Брат за брат – сирење за пари

Колаж: Росијскаја газета.

Колаж: Росијскаја газета.

Дојде моментот кога Белград треба да направи конечен избор. Или да продолжи да се бори за своето право за посебна позиција во однос на прашањето за Косово или конечно да се согласи со тоа дека поранешната автономна покраина заедно со Србите кои останаа таму е одделено парче.

Во замена за капитулацијата на Србија ѝ се ветува перспектива со членство во Европската Унија, иако тоа изгледа замаглено и многу далечно, уште повеќе што Европската Унија се движи кон една поинаква состојба. Но, ако Белград не го прифати „компромисот“ со Приштина, за што сè уште се нема изјаснето, единствената Европа му ги затвора вратите кон неопределената перспектива.

Ако Белград не го прифати „компромисот“ со Приштина, за што сè уште се нема изјаснето, единствената Европа му ги затвора вратите кон неопределената перспектива.  

Уште на почетокот на летото во 1999 година, кога покраината беше окупирана од страна на силите на НАТО, никој повеќе немаше илузии дека е можно враќањето во составот на Југославија, која тогаш сè уште постоеше. Во 2008 година, кога Приштина еднострано прогласи независност, Белград вети дека нема да се помири со тоа. Но, исто така не постоеја сомнежи дека порано или подоцна ќе треба да ја проголта и таа пилула. Прашањето беше само дали Брисел и водечките европски престолнини ќе си го сочуваат образот и ќе ѝ излезат во пресрет на Србија. Нема да дозволат и нема да ѝ излезат во пресрет, дури и за прашањето поврзано со српското малцинство што живее на северот од Косово. Иако, се чини, дека обезбедувањето гаранции за нивната безбедност е во интерес на Европа. Но, со Србија и де-факто се однесуваат како со победена држава, која не заслужила компромиси, иако оние што се одговорни за војните на Балканот во деведесеттите години од минатиот век, одамна веќе не се меѓу нас или се „далеку“ во затвор во Хаг.

Русија отсекогаш ја осудувала западната политика во регионот и е уверена дека во однос на Србија се право неправда. Во српската јавност постои претстава за тоа дека сите крупни политички одлуки на Белград се избор помеѓу Русија и Европа.  

Русија отсекогаш ја осудувала западната политика во регионот и е уверена дека во однос на Србија се право неправда. Во српската јавност постои претстава за тоа дека сите крупни политички одлуки на Белград се избор помеѓу Русија и Европа. Посетата на српскиот премиер Ивица Дачиќ на Москва во периодот кога треба да се донесе одлука во врска со ултиматумот на Европската Унија, само го потврди ова мислење. Сепак Белград не треба да има илузии во врска со големината на руските амбиции. Русија нема да стане системска алтернатива, односно земја која како опонент на Европската Унија ќе се обиде да ја рашири на Балканот својата орбита на геополитичка и културно-религиозна привлечност, да гради позиции на влијание, како што беше случај во деветнаесеттиот и во дел од дваесеттиот век. Москва нема намера да ја предизвикува Европа во име на апстрактното влијание на Балканот. 

Искушението да си поигра во големата балканска или дури и во „православната“ политика (во однос на Грција, Кипар, Србија на пример) има свои корени во историската традиција и затоа теоретски може да предизвика рецидиви. Но, во принцип, современа Русија е далечна од една ваква самоидентификација. Најсвеж е примерот со Кипар кој го покажува ова тврдење. Трезвеното расудување ги надмина сите емоции. Москва не се бореше да го спасува финансискиот систем кој тоне со цел да ја преземе иницијативата од Европската Унија, иако на митинзите во Никозија имаше жалосливи плакати напишани на руски јазик со обраќање кон браќата по вера.

Ова, секако, не значи дека Русија е индиферентна во однос на земјите кои се историски поврзани со неа. Но, контекстот се менува. Балканот како и претходно е интересен за Москва, но имено во заеднички европски план. Русија секогаш верувала дека големата Европа од иднината треба да стане производ на заедничка работа меѓу Европската Унија, Русија и земјите што се наоѓаат меѓу нив. До неодамна Европејците сметаа дека тоа е утопија, демек постои Европската Унија, а останатите, доколку сакаат да станат Европа, треба да ги прифатат нејзините принципи. И или ќе влезат (Балканот) или ако играат по истите правила ќе останат надвор (Русија, Украина, Турција). 

Балканот како и претходно е интересен за Москва, но имено во заеднички европски план. Русија секогаш верувала дека големата Европа од иднината треба да стане производ на заедничка работа меѓу Европската Унија, Русија и земјите што се наоѓаат меѓу нив.  

Денес Европската Унија повеќе не изгледа како нешто што не може да се измени. Според сè неизбежно е раслојувањето на јадро и периферија, и доколку со јадрото (Северозападна Европа околу Германија) е отприлика сè јасно, тогаш судбината на проблематичната периферија, како што е Југоисточна Европа, Балканот и Медитеранот е неопределена. Во најлошото сценарио јадрото едноставно може од себе да ја отфрли одговорноста за државите што создаваат проблеми, обидувајќи се да се дистанцира. Европската Унија нема да се распадне, но форматот на заемните односи ќе се измени. 

Да ги зацврсти своите позиции во оние земји на Европа кои нема да влезат во „првата лига“ и кои ќе бараат други потпори, на Москва, секако, нема да ѝ пречи, но не заради самоидентификација, туку заради раширување на присуството, пред сè економско, во обединета Европа. И не по секоја цена, особено што размерот на проблемите дури и во малите земји, како што гледаме, може да биде многу голем и тоа да чини скапо. Русија не сака да ја презема на себе сета тежина. Србија секако ѝ е партнер на Москва според сите објективни показатели. Но, не и за градење опозиција на постоечките европски институции, туку за да ја трансформира и да ја зголеми својата полза. Затоа тешката одлука во врска со Косово, Србите ќе мораат да си ја донесат сами, врз основа на сопствената оценка за перспективите. Во иднина Белград, секако, може да смета на соработка со Москва (како и Никозија, на пример), но откако тој самиот ќе реши кој е системот на неговите приоритети.

Авторот е главен уредник во списанието „Русија во глобалната политика“, претседател на Президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика. За прв пат статијата е објавена на руски јазик во списанието „Русија во глобалната политика“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња