Министерот за образование на РФ Сергеј Кравцов истакна дека тоа е добра практика која веќе постои во многу региони на земјата.
Според него, учениците и самите сакаат да учествуваат во церемонијата на кревање на знамето. Притоа Кравцов истакна дека оваа процедура не треба да биде само формална, пренесуваат руските медиуми.
Претходно идејата за кревање на руското знаме во училиштата ја поддржа претседателот Владимир Путин, истакнувајќи дека во многу региони на земјата државното знаме веќе секој ден се крева во школските установи.
Путин рече дека тоа е добар и правовремен предлог, меѓутоа истакна дека би требало да постои изедначена процедура на овој чин за целата земја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче