Карикатура: Нијаз Карим.
На седми мај за време на посетата на Русија американскиот државен секретар Џон Кери, Москва и Вашингтон се договорија да организираат меѓународна конференција за Сирија. Новината се состои во тоа што шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и Кери за првпат решија да излезат заедно со предлог, со цел на конференцијата да ги привлечат и опозицијата и претставниците на официјален Дамаск.
По една недела стана јасно дека конференцијата ќе се одржи во Женева под менторство на ООН на министерско ниво. Според мислењето на Москва, потребно е во работата да се вклучат и клучните земји од региони, особено Иран и Саудиска Арабија.
Всушност тоа и е „Женева-2“, односно повторување на истата средба што се одржа минатата година во овој швајцарски град. Тогаш сите учесници на конференцијата се согласија дека е неопходно да се отпочне политички дијалог меѓу завојуваните земји. Сепак, до денешен ден дијалогот не е започнат.
Главната причина за тоа е што Западот, неговите сојузници на Блискиот Исток и сириската опозиција настојуваат на заминување на претседателот Башар ал Асад како главен услов за започнување на политичкиот дијалог.
Москва, од своја страна, пак, настојува на решавање на проблемите без надворешни притисоци. Со други зборови, Русија се обидува да се спротивстави на практиката за насилна смена на режимите со користење надворешни сили, кои ни се познати по случувањата во Југославија, Ирак, Либија, и тоа е само доколку зборуваме за настаните од последниве 25 години.
Судејќи според тоа што Путин без ентузијазам го слушаше Кери на средбата во Кремљ на 7 мај, Москва и Вашингтон како претходно дијаметрално се разликуваат по ова клучно прашање, и по сè изгледа ниту една од земјите не е подготвена да направи отстапување. Тоа, впрочем, не ги откажува дипломатските маневри: во последно време Русија и САД ги посети британскиот премиер Џејмс Камерон; во Пекинг и во Москва слета израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху; премиерот на Турција го посети Вашингтон; државниот секретар на САД и министерот за надворешни работи на Русија исто така се во постојан контакт. Сепак, по сè изгледа, сè се врти околу проблемот со ал Асад.
Сирискиот министер за информации Омран аз-Зоуби изјави дека властите на Сирија нема да учествуваат на меѓународната конференција за регулирање на конфликтот со опозицијата, доколку биде решено на неа да се разгледува прашањето за местото во власта на Башар ал Асад или за можноста за модификација на уставот.
Меѓу другото Кери даде на знаење дека САД би сакале како учесник на „Женева-2“ да го видат и претседателот на Сирија. „Доколку тој одбие да дојде на конференцијата, тоа ќе биде уште една сериозна грешка на претседателот ал Асад“, забележа Кери.
Според него, доколку ал Асад сепак не седне на преговарачката маса, „опозицијата ќе добие дополнителна помош, ќе бидат преземени дополнителни напори и, за жал, насилството нема да престане“.
Со други зборови на сирискиот претседател му се закануваат со зголемување на помошта за опозицијата: тоа значи и зголемување на помошта за 2014 од страна на САД и укинување на ембаргото за испорака на оружје во Сирија од страна на ЕУ.
Врз Дамаск се врши притисок и по линија на ОН. На 16 мај Саудиска Арабија и Катар иницираа нова револуција на ГА на ООН со осуда на официјален Дамаск. Секако, тенденцијата не е во полза на монархијата на Персискиот залив.
За поддршка на резолуцијата гласаа 107 земји, против беа 12, меѓу кои и Русија и КНР. Уште 59 земји беа воздржани. На тој начин, количеството земји кои го поддржуваат проектот што е аналог на резолуцијата, се намали за разлика од 2012 година, кога за поддршка на резолуцијата се изјаснија 133 земји.
Не помалку важна е и заканата за директна примена на сила. Повод за употребата на сила однадвор во сирискиот конфликт можат да станат и доказите за примена на хемиско оружје од страна на Дамаск. Иако тие може и да не бидат потребни. Доволно е да се сетиме на историјата со ирачкото бактериолошко оружје.
Ова е Дамоклов меч над главата на ал Асад. Постојат малку сомнежи во тоа дека тој доколку е потребно тој ќе биде ставен во употреба без каква и да е резолуција на Советот за безбедност на ОН. Ова стана јасно откако Израел на 3 и на 5 мај изврши воздушен напад врз територијата на Сирија. И Турција не се штеди на закани, која терористичкиот напад во градот Рејханли кој се случи на 11 мај им го препиша на сириските специјални служби.
На таков начин алтернативата за непопустливост на Асад е очигледна. Но, доколку притисокот стане главен аргумент на средбата во Женева, не можеме да очекуваме брз разрешување на конфликтот во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче