Робот ќе предава на педагошки колеџ во близина на Воронеж

Минувачи на Тајмс Сквер разговараат со роботот „Промобот“, кој ја информира јавноста за симптомите на коронавирусот и спречувањето на неговото ширење. Скриншот. Њујорк.

Минувачи на Тајмс Сквер разговараат со роботот „Промобот“, кој ја информира јавноста за симптомите на коронавирусот и спречувањето на неговото ширење. Скриншот. Њујорк.

Reuters

Робот започна да предава на Педагошкиот колеџ во близина на Воронеж и стана „жив“ лабораториски штанд, изјавија за РИА „Новости“ од прес-службата на компанијата „Промобот“.

„Во филијалата на ГБПОУ „Губернски педагошки колеџ“ на Воронешката област во градот Росош ќе се изучува услужна роботика заедно со роботот „Промобот“. Роботот ќе предава неколку предмети и ќе биде „жив“ лабораториски штанд“, велат од компанијата.

Се прецизира дека студентите на колеџот ќе научат да креираат и програмираат роботи за да им помогнат на луѓето да извршуваат различни задачи: од обработка на барања во банка до испорака на стоки. Тие ќе се запознаат со контролата на роботите, препознавањето лица, сценаријата за комуникација меѓу луѓето и роботите, како и интеракцијата човек-машина по примерот на најновиот модел „Промобот“.

„Студентите ќе се запознаат со работата на вештачката интелигенција во живо, а не на виртуелни модели. Тие ќе развиваат цели проекти. И секое успешно решение може да помине од лабораториите директно до нашите конструктори. И потоа ќе се појави на робот, на пример во националната банка на Оман“, коментира директорот за развој на компанијата Олег Кивокурцев.

Компанијата „Промобот“ е основана во 2015 година во Перм. Во тој град се наоѓаат и седиштето, како и производствениот погон на компанијата. „Промоботите“ „работат“ во 43 земји во светот како администратори, промотори, консултанти, водичи и хотелски работници, заменувајќи или дополнувајќи ги „живите“ вработени. Можете да ги сретнете и во „Сбербанк“, Музејот на современа историја на Русија, Мултифункционалниот центар за државни и општински услуги (МФЦ), аеродромот „Балтимор/Вашингтон „Дубаи Мол“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња