Од каде во рускиот јазик толку многу зборови од хебрејски?

Јуриј Смитјук/TASS
Можеби знаете некои од нив.

Зборовите „ксива“, „хевра“, „кипиш“ и „хохма“ дошле во рускиот јазик од хебрејскиот преку јидиш. Јидиш е самостоен јазик, мешавина од германски и иврит, со необична граматика која овозможува комбинирање зборови со семитски корен и синтаксички елементи од германските јазици. По поделбата на Полско-литванската државна заедница кон крајот на 18 век полските и литванските Евреи коишто зборувале јидиш, станале поданици на Руската Империја. Тогаш зборовите од јидиша почнале полекa да продираат во рускиот јазик.

Меѓутоа, до 1917 година Евреите морале да живеат во границите на својот ареал, а тоа главно биле териториите на денешните Полска, Украина и Белорусија. Веројатно во Русија овие заемки станале популарни благодарение на „крадечкиот“ жаргон. Тој во светот на криминалот бил ист за сите, а речиси во целост бил преземен од јидиш. Ова се објаснува со фактот што многумина Евреи откупувале крадена стока, па крадците го презеле нивниот жаргон. Така банда криминалци го добила називот „хевра“ (на јидиш тоа значи „фирма“), документи се „ксива“ (на јидиш „белешка“ или „документ“), врева и метеж се „кипиш“ (од „хипеш“, што на јидиш значи „претрес“), а шега е „хохма“ (на јидиш „мудрост“).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња