Карикатура: Нијаз Карим.
Американците најмногу ги сакаа онаму каде не ги познаваа. Некогаш таква беше Русија, потоа Кина, а се чини дека последна беше Албанија. Денес веќе сите ја открија Америка, но секој не ја сака на свој начин. Националното клише е обоено со геополитички предрасуди како во старите романи на Жил Верн. Мрзеливото антиамериканство на Англичаните кои старата кавга му ја препуштија на помладиот брат: „зелено“, не е ли чудно тоа, пацифичко непријателство на Германците; китнестата реторика на Французите, која со мака ја сокрива гастрономската заднина на својот презир (уште Шарл де Гол му се восхитуваше на народот кој успеа да испрати човек на месечината и кој веднаш знае да направи две сирења – бело и жолто). Во Латинска Америка сметаат дека Јенките се всушност Грингоси, во Азија ги сметаат за противници, Арапите во нив гледаат Евреи, а Иранците непријатели. Но, во Русија е сосема поинаку. Таму Америка е неостварена мечта, која го прељубила својот свршеник.
Бранејќи нè од интервенции, па дури и од присуството на власта, Америка беше наш приватен простор. Седмиот континент тогаш не беше супермаркет, ами душа, која сите одеднаш ја открија – од Бродски до Солженицин.
Тоа се однесува и на мене, зашто јас израснав во Америка и тоа многу порано одошто се доселив тука. Ако е тоа парадокс, тогаш го делиме со едно цело поколение. Човек може да се увери во тоа ако ја проучи генезата на прашањето што всушност значи Америка за рускиот интелектуалец. Прашањето всушност никогаш и не постоело. Постоеше само одговор кој всушност беше Америка. За Бродски таа започнуваше со Тарзан, за Довлатов со Џемот, а за сите едноставно со книгите.
Американската литература не пленеше со содржината, ами со формата. Лошо сме го разбрале она за што зборувал авторот. Нè возбудуваше неговиот тон: сентиментален цинизам, хемингвејската „иронија и сочувство“ во таа виртуозна пропорција, која истовремено ни стана школа за чувство и вакцина за слобода. Бранејќи нè од интервенции, па дури и од присуството на власта, Америка беше наш приватен простор. Седмиот континент (синџир супермаркети во Москва – заб. прев.) тогаш не беше супермаркет, ами душа, која сите одеднаш ја открија – од Бродски до Солженицин. „комунизмот“, така велеше вториот во тоа време во жаргон, „не треба да се гради во камен, ами во луѓе“. „Не дај Боже“, денес би се сложиле со него.
Во тоа е и целата работа: да се одвојат камењата од луѓето. Токму оваа лекција ја научивме од Америка. И за да ја засакаме, не ни требаа Американците. Дури би можело да се каже спротивното, тие ни пречеа. Првиот Американец, кој притоа беше гол, го видов кога бев студент во Репино, во братските кабини со тушеви, кои ги делевме со синдикалната делегација од Детроит. Без оглед на странските гости, водата беше ладна, а Американецот сиот беше помодрен. Спартански се смеевме еден на друг, но не си кажавме ниту еден збор. Учев англиски само едно „лето во колхозот“, а нему му се тресеше устата од ладното.
Невозможно е да се излечи омразата кон Америка, едноставно можете едноставно да ја заборавите, а тоа станува сè поедноставно, зашто двете држави, без ние да го забележиме тоа, стануваат сè послични.
За многумина Америка денес ги замени „сионските мудреци“ или се покажа како нив. Помеѓу љубовта и рамнодушноста настапи период на омраза. „Америка“, ми објасни еден писател, „не е виновна, таа е како микроорганизам кој самиот го зазема оној простор што ние сме му го отстапиле.“
Со сигурност знам дека тоа не е вистина, зашто Американците не сакаат да живеат во никаква зона, па дури ни во одморалиштето како што е она во Репино. Тие се лоши империјалисти, зашто не сакаат, за разлика од нас, да одат во странство, давајќи му предност на животот дома.
Изолацијата не е само привид, туку тоа е смислата на Америка, која е наречена Нов свет зашто решила да замине од Стариот.
Но, несреќата се состои во тоа што сè уште не сум успеал никого да убедам во тоа. Тоа е како во фудбалот: секој има свое мислење за Америка, исто како и за странскиот судија што го води натпреварот. Невозможно е да се собори митот, тој само може да биде заменет со друг или да биде избришан од меморијата. Не успеавме да го направиме првото, па затоа запревме на второто. Невозможно е да се излечи омразата кон Америка, едноставно можете едноставно да ја заборавите, а тоа станува сè поедноставно, зашто двете држави, без ние да го забележиме тоа, стануваат сè послични. Исчезнаа комуналните станови, се појавија невработени. Многумина се здобија со сопствена куќа, градина, со свој лекар, сметководител, со сметка, со банка, а со тоа и со адвокат. Сега сите живеат во ист филм, имаат исти идоли.
„Жителите на населбата Октјабрско“, пишуваат весниците, „сакаат да го преименуваат своето мало родно место во село на Мајкл Џексон“.
Во процесот на неизбежното зближување едната држава ќе ја зарази другата со онаа длабока, искрена, неумислена и наивна рамнодушност кон останатиот свет за кој и нам воопшто не ни е гајле. Но, пред да ѝ простиме на Америка, треба да ја погребаме, како прва љубов и како пропадната младост.
Александар Генис е познат руски публицист кој се занимава со руско-американските односи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче