Карикатура: Алексеј Иорш
Дали чувството за сопствената „исклучителност“ е најважната причина што на Америка ѝ е толку тешко да ја прифати реалноста на мултиполарниот свет и да се откаже од својата приврзаност кон улогата на лидер како парадигма на американската надворешна политика и воопшто на филозофијата на учеството на САД во меѓународните односи.
„Исклучителноста“ претпоставува дека САД на својата територија имаат создадено најдобар, најнапреден, најпрогресивен и најчовечки („human friendly“) социјално-политички систем, односно најдобар „system of governance“, и дека овој систем е ориентиран на заштита на човековата и на граѓанската слобода, во чиј центар се наоѓа индивидуата и нејзината слобода, нејзините права и нејзините интереси. Историски гледано, во 18 и во почетокот на 19 век тоа навистина било така. Поради тоа „исклучителноста“ станала идеолошки темел на изолациската политика на САД, која била спроведувана до средината на 20 век. Не ни постоел подобар начин да се зачува уникатниот американски систем и начинот на живот во услови кога со светот господареле европските империи кои идеолошки биле спротивставени на Соединетите Американски Држави.
„
Не е случајно што Америка нема искуство во учества во меѓународен проект како рамноправен фактор, како еден од центрите на мултиполарниот свет. САД ја прескокнаа оваа фаза.
Потоа, кога САД преминаа на интернационалистичка надворешна политика, „исклучителноста“ стана идеолошки темел на нивната приврзаност кон улогата на лидерот. Не е случајно што Америка нема искуство во учества во меѓународен проект како рамноправен фактор, како еден од центрите на мултиполарниот свет. САД ја прескокнаа оваа фаза. Во 18 и во 19 век, како и во првата половина на 20 век, САД не учествувале во „туѓ“ меѓународен проект, а потоа во втората половина од 20 век веднаш почнаа со создавање сопствен американски меѓународен поредок и продолжија во тој правец и во 21 век.
Главната причина за ваквиот историски тек повторно е „исклучителноста“. Оваа „исклучителност“ не остава можност за рамноправен дијалог, не допушта САД да станат еден од центрите на моќ и не дозволува рамноправно учество на САД во системот на донесување одлуки, на определување приоритети и на создавање мултилатерално, а не американски меѓународен поредок Зашто, до Бога, кој ќе ја игра улогата на лидер, ако не земјата со најдобар систем во светот и со најнапреден начин на живот, земјата која е пионер во ширењето на универзалните вредности?
„Исклучителноста“ е причина што САД можат или да бидат предводник во некој меѓународен процес, или воопшто да не учествуваат во него. Третата варијанта, односно да бидат рамноправен учесник, е невозможна.
Во сегашниве услови „исклучителноста“ ги поттикнува САД да спроведуваат идеолошка надворешна политика ориентирана на ширење на демократија и поделба на сите земји во светов на демократски и недемократски, со тоа што вториве во надворешната политика на САД секогаш играат полоша улога и го заземаат најниското место.
„
Исклучителноста на Русија, Кина, Јапонија и Индија се состои во тоа што, според нивното сопствено сфаќање, во нивната културна неповторливост, во тоа што овие земји се поинакви од останатите., а не во тоа што се најдобри и најнапредни.
Проблемот е во тоа што мултиполарноста не може да се спои со приврзаноста кон улогата на лидерот и со идеологизација на надворешната политика. САД не се во состојба ефикасно да ги реализираат своите важни интереси без помош и уште повеќе и покрај мислењето на Русија, Кина, Индија и на други земји. Во такви околности сосема е контрапродуктивна улогата на лидер како единствена прифатлива форма на надворешнополитичко учество и единствена алтернатива на изолационизмот, како што е контрапродуктивно и идеолошкото месијанство.
Сето тоа се причини за длабоката криза на американските надворешнополитички сфаќања и се важни причини поради кои САД имаат проблем во односите со „незападните“ центри на моќ во светот како што се Русија и Кина. А, главна причина е повторно „исклучителност“. Сè дури „исклучителноста“ е темел на американската надворешнополитичка филозофија, нема да има крај на проблемите во односите на САД со другите светски центри на моќ кои не ја признаваат нити водечката улога на Америка, ниту, пак, универзалноста на нејзините вредности.
Проблемот е во тоа што САД, барем засега, не се во состојба да ја отфрлат концепцијата на „исклучителснот“. „Исклучителноста“ е толку важна за идентитетот на Америка и на Американците, за нивниот идентификациски и културен код, што отфрлањето на оваа концепција би значело исчезнување на самата Америка.
Засега е тешко да се укаже на евентуален излез од оваа ситуација. По сè изгледа, САД порано или подоцна ќе мораат да најдат нето меѓу улогата на лидер, изолационизам и рамноправна соработка, нешто што ќе овозможи и понатаму да се доживуваат себеси како исклучителна нација. Но, ваквата преобразба ќе потрае и нема да биде лесна.
Што се однесува до „исклучителностите“ на другите земји, тие суштински се разликуваат од американската „исклучителност“ која има исклучително изразен идеолошки карактер и зазема централно место во американската идеологија. Исклучителноста на Русија, Кина, Јапонија и Индија се состои во тоа што, според нивното сопствено сфаќање, во нивната културна неповторливост, во тоа што овие земји се поинакви од останатите., а не во тоа што се најдобри и најнапредни.
Ваквата исклучителност секоја земја ја побудува на воздржување од обидот својот модел на развој да им го наметне на другите, и само ја нагласува сопствената уникатност. Но, „исклучителноста“ на САД е неразделна од универзализмот како втор столб на нивната идеологија, според кој Америка е носител на американските, но и на универзалните вредност, пионер во создавањето на најдобриот, универзален систем кој им одговара на сите други земји.
Со други зборови, исклучителноста на сите останати центри на моќ одлично се вклопува во сегашната мултиполарност на светот. Никој освен Америка не претендира на звањето најдобра и најнапредна земја на светот.
Дмитриј Суслов е заменик-директор на Центарот за мултидисциплинарни европски и меѓународни студии при Националниот истражувачки универзитет „Висока школа за економија“ во Москва.
Оригиналниот текст на Russia Direct.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче