Карикатура: Алексеј Јорш.
Денес поголемиот дел од компаниите, освен веќе освоените, постојано бараат нови пазари во кои бизнисот може да се развива успешно. Во меѓународната поделба на трудот секоја земја, по правило, има свои предности. Русија традиционално важи за земја богата со суровини, со големи резерви на нафта и гас, па затоа треба да се инвестира токму во овие сегменти на индустријата и на стопанството. Меѓутоа, постојат и други стопански гранки кои можат да им бидат мошне интересни на инвеститорите.
Во Русија во моментов брзо се развива електронското тргување („е-трговија“). Овој начин на тргување е мошне конкурентен во милионските градови, иако во многу поголеми места сè уште постои можност за развој на е-трговијата.
Рускиот пазар е голем, а водечките светски компании сè уште не го освоиле во целост, па во него има многу простор за двоцифрен раст на БДП во текот на следниве години.
Друга интересна стопанска гранка е земјоделството и агроиндустрискиот комплекс во целост. Денес расте глобалната побарувачка за прехранбени производи поради сè поголемата куповна моќ на жителите на земјите во развој, како што се Кина и Индија. Русија има огромни обработливи површини плодна земја која не е доволно искористена. Овој потенцијал може да се искористи за производство на месо, житни култури и овошје. Така, италијанскиот производител на џемови ZUEGG во Русија се занимава со преработка на овошје. Оваа компанија во 2006 година започна преговори за стартување производство во Русија, а во 2008 година фирмата ZUEGG инвестираше 35 милиони евра во отворање свое претпријатие во Калушката област. Во производството се вклучени 70 лица, а фирмата остварува промет од десет до дванаесет милиони евра годишно. Нивните производи во моментов се продаваат во Русија и во Казахстан.
Денес се исплатува да се инвестира во Русија зашто западните земји во моментов се во стагнација, а руската економија и руското стопанство бележат понатамошен раст.
Важно е да се спомене дека успешниот развој на бизнисот многу завиди од односот на локалните власти. Во Русија добар пример може да биде Калушката област каде локалната администрација вложи голем труд во развој на индустриските паркови и во изградба на инфраструктура. Одбрани се парцели на кои е доведен гас, електрична енергија, вода и е изградена сообраќајна инфраструктура. Токму во ваквите индустриски паркови инвеститорите без дополнителни трошоци можат да земат земјиште под закуп на подолг период или истото да го откупат. Во последниве години, според овој пример исто така се развива и Улјановската област.
Денес се исплатува да се инвестира во Русија зашто западните земји во моментов се во стагнација, а руската економија и руското стопанство бележат понатамошен раст. На пример, во Јапонија, која има развиено стопанство, растот на стапката на БДП е околу 1% на годишно ниво. Компаниите кои работат во оваа земја објективно нема да можат доволно брзо да се развиваат зашто локалниот пазар е висококонкурентен. Во Русија оваа година е прогнозирана стапка на раст на БДП од 3 до 4%. Тоа е помалку одошто пред економската криза во 2008 година, но е значително поголема за разлика од земјите од Европската Унија. Освен тоа, рускиот пазар е голем, а водечките светски компании сè уште не го освоиле во целост, па во него има многу простор за двоцифрен раст на БДП во текот на следниве години. Влезот на еден ваков пазар може да донесе висок профит и да овозможи стекнување на нови потрошувачи. Секако, на другиот тас од вагата стојат проблемите и ризиците поврзани со несовршените државни институции и регулативи. Затоа при влегувањето на рускиот пазар треба да се води сметка не само за материјалните фактори, како што е доволен број квалификуван кадар, сообраќајна инфраструктура, куповната моќ и потребите на пазарот, туку и за квалитетот на државната управа и деловниот амбиент во регионите за кои се планира инвестицијата. Во една ваква анализа можат да помогнат информациите на Агенцијата за стратешки иницијативи која во 2011 година беше основана од страна на владата на Руската Федерација со цел подобрување на условите за водење бизнис во Русија.
Авторот е проректор на Националниот истражувачки универзитет „Виша школа за економија“ и директор на Институтот за анализа на претпријатија и пазари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче