За жал, не е така. Денес во Русија можат да влезат само странски студенти од земјите со кои повторно е воспоставен редовен авиосообраќај. Преку линкот можете да го најдете списокот на тие 58 земји на ден 17.08.2021 година (од балканските на него се Србија, Албанија, Бугарија, Грција, С. Македонија и Хрватска).
Евентуалните промени на списокот можете да ги следите на веб-страниците на конкретните универзитети и на нивните страници на социјалните мрежи и месинџерите.
Студентите од земјите што не се на списокот не можат да влезат во Русија дури и ако транзитираат во „отворени“ земји и ќе мора да посетуваат настава на далечина.
Секој универзитет однапред подготвува списоци на странски студенти и ги испраќа преку порталот за државни услуги до руското Министерство за дигитален развој и телекомуникации, се наведува на веб-страницата на пограничната служба на Федералната служба за безбедност. Влезот во Русија за странски студенти се реализира врз основа на овие списоци и затоа е подобро однапред да го контактирате наставниот дел на универзитетот и да проверите дали вашите податоци се проследени до надлежното министерство.
Покрај тоа, ќе ви треба студентска виза, која можете да ја добиете во амбасада или конзулат на Русија. Ја добиваат само оние кои имаат покана за студирање од факултетот или Министерството за надворешни работи на Русија.
Исто така, факултетите ги молат студентите однапред да купат руска полиса за здравствено осигурување, која може да се извади онлајн во една од руските осигурителни компании. Годишното осигурување чини во просек од 2 до 14 илјади рубли (од 25 до 160 евра), а на официјалните веб-страници на универзитетите можете да ги најдете препорачаните компании.
Најмалку 10 дена пред пристигнувањето во Русија странскиот студент треба да го извести универзитетот за денот на неговото пристигнување. Исто така, потребна му е потврда за негативен PCR тест за КОВИД-19 на руски или англиски јазик (најдобро и на двата јазика), кој важи најмалку 3 календарски дена пред пристигнувањето во Русија. Ако студентот веќе се вакцинирал во својата земја, може да извади потврда за тоа со превод на руски јазик заведена на нотар, но и покрај тоа што го има овој документ, потребна му е потврда за PCR тест.
По влегувањето во Русија, во рок од три дена студентот треба повторно да се тестира за коронавирус. Експрес-тестирање се врши на аеродромите, железничките станици и во независни медицински лаборатории како што се „Гемотест“, „Инвитро“ и други. Пред да добиете негативен резултат, треба да го почитувате режимот на самоизолација во студентски дом или изнајмен стан и во текот на тој период да посетувате настава онлајн. После тоа, студентот може да посетува настава во живо.
Некои руски универзитети не дозволуваат присуство на настава без потврда за вакцинација против коронавирус. Во тој случај ќе ви треба сертификат од вашата земја. Во случај да го немате овој сертификат, можете да аплицирате за вакцинација на вашиот факултет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче