот, општата состојба во државата се оценува како критична. Моментално индексот на оценката на состојбата на работите во државата, според податоците од Левада-центар, се пониски од нултата оценка – минус 3. Поголемиот дел Руси смета дека државата се движи во погрешна насока, но притоа му верува на претседателот. Ова е парадокс! Ова може да се објасни единствено ако се прифати традиционалниот модел на разграничување на претставата за шефот на државата и за елитата во власта. Вината за сите несреќи народот историски ја гледал во „бојарите“, а не во „царот-баќушка“. Згора на тоа се појави и митот за тоа како одеднаш „царот“ ги искоренил сите бојари. Рејтингот на одобрување на работата на претседателот, во согласност со горенаведените архетипи, се темели врз нематеријалните активи.

Поголемиот дел Руси смета дека државата се движи во погрешна насока, но притоа му верува на претседателот.

Принципиелно важно за првиот човек на државата е да одговара на националниот политички ритуал. Ако постои такво поклопување, се осигурува доверлив однос кон врховниот носител на државната власт. Но, штом претседателот излегува од ритуалот, тој го губи својот легитимитет и ја добива маската на „узурпатор“.

Путин досега успеваше во целост да ја држи линијата на државниот политички ритуал. Сепак, судејќи според промената во довербата кон претседателот, постои принципиелно барање за поотворена работа во извршувањето на претседателската власт.

Авторот е заменик-директор на Центарот за научна политичка мисла и идеологија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња