Продолжува реформата на руската армија

Карикатура: Сергеј Јолкин.

Карикатура: Сергеј Јолкин.

Откако стана министер за одбрана на РФ, Сергеј Шојгу спроведе импозантен број реформи во начинот на командување, во воената техника, школите во проверката на борбената готовност... Но, сепак, изгледа дека ниту еден од главните принципи на воената реформа започнат пред него, Шојгу не го смета за погрешен.

Во пресрет на Денот на заштитникот на Татковината (23 февруари) рускиот министер за одбрана, генералот на армијата Сергеј Шојгу, даде аларм во Ивановската воздушно-десантна дивизија, која се наоѓа на 300 километри од Москва, и ја премести на Урал под команда на началникот на Централниот воен округ. 

Седум илјади војници и офицери за неколку часа одмаршираа на аеродромот каде ги чекаа 20 воени транспортни авиони Ил-776МД. Откако ги натоварија борбените возила и сета воена опрема, одлетаа во правец на Челјабинск на Чебаркуљскиот полигон. Таму заедно со останатите единици и со другите воени формации беа разместени на територијата на округот, каде беа спроведени тактички вежби со боево гаѓање од сите видови стандардно вооружување.

Значајни промени се случија во областа на военото образование. Прекинато е гаснењето на некои средни и високи воени школи, обуката на воените академии е повторно продолжена на две години наместо десет месеци, кои ги воведе претходниот министер. Во Суворовската средна воена школа е вратена строевата обука, без која не постои добро извежбан и дисциплиниран иден офицер.  

Ваквата ненадејна проверка на борбената готовност на цела дивизија во руската армија се врши првпат во последниве дваесет години. Во сите претходни случаи кога воените сили биле испраќани на тактички и оперативно-тактички вежби, временските рокови беа однапред определени. 

Вежбите со боево гаѓање треба да покажат дали е правилно насочена интензивната борбена обука на војската, како и ускладување на реформите кои се започнати за време на претходното воено раководство. 

Смената на министерот за одбрана до која дојде во ноември минатата година, повлече многу прашања во руската и во меѓународната јавност. Главните се однесува на тоа дали новиот министер Сергеј Шојгу ќе се откаже од реорганизацијата која е започната пред него и во кој правец ќе ја насочи војската. 

Како што излезе, Шојгу не смета дека е погрешен ниту еден од главните принципи на започнатата воена реформа. 

Тој не се откажа од структурната реорганизација на руската армија во рамките на која се формираа четири воени округа (тоа се оперативно-стратешките команди „Запад“, „Југ“, „Центар“ и „Исток“), ниту од терцијарниот систем на управување „округ-армија-бригада“. Не ги укина општите воени бригади кои беа создадени на местото на моторизираните и на тенковските дивизии. Не го врати во Москва Главниот штаб и кабинетот на началникот на Руската воена морнарица – тие и понатаму остануваат во Санкт Петербург. Сепак, министерот им даде поголеми овластувања ба главните команданти на видовите Окружни сили на РФ и на командантите на родовите, вклучувајќи и такви што се поврзани за кадровските прашања и за високообразовните институции кои им се подредени. Принципот е едноставен: сиот неопходен стручен кадар мораат да го подготват самите.

Ненадејна проверка на борбената готовност на цела дивизија во руската армија се врши првпат во последниве дваесет години. 

Продолжува да пристигнува и новата опрема и вооружување. Ставена е во употреба нуклеарната подморница „Јуриј Долгоруки“ со стратешките ракети „Булава“, низ првата пробна фаза поминува друга иста таква подморница „Александар Невски“, во водите е пуштена третата „Владимир Мономах“, во изградба е четвртата „Свети Никола“, а на пат се и петата и шестата нуклеарна подморница – „Александар Суворов“ и „Михаил Кутузов“. 

Две дивизии на Ракатните сили за стратешки намени (РВСН) – Ивановската и Татишчевската- добија нови стратешки ракетни системи. На ред се уште три дивизии – Тагиљската, Козељската и Новосибирската. 

Во 2013 година низ воени тестови треба да минат и новите тешки платформи за тенкот „Армата“, средните за борбеното пешадиско возило (БМП) „Курганец“ и лесните платформи за „Бумеранг“. Наместо италијанските оклопни возила „Ивеко“, а нив веќе ги има 1775, ќе биде набавен рускиот „Тигар“ (според одлуката на новиот министер). Но, тој нема да се откаже од купувањето двата француски бродови-носачи на хеликоптери „Мистрал“. 

Министерот Шојгу не го укина ниту принципот „аутсорсинг“(анг. „outsourcing“ – користење туѓи услуги за да се заштеди време и да се намалат трошоците), кој беше воведен во војската од страна на поранешниот министер за одбрана, а кој беше остро критикуван од страна на определени воени експерти. Сега во кујните и за одржување на воените објекти се ангажирани цивили на кои тоа им е професија. Но, тие не ги чистат касарните, зашто војниците треба самите да се грижат за тоа да им биде пријатно и чисто во просторот во кој живеат, со право сметаат во кабинетот на новиот министер. 

Се продолжува со промените за да се дојде до „похуман облик“ на воената служба. На регрутите, како и претходно, им е дозволено да спијат еден час по ручекот, добиваат отсуство во сабота и во недела, потоа по мобилен телефон можат да им се јават на пријателите или на домашните (секако не кога се на должност, туку во слободно време). Сергеј Шојгу настојуваше во секоја касарна и во собите за спиење за трипати да се зголеми бројот на туш-кабините во кои војниците ќе можат да се истушираат кога и да посакаат, а не само еднаш неделно кога им следува бањање. Освен тоа, војниците добиваат и „шведска маса“, а се зголемува и количеството на зеленчук на масите... Се менуваат и униформите, кои ќе бидат многу поудобни. 

Генерал Шојгу секој месец редовно одржува јавни електронски седници. На огромниот екран во Централниот команден пункт на Генералштабот истовремено се гледаат сите команданти, сите по ред го известуваат министерот за извршувањето на неговите наредби, добиваат нови инструкции, а понекогаш и сериозна критика. Сè се одвива во присуство на новинарите. 

Значајни промени беа направени и во областа на военото образование. Прекинато е гаснењето на некои средни и високи воени школи, обуката на воените академии е повторно продолжена на две години наместо десет месеци, кои ги воведе претходниот министер. Во Суворовската средна воена школа е вратена строевата обука, без која не постои добро извежбан и дисциплиниран иден офицер. 

Се решаваат проблемите и со поделбата на становите на воените пензионери. Сергеј Шојгу побара да се доделат станови во Москва на оние офицери кои ги добиле од Министерството за одбрана со одлука на судот, а чие решение не беше извршено од страна на поранешното воено раководство. Заклучно со 1 јануари 2013 година во ред за покрив над главата имаше 33.4 илјади луѓе, а на овој број се додадени и нешто над 22 илјади префрлени во резервата во последниве неколку месеци, а на сите им е ветен стан пред крајот на 2013 година. Меѓутоа, од 1 јануари 2014 година, наместо клучеви од стан, на офицерите кои заминуваат ќе им бидат исплаќани пари за купување стан. Висината на износот ќе зависи од бројот на членовите во семејството, од воениот стаж на пензионерот и од неговиот чин. Цената по квадратен метар ќе се пресметува врз основа на просечната цена во Русија. 

Во секој случај, ускладувањето на „новите реформи“ на руската војска е во полн ек, новото воено раководство не сака да ги пренебрегне добрите страни на претходно започнатите воени реформи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.