Студирај руски и добиј стипендија!

Руски центар Скопје
Сега изучувањето на рускиот јазик не е само интересно, туку и профитабилно!

Компанијата „Лукоил Македонија“ во соработка со Амбасадата на РФ во Република С. Македонија првпат им нуди стипендии на петте најдобри кандидати кои ќе се запишат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ на студиската програма Руски јазик и книжевност. Со стипендиите се покриваат трошоците за студирање за 2021/2022 година. Покрај тоа, постои можност да се добие таква стипендија и за наредните учебни години.  

За подетални информации сите заинтересирани можат да се обратат на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња