Карикатура: Алексеј Иорш.
Публикациите во американските медиуми и во блогосферата поврзани со трагите од бостонската трагедија се прекрасна потврда на погоре кажаното. Одново во центарот на вниманието се појавува „војната во Чеченија“, иако активните борбени дејствија во оваа република завршија уште во 2002 година, а според бројот на терористички напади таа веќе неколку години по ред се наоѓа зад Дагестан и Ингушетија. За споредба: во 2012 година во Дагестан од политичко насилство настрадале 695 лица (405 се убиени), а во Чеченија 174 лица (82 се убиени).
Кога зборуваат за природата на радикализмот на Кавказ, американските експерти обично посочуваат две причини за неговото постоење – руската репресивна политика и социјално-економската состојба.
Во Америка одново почна да се зборува за „чеченскиот сепаратизам“, при што по трагедијата во Беслан од 2004 година сите поголеми терористички напади на севернокавкаското подземје (терористичкиот напад на аеродромот Домодедово во 2011 година, експлозиите во московското метро во 2010 година) не се именуваат како напади од етнополитички карактер, туку како радикален исламизам. Притоа информациските извори на исламистите се полни со отворени антиамерикански материјали.
Кога зборуваат за природата на радикализмот на Кавказ, американските експерти обично посочуваат две причини за неговото постоење – руската репресивна политика и социјално-економската состојба. Но, ваквата теорија не може да се однесува и на бостонската трагедија: семејството Царнаеви одамна ја има напуштено Русија, така што кавкаските воени кампови не можеле да имаат влијание врз нив. Згора на тоа, браќата Тамерлан и Џохар години наназад живеат надвор од Русија, каде на нив не влијаела „руската репресивна машинерија“, ниту, пак, ниските социјални стандарди.
Треба да се забележи дека инциденти кои се слични на бостонскиот напад (кога како виновници се појавуваат емигранти со севернокавкаско потекло), веќе се имаат случено во европските земји. Така, во септември 2010 година во Копенхаген при обид за организирање терористички напад против еден дански весник, кој претходно објави карикатура на пророкот Мухамед, беше уапсен етничкиот Чечен Лорс Џокаев. Претходно тој шест години има живеено во Белгија. Во мај 2011 година чешката полиција уапси неколку учесници на дагестанската терористичка мрежа „Џамат Шаријат“. Во март 2011 година Норвешка (која до тој момент беше една од најлибералните земји во однос на емигрантите од Северен Кавказ) спроведе масовна депортација на севернокавкаски емигранти.
За жал, долго време поради политичка коректност беше игнориран фактот дека во емигрантската средина се појавува радикално расположение, кое веќе не е насочено толку кон Русија, колку кон Западот. Во потрага по одговор на прашањата: „Кои сме ние? Од каде сме? Каде одиме?“ младите луѓе се обраќаат кон своите врсници, кон пријателите од историската татковина и оттаму добиваат одговори кои ни оддалеку не би ги задоволиле САД и европските земји. Севернокавкаското протесно движење со голема брзина се исламизира, и во него САД, Европа и Израел се гледаат како непријатели, кои водат борба против муслиманите.
Поради политичка коректност беше игнориран фактот дека во емигрантската средина се појавува радикално расположение, кое веќе не е насочено толку кон Русија, колку кон Западот.
За да се запознаат со овие идеи тие воопшто не треба да бидат членови на „Емират Кавказ“, на „Вилает Дагестан“, а уште повеќе, пак, да бидат поврзани со Ал-Каеда. Доволно е да се има пристап кон Интернет и кон социјалните мрежи. Радикалниот исламист не го формира надворешниот облик, ниту догамтското следење на религиозните норми, па дури ни курсот на младиот џихадист во Авганистан или во Дагестан. Сосема се доволни и автономни идеолошки излези врз основа на разочараноста во својата нова татковина. На тој начин, би било наивно да се претполага дека релативно обезбедениот живот далеку од „жешките точки“ автоматски гарантира лојалност и приврзаност кон западните вредности.
По бостонската трагедија во медиумите се појавија написи, кои ја потенцираат неопходноста од соработка помеѓу Москва и Вашингтон во врска со прашањата за безбедноста. Секако, не постојат спорови во врска со тоа. Сепак, не би било правилно да се зборува само за соработка на специјалните служби. Без принципиелно менување на општествената заднина и зголемување на степенот на довербата, ваквата соработка нема да го даде потребниот ефект. Руската експертска и политичка јавност треба колку што е можно поактивно да се вклучи во интеракција со американските конгресмени, со влијателните медиуми и универзитети. Инаку поедноставената слика за настаните со „чеченските сепаратисти“ и со „чеченската војна“ ќе ја следи секоја дискусија за Северниот Кавказ. Не е помалку важно јавното мислење во САД во однос на одлуките на администрацијата, на Стејт департментот или на разузнавачката заедница.
Авторот е гостин-научен соработник на Центарот за стратешки и меѓународни истражувања, САД, Вашингтон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче