Карикатура: Сергеј Јолкин.
Последната акција на „Гринпис“ на арктичкиот брег на Русија прерасна во крупен меѓународен конфликт. Проблемот не е во реакцијата на владата на некоја конкретна држава, ниту во посебното значење на Арктикот за геополитичката слика во блиска иднина. Мразокршачот под холандско знаме „заплови“ во најзаострената колизија на модерниот свет, односно во заемниот однос на државата како (сè уште) основна институција на меѓународниот систем и на оние чии сили кои обично се тестираат како „глобално граѓанско општество“ и кои ја доведуваат во прашање улогата и правото на државата како таква.
„
Еколозите тргнуваат од тезата дека постојат заеднички добра кои не се омеѓени со меѓудржавни граници.
Одговорот на Москва на спектакуларната, но прилично вообичаена акција на „Гринпис“ беше мошне остар. Русија јасно даде на знаење дека ќе го брани принципот чија неповредливост се смета за гарант на меѓународната стабилност: не смее да се продира во суверенитетот на државата, зашто во спротивно наместо норми и правила ќе започне да владее хаосот, и целиот светски систем опасно ќе почне да ја губи контролата. Еколозите, напротив, тргнуваат од спротивната теза дека постојат заеднички добра и заедничка одговорност, при што ниту едното ниту другото не се омеѓени со погранични линии и со национална јуриздикција, и дека бирократијата на секоја земја мора да го сфати тоа. „Гринпис“ се раководи според пристап кој во политичката сфера го доби називот „одговорност за заштита“, и врз основа на кој, меѓу другото, се засновува и колизијата околу Сирија. Имено, ако владата на некоја држава не осигурува безбедност и благосостојба на граѓаните, тогаш надворешните сили и меѓународната заедница имаат право да се вмешаат за да ја принудат таа држава да ги исполни своите обврски, па дури имаат и право да ги сменат оние луѓе кои ја претставуваат таа држава. „Гринпис“многу пред покренувањето на дискусија за „одговорност за заштита“, фактички ја прошири таа одговорност во ОН за заштита на природата како наследство што им припаѓа на сите луѓе.
Русија на сите потенцијални борци за еколошките добра решително им демонстрира дека цената на таквата дејност може да биде максимално голема и непријатна, и дека тоа не е детска игра, туку најсериозна политика, односно самата нејзина срцевина.
„
„Имиџот на Запад“ и „имиџот во светот“ руските власти сè почесто го доживуваат како две појави кои воопшто не се поклопуваат.
Претставата за „Гринпис“ како несебичен заштитник на граѓанските интереси, независно од тоа во која мера е точна, ги доведува властите на секоја држава во положба на алчни егоисти. Русија не се плаши од таквата положба, пред сè зашто во земјата засега не постои сериозно еколошко движење, а инаку сите обиди на граѓаните таквата свест да им се всади однадвор не се ништо подобро прифатени во руското општество од останатите напори кои надворешните сили ги вложуваат за да се поттикнат Русите да тргнат по патот на „општествено-политичкиот прогрес“.
Кога станува збор за негативната слика за Русија на меѓународната сцена, судбината на мразокршачот на „Гринпис“, секако, нема да го поправи нејзиниот имиџ на Запад. Но, „имиџот на Запад“ и „имиџот во светот“ руските власти сè почесто го доживуваат како две појави кои воопшто не се поклопуваат. Поголемиот дел од жителите на планетата Земја живеат во држави кои и самите сметаат дека „обврската за заштита“ е всушност инструмент за мешање во нивните внатрешни работи и за вршење притисок на нив за да бидат принудени на соодветни политички чекори. Русија апелира на тоа мнозинство, бранејќи ги старите добри принципи. Таа не ги брани оние вредности за кои САД и Европа зборуваат како за најважни критериуми за оценка на однесувањето и на одлучувањето, туку токму оние принципи кои се усогласени со функционирањето на меѓународниот систем, најдобрите што светот ги има во моментов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче