Опасни последици од американската „исклучителност“

ФОТО: Карикатура: Алексеј Иорш.

ФОТО: Карикатура: Алексеј Иорш.

Критиката на американската самопрокламирана „исклучителност“ што во „Њујорк тајмс“ ја потпиша Владимир Путин, предизвика вистинска бура во САД. Но, чувството на самозадоволност на Американците дека се исклучителни не е оправдано, имајќи ги предвид бројот и суровоста на агресивните војни што нивната земја ги има водено и нејзината селективна примена на „вредностите“ која остава зад себе хаос ширум светот.

Еден сегмент на авторската статија на рускиот претседател Владимир Путин во „Њујорк тајмс“ предизвика вистинска лавина реакции во американските интелектуални кругови. Станува збор за заклучокот на писмото каде тој посебно се осврнува на американскиот став за сопствената „исклучителност“. „Мошне е опасно да се поттикнуваат луѓето себеси да се доживуваат како исклучителни, без оглед на мотивираноста. Постојат големи и мали земји, сиромашни и богати, некои од нив се со долга демократска традиција, а кај други, пак, таа е во зачеток. И нивните политики, исто така, се различни. Сите ние се разликуваме, но кога од Бога бараме благослов, не треба да забораваме дека тој сите нас нè создал еднакви“

Америка е многу пред други земји според бројот на војни што ги има водени и според нападите кои ги има започнато. САД се единствена држава во историјата на човештвото која има употребено нуклеарно оружје. Сево наброено навистина ја прави Америка „исклучителна“, но во најнегативниот можен контекст.

Путин отворено не го доведе во прашање правото на Америка да тврди дека е исклучителна, но тоа е всушност суштината на кажаното во писмото. Да го земеме како пример прашањето за нееднаквите примања. На неодамнешната панел-дискусија на оваа тема, која ја организираше сајтот CNNMoney.com, поранешниот американски министер за труд Роберт Рајх изнесе шокантен податок дека 400 најбогати луѓе во САД поседуваат повеќе богатство од 150 милиони Американци од дното на социјалната скала. Тука не станува збор само за нееднакви примања. Се работи и за нееднаквиот животен век, нееднаквото образование. Кога ќе се земат предвид расните односи во Соединетите Држави, проблемот на нееднаквоста станува уште поизразен – и понатаму расните предрасуди силно го притискаат американското општество.

Самодоволното чувство на Американците дека се исклучителни не е оправдано. Секој ден во САД во пресек се извршуваат 87 убиства. Америка е многу пред други земји според бројот на војни што ги има водени и според нападите кои ги има започнато. САД се единствена држава во историјата на човештвото која има употребено нуклеарно оружје. Сево наброено навистина ја прави Америка „исклучителна“, но во најнегативниот можен контекст.

Вашингтон за примената на „вредностите“ зборува воочливо селективно. Едно мерило важи за Иран, а друго за Саудиска Арабија: на еден начин се однесува кон Бахреин, а сосема спротивно кон Сирија.

Доволно е да се погледнат последиците на нејзината политика на водење во согласност со идејата дека таа е „исклучителна“ земја. Голем дел од светот смета дека е лицемерно САД да прокламираат такво нешто и затоа нивниот углед е сè помал. Вашингтон за примената на „вредностите“ зборува воочливо селективно. Едно мерило важи за Иран, а друго за Саудиска Арабија: на еден начин се однесува кон Бахреин, а сосема спротивно кон Сирија; за Газа е резервиран прилично крут став, додека кон израелското насилство се попустливи – а сиве овие се ентитети на еден ист регион.

Политиката на САД сè повеќе ги тера малите држава, кои се особено чувствителни кога е во прашање безбедносната ранливост, да развиваат одбранбени стратегии за заштита од американската агресија, што за возврат негативно се одразува на системот за безбедност во светот. Во меѓувреме, чувството на „исклучителност“ го наведува САД да постапуваат надвор од границите на меѓународното право и на Повелбата на ОН и на тој начин се создаваат опасни преседани и слаба светска организација, која без оглед на последиците останува единствен механизам за зачувување на мирот и за поттикнување на развој во светот.


Инстинкти и рефлекси

Доктрината на американската „исклучителност“ ги откри своите лоши страни во Авганистан и во Ирак каде вообичаениот настап на САД не наиде на одобрување од страна на локалното население кое држи до сопствената историја, традицијата и до културата, Иронијата се состои во тоа што оцената за успешноста на американските интервенции во овие две земји денес се сведува на тоа колку ефикасно САД можат да ги повлечат трупите од воените подрачја, а притоа да избегнат хаос и конфузија. Тешко е да се поверува дека споменатите земји некогаш ќе станат вистински премери за демократија според американскиот стандард.

Тврдењата на претседателот Барак Обама дека американските идеали и принципи ја прават оваа земја „различна“ и „исклучителна“ претставуваат опасна доктрина. Таа потсетува на идејата која во Европа се појави пред околу осумдесет години и која зад себе остави стравотни последици. Верувањето во сопствената „исклучителност“ потсетува на опасност да се посегне по прекумерната употреба на сила. сè уште се свежи сеќавањата на ужасните злосторства кои САД ги започнаа на заливот Гвантанамо и во Абу Граиб, за време на воените акции преземени под изговорот за исклучителност.

Американските воени интервенции во суверени држави мошне често завршуваа на тој начин што и онака сложената ситуација дополнително се влошуваше – примери за тоа се Хаити, Либерија, Сомалија, Авганистан и Ирак. Тоа е она што прави сирискиот проблем да стане прашање од исклучително значење. Сосема е јасно дека американскиот став за исклучителност го забрза распламтувањето на трагичната граѓанска војна во Сирија. Благодарение на навремената руска дипломатска иницијатива запрена е уште една воена интервенција на администрацијата на Обама, која требаше да биде спроведена во име на споменатата доктрина. Сега треба да се најде начин Сирија повторно да го изгради она што веќе го имаше: свој посебен идентитет на секуларно плуралистичко општество во кое припадниците на различни вери и на различни етнички групи живеат едни покрај други во мир.

М.К. Бадракумар е поранешен индиски дипломат, активен коментатор и аналитичар на надворешнополитички теми, специјалист за Русија, Централна Азија, Пакистан, Иран и за Блискиот Исток. Редовно пишува колумни за сајтовите The Asia Times Online и за Rediff.com, за московскиот Фонд за стратешки култури и за индискиот весник Deccan Herald.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња