Инстинкти и рефлекси

Карикатура: Алексеј Иорш

Карикатура: Алексеј Иорш

Односите помеѓу Истокот и Западот во однос на прашањето за Сирија се затегнати. САД упорно се обидуваат да дојдат до поддршка за воена интервенција врз Сирија. Нашиот аналитичар Фјодор Лукјанов го изнесува своето мислење за однесувањето на САД.

Кога пред четири години на Барак Обама му беше врачена Нобеловата награда за мир, лауреатската реч тој ја посвети на праведноста и на неправедноста. Наводно, постојат и случаи кога војната не само што е потребна, туку е и неизбежна. Како да знаеше.

Не успеа да ја заврши „неправедната“ војна во Ирак, а веќе дојде „праведно“ да војува во Либија. Уште од Авганистан не заминаа, а веќе чувството за праведност ги повикува и на сирискиот фронт. Ех, тешко му е на глобалниот лидер, постојано треба да ги потврдува своите доминантни квалитети, за другите во глутницата да не се дрзнат случајно...

Кога зад сево ова би постоела барем некаква стратегија, јасно формулација на целта, таквите акции некако би можеле да се објаснат. Но, се чини дека такво нешто не постои. Политиката се сведе на идеолошки рефлекси и на природни инстинкти.

Настаните во Сирија и околу неа ги враќаат сеќавањата на сите претходни меѓународни интервенции од деведесеттите години од минатиот век па наваму. И мистериозната употреба на отровни материи, која изгледа како провокација и која веднаш се претвора во casus beli. И учеството на инспекторите на ООН, чии заклучоци никого не го интересираат, зашто оние силните и онака знаат кој е виновен. И трогателните кадри на кои се прикажуваат деца кои умираат од задушување и кои никого не можат да остават рамнодушен. И „коалицијата на доброволци“ кои се подготвени да учествуваат во одмаздата против злиот режим.

Денес, колку и да изгледа чудно, отсуството на начини за проверка на информации, кои би влевале доверба кај сите инволвирани страни. Во периодот на студената војни, безусловно, постоеше место за провокации. Сепак, двете наддржави, кои се наоѓаа на највисокиот кат од светската хиерархија, како прво, беа заинтересирани да не се случува ништо против нивната волја, како второ, сфаќаа дека цената на неумесното интригантсво може да биде недопустлива – нуклеарен конфликт. Во услови на напрегнато нуклеарно воздржување беше неопходно секогаш да се има можност за моментално оценување на тоа каде постои реална закана, а каде технологија на управувана ескалација на еден или на друг конфликт.

Сега воено-политичкиот и идејниот клинч повеќе не функционираат, закани од прераснување на некој локален судир во светска војна не постојат. Општата информациска прозрачност и привидното изобилство на информации за она што се случува не го зголемија сфаќањето за процесите, туку напротив, тие стануваат објект за манипулации. Институцијата на независни набљудувачи, кои се потпираат на општоприфатениот мандат на ООН, е подвргната на ерозија, довербата е поткопана со метаморфози и катаклизми кои паднаа на ООН во годините на студената војна. И тешко е да се каже во што се огледаше улогата на инспекторите на ООН во Ирак или на набљудувачите на ОБСЕ во Југославија: во обидите да се спречи војна или, напротив, во нејзино приближување.

Во периодот на студената војни, безусловно, постоеше место за провокации. Сепак, двете наддржави, кои се наоѓаа на највисокиот кат од светската хиерархија, како прво, беа заинтересирани да не се случува ништо против нивната волја, како второ, сфаќаа дека цената на неумесното интригантсво може да биде недопустлива – нуклеарен конфликт. Во услови на напрегнато нуклеарно воздржување беше неопходно секогаш да се има можност за моментално оценување на тоа каде постои реална закана, а каде технологија на управувана ескалација на еден или на друг конфликт.

Воведувањето во игра на набљудувачи по правило не придонесува само за разоткривање на вистината, колку што го поткренува нивото на општа манипулација и на крајна напнатост на информациската војна. Сепак, „сомнителната“ влада одбива, да кажеме, да соработува со набљудувачките меѓународни организации, плашејќи се од нивната а приори пристрасност или раководејќи се од сопствените претстави за суверенитет, а тоа автоматски ќе стане доказ дека постои причина за ваквото однесување. Се чини дека, за разлика од Садам Хусеин, Башар ал Асад го знае тоа, но тешко дека нешто ќе се измени.

Уште повеќе депримира нешто друго. Имам впечаток дека во 21 век нешто се има случено со дипломатијата. Во минатото лукавите претставници на водечките влади правеа интриги, склопуваа заткулисни бизниси, водеа сложени преговори во кои војната беше легитимно, но сепак последно можно средство за решавање на проблемите (ако не стануваше збор за очигледно агресивни држави кои се насочени кон проширување на своите територии). Сега редовно се повторува примитивното сценарио. Во држава, која се наоѓа во центарот на светското внимание, пламти внатрешен конфликт. Највлијателните држави веднаш определуваат кој е за нив „добар“, а кој е „лош“. Потоа започнува несомнено залудната дипломатија не за да се посредува и да се воспостави мир, не за постигнување прифатлив резултат за сите страни, туку за „лошите“ да бидат присилени на капитулација пред „добрите“. Потоа „меѓународната заедница“ ги крева рамената – сè е попусто. Токму во тој момент, по правило, се случува некој ужасен инцидент кој се граничи со геноцид, по што „повеќе не може да се толерира“. И ете ти војна со сите сили помеѓу најјаката алијанса во историјата на човештвото и „лошите“ (тоа речиси секогаш е власта), за да им се помогне на „добрите“.

Да ги оставиме настрана моралот и праведноста, тие не решаваат во политиката. Но, сето тоа изгледа мошне бедно. Најпрво напнатите проблеми, чии корени обично досегаат длабоко во историската опозиција на нациите или на конфесиите, се сведуваат на едноставна црно-бела шема. Потоа господарите на судбината залудно се обидуваат да сфатат зошто не излегло онака како што тие замислувале, па „добрите“ на крајот се покажале како неблагодарни.

Башар ал Асад не очекува американска интервенција

И на крајот она најтажното. Кога зад сево ова би постоела барем некаква стратегија, јасно формулација на целта, таквите акции некако би можеле да се објаснат. Но, се чини дека такво нешто не постои. Политиката се сведе на идеолошки рефлекси и на природни инстинкти. Рефлексите нè тераат секаде да ја наоѓаме „вистинската страна на историјата“ за да се најдеме на неа во конкретен момент, односно да бидеме во согласност со околностите. А, инстинктите ти сугерираат: ако не знаеш што да правиш – удри! Излегува некако премногу емотивно за сè посложениот и понеразбирлив свет од 21 век.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња