Како изгледаше првиот ден на училиште за советските деца (ФОТО)

Борис Кавашкин
Учебната година во Русија започнува на 1 септември и овој голем ден се слави како Ден на знаењето. Овде можете да видите некои впечатливи фотографии на првачиња направени од најпознатите советски фотографи.

Првиот ден на училиште е секогаш нешто посебно. Како им изгледаше на советските ученици? 1 септември започнуваше со собирање пред училиштето пред свеченото постројување!

Дотерувањето е задолжително! 

За учителката се купува цвеќе. (До денес се задржа обичајот секое дете првиот ден од училиштето да ѝ донесе цвеќе на учителката).

Запознавање со училиштето, местото кое наредните 11 години ќе им биде втор дом на децата!

Првата средба со учителката.

Почеток на долго патување.

Сé уште со играчката в рака.

Возбуда при запознавањето нови работи, вклучувајќи ги и новите знаења (тука ги гледате децата на градителите на Бајкалско-амурската железничка магистрала како ги покажуваат своите буквари на првиот час по читање).

„Првото ѕвонче“ за девојче кое тргнува во 1 одделение и последното „прво ѕвонче“ за ученик во завршното 11 одделение.  

Се трудиме да бидеме мирни и внимателни.

Ја учиме азбуката.

Учиме да пишуваме...

… и читаме (лево е Елена Гагарина, ќерка на првиот човек во вселената).

На часот по ликовно цртаме (и ја споредуваме својата умешност со соседот)

Се трудиме да бидеме први во сé и да добиеме најдобри оцени!

Прв час на „мирот“ (зборовите на песната „Секогаш нека има сонце“ се испишани на таблата)

Кој е гордост на мама?

Сепак по малку ми недостига безгрижното лето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња