Кој ќе „плати“ за шпионот Рајан?

Карикатура: Нијаз Карим.

Карикатура: Нијаз Карим.

Без оглед на театралното телевизиско апсење на шпионот Рајан Фогл, трет секретар на американската амбасада, изгледа дека и Москва и Вашингтон на ова гледаат како на епизода од вообичаен натпревар на своите тајни служби. Денес на Американците им е потребен дијалог со Русија во многу области, и неадекватна реакција на шпионскиот сигнал би можела да го расипе започнатото внимателно зближување.

За приведувањето на американскиот шпион во Москва – третиот секретар на американската амбасада Рајан Фогл – дознав во Мароко за време на конференцијата за блискоисточниот огранок на Валдискиот клуб посветен на иднината и на политичките тенденции во рамките на исламот. 

Во тој момент учесниците на состанокот, меѓу кои беа и закоравени непријатели на Вашингтон – политиколози од Иран, претставници на движењето ХАМАС од палестинскиот појас на Газа и на либанскиот „Хезболах“, ги разгледуваа понатамошните перспективи за соработка помеѓу Русија и Западот во новите околности на Блискиот исток. Меѓутоа, откако дознаа за шпионскиот скандал, никој од нив не покажуваше задоволство во врска со можното влошување на односите помеѓу Москва и Вашингтон.

Во Москва на приведувањето на американскиот шпион се гледа пред сè како на локален инцидент

Напротив, определени учесници на состанокот позитивно го оценија внимателното приближување на ставовите на Москва и на Вашингтон во врска со прашањето за Блискиот исток. 

Се чини дека воздржаноста во изјаснувањето во врска со инцидентот во Москва е пред сè условено со уверувањето дека тоа во краткорочна или во среднорочна перспектива нема да се одрази на руско-американскиот дијалог. 

Веројатни руските безбедносни служби кои учествуваа во приведувањето на американскиот шпион биле свесни за позитивниот развој на односите помеѓу Москва и Вашингтон во последно време, па според тоа немаше причина да се стравува дека оваа акција би можела да ги искомплицира работите.

Шефот на дипломатската мисија сега при секоја средба со Русите ќе мора да одговара на непријатни прашања во врска со оваа шпионска афера

Би можело долго да се расправа за тоа дали рускиот министер за надворешни прашања Сергеј Лавров бил запознаен со претстојното апсење на Фогл пред состанокот на шефот на американскиот Стејт департмент Џон Кери во Шведска. Но, фактот дека шефовите на дипломатијата на двете земји не трошеа време на анализа детективски во исто време извештачени приказни за американскиот шпион кој се подготвувал да врбува доушници, имајќи ги притоа сите „вообичаени“ реквизити – неколку перики, куфер полн со пари, стар мобилен телефон и компас – исто така покажува дека и Лавров и Кери не сакаат да се мешаат во активностите на безбедносните служби. 

Очигледно дека намерно ја заобиколуваа оваа чувствителна тема зашто претстои еден од најважните надворешнополитички настани оваа година – втората меѓународна конференција за Сирија, на која Русија и Западот повторно ќе се обидат да ги соберат сите заинтересирани страни кои би можеле реално да влијаат на учесниците во конфликтот во овој регион. 

Изјаснувањето на Москва дека приведениот американец е непожелен („persona non grata“) во Русија беше сосема очекувана реакција на министерството за надворешни работи на РФ со оглед на новонастанатата ситуација. Меѓутоа, без оглед на приведувањето на американскиот државјанин со присуство на медиумите, Кремљ реагираше прилично умерено – изразувајќи жалење поради незаконските активности на споменатиот дипломат кои го намалуваат нивото на доверба помеѓу двете земји.

Без оглед на приведувањето на американскиот државјанин со присуство на медиумите, Кремљ реагираше прилично умерено

Дали може да се случи овој настан во Москва да покрене нова војна помеѓу тајните служби на двете земји? Мислам дека во блиска иднина тоа нема да се случи – На Американците денес им е потребен дијалог со Русија во многу области, а неадекватна реакција на шпионскиот скандал би можела да има негативно влијание на двата политички дијалога. А, ваквиот развој на настаните никој не би го посакал. 

Од друга страна, зошто приведувањето на службеникот на американската амбасада е изведено толку јавно? Дали станува збор за тоа дека овој дипломат бил прилично „дрзок“, како што на еден американски весник му објаснил неименуван службеник на руската безбедносна служба? 

Не станува збор само за тоа, постојат и многу други објаснувања. Според мене, најреално можно објаснување е дека операцијата на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на РФ е непосредно поврзана со американската истрага за терористичкиот напад во Бостон.

Тоа во краткорочна или во среднорочна перспектива нема да се одрази на руско-американскиот дијалог

Овој настан предизвика отворено препукување помеѓу американските и руските безбедносни служби. Руската страна тврди дека одамна ги предупредувала американските специјални служби за браќата Царнаев, но Американците не обрнувале внимание на доставените информации. Американската страна, пак, индиректно ги обвинува руските колеги дека наводно ги криеле информациите од нив. 

Мозаикот станува појасен кога ќе се вклопат сите детали, односно кога ќе се обрне внимание на сите факти: третиот секретар на амбасадата на САД во Москва се обидува за милион долари да врбува припадни на руските специјални служби кој се занимавал со Кавказот и поседува определени информации, меѓу кои и за браќата Царнаев. Овие информации, како што можеби очекуваа американските агенти, би можеле да ја потврдат американската верзија за развојот на настаните и да ги „оправдаат“ пред Белата куќа. Упорноста на ЦИА почнува да ги иритира руските безбедносни сили кои потоа го приведуваат Американецот наспроти состанокот на Лавров и Кери.

Се разбира, овој шпионски инцидент нема да помине без последици. Тој ќе влијае на угледот на американскиот амбасадор во Москва Мајкл Мекфол, кој не можел да не знае за активностите на својот трет секретар. Шефот на дипломатската мисија сега при секоја средба со Русите ќе мора да одговара на непријатни прашања во врска со оваа шпионска афера. 

Сепак, поголемиот дел руски стручњаци и политичари не очекуваат нов бран антиамериканизам во општеството. Во Москва на приведувањето на американскиот шпион се гледа пред сè како на локален инцидент кој исклучиво се однесува на традиционалното ривалство помеѓу безбедносните служби на Русија и на САД. Во секој случај се отфрлаат претпоставките дека оваа операција од која било причина е политички мотивирана, како што тоа се обидуваат да го претставата голем број американски медиуми. 

Авторот е главен уредник на надворешнополитичката редакција и модератор на Дискусиониот клуб на „Росијскаја газета“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња