Карикатура: Алексеј Иорш.
Доцна навечер во Москва низ Александровскиот парк се шетаа две геј-момчиња Игор и Владимир, обидувајќи се да не се држат за раце за да не го привлечат вниманието на минувачите. Таа вечер тие зборуваа за бојкотот на Олимпијадата во Сочи – за тоа како светската јавност го изразува својот протест против рускиот закон за забрана на пропагандата на геј-односите.
Романтичниот Игор не го одобруваше бојкотот. Тој работеше како туристички водич, па затоа бојкотот на Олимпијадата од странците му се закануваше со губење на многу добра заработувачка. Владимир работеше како правник. Тој цврсто му вети на Игор дека ќе може да се грижи за нив обајцата, дури и ако Игор остане без работа. Како одговор на тоа романтичниот Игор цврсто му ја стегна раката на своето момче и извика: „Драги! Не знам како да ти се заблагодарам! Кога би можел, би ти ја подарил... оваа Месечина!“ Владимир погледна на Месечината и си забележа нешто во својот Ајфон. Потоа побара тој подарок да го заверат и кај нотар. Игор се согласи.
Следниот ден Владимир го зеде Законот за земјиште, законот за недвижнини и почна да разгледува. Излезе дека Месечината со документ е подарена толку многу пати, што изразот „ќе ти ја подарам Месечината“ станал крилатица во многу јазици. Излезе дека таа одамна е запишана и како сопственост – некој си Денис од Калифорнија уште пред триесетина години нашол дупка во законот на САД, си смислил своја интерпретација, си се прогласил за сопственик и оттогаш постојано тргува со парцели на Месечината. Владимир си помисли да се суди со Калифорниецот барем за дел врз основа на подарокот од Игор, но сфати дека нема шанса за такво нешто.
„
Најдалеку во развивањето на оваа тема отидоа топ-блогерите. Тие пронајдоа мноштво дополнителни факти. На пример, тие не успеаја да најдат геј-момчиња и лезбејки меѓу конструкторите на советскиот Луноход. Тоа, впрочем, беше објаснето со жестоката политика на СССР во областа на истополовата љубов. Сепак се искристализираа и пострашни работи: ниту Армстронг, нити Олдрин, ниту останатите дванаесет луѓе кои слетале на Месечината како дел од мисијата на САД „Аполо“ – меѓу ниту еден од нив немало геј!
Но... доколку не се земе предвид фактот дека Месечината била подарена од еден геј на друг. Владимир специјално сурфал на Интернет за да види дали Месечината претходно си ја подарувале геј-момчиња. И не најде никакви докази за тоа дека Месечината ѝ припаѓа на геј-популацијата. Тоа му даде надеж: тука веќе мириса на кршење на правата. А, значи... се појавува шанса да се добие дел од Месечината од Американецот! Владимир почна да се подготвува за судски процес. Шансите беа мали, но тој реши да го заврти јавното мислење во своја корист, покревајќи теза за тоа дека сегашниот сопственик на Месечината ги нарушува правата на малцинствата. Набргу се појавија десетици статии во гламурозните списанија, стотици постови кај топ-блогерите, беше создаден и разработен сајтот moonforgays.com.
Најдалеку во развивањето на оваа тема отидоа топ-блогерите. Тие пронајдоа мноштво дополнителни факти. На пример, тие не успеаја да најдат геј-момчиња и лезбејки меѓу конструкторите на советскиот Луноход. Тоа, впрочем, беше објаснето со жестоката политика на СССР во областа на истополовата љубов. Сепак се искристализираа и пострашни работи: ниту Армстронг, нити Олдрин, ниту останатите дванаесет луѓе кои слетале на Месечината како дел од мисијата на САД „Аполо“ – меѓу ниту еден од нив немало геј! Ниту една лезбејка! А, да не зборуваме за трансвестити. Владимир му го кажа она што го беше открил на Игор, а тој, пак, се согласи дека тоа не води никаде. На крајот на Интернет истапи познат во потесните кругови научник-геј со скандалозна изјава. Тој тврдеше дека на Месечината нема и не може да има виножито – познатиот симбол на ЛГБТ. Него го поддржаа неколку лекари – тие беа спровеле мисловен експеримент и дојдоа до заклучок дека кој било геј што ќе се најде на Месечината без специјална заштита, ќе умре за неколку минути. Од тој момент за страшната дискриминација на геј-популацијата на Месечината почна да зборува сиот Интернет, а потоа и целата светска јавност. Низ светот започна бран демонстрации со барање да се прекине со дискриминацијата и да ѝ се додели Месечината на геј-популацијата. Демонстрации беа планирани дури и во Москва пред Кремљ, но властите не дадоа дозвола.
„
Од старите играни и цртани филмови масовно почнаа да се сечат сцените кои потсетуваа на дискриминацијата – оние кадри на кои фигурираше Месечината. Бојкотот на Месечината стаса дотаму што некои земји во светот го сменија своето државно знаме, заменувајќи ја полумесечината со нешто неутрално – запчаник или чизбургер.
Јавниот одек стануваше сè поголем. За судење со сопственикот на Месечината не можеше да стане ни збор. И тој самиот се најде пред судот во САД со обвинение за дискриминација на својата територија. Обвинението не беше на шега. Судот не најде причина за негово поштедување и го осуди на дванаесет години затвор. Приговорот беше пречекан од страна на ЛГБТ-заедницата со ликување и беше одбележан со нов бран демонстрации. И тука некако сама по себе се роди тезата за бојкот на Месечината.
Најпрво идејата за бојкотот беше презентирана на Интернет. Потоа за неа во интервјуа зборуваа неколку ѕвезди од естрадата. Наскоро станаа модерни маици со пречкртана Месечина. Месечината сосема се претвори во симбол на дискриминација – срамно место во вселената, единствено место каде не еднаш стапнала човековата нога, но каде што нема и никогаш немало геј. Не беше згодно да се зборува за Месечината во позитивна смисла. Во културната јавност позитивно беше да се навредува Месечината и демонстративно да се гледа на другата страна при нејзиното појавување. Во САД и во Европа се случија серија напади врз луна-парковите. Од старите играни и цртани филмови масовно почнаа да се сечат сцените кои потсетуваа на дискриминацијата – оние кадри на кои фигурираше Месечината. Бојкотот на Месечината стаса дотаму што некои земји во светот го сменија своето државно знаме, заменувајќи ја полумесечината со нешто неутрално – запчаник или чизбургер.
Владимир беше последниот што сфаќаше дека Месечината нема никаква врска, и дека бојкотот е направен попусто. Но, кога тоа му го кажа на Игор, тој дома направи скандал и го обвини за хомофобија и за симпатии кон срамната месечина. Негодувањата на Игор беа толку гигантски, како што се случуваат само кај луѓе на кои им ја кажале вистината. Истиот момент тој си ги собра работите и си замина кај мајка си. Тие двајца повеќе не контактираа. Тоа беше бојкот за цел живот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче