Со какви истражувања во Сибир се занимаваат научниците од Институтот X-BIO на ТјумГУ?

Тјумењскиот државен универзитет (ТЮМГУ)
Научниците од X-BIO користат крлежи на поткорници за да ги спасат сибирските шуми.

Како да се бориме против штетниците на растенија без да го нарушиме екосистемот? Може ли да се зачуваат шумите во Сибир со помош на крлежи? Зошто му се потребни паразити на човештвото? На овие и на многу други прашања одговор бараат научниците од Институтот за еколошка и земјоделска биологија (X-BIO) на Тјумењскиот државен универзитет.

Биолошка безбедност

Во X-BIO е занимаваат со изнаоѓање одговори на биолошките закани за човекот, за животните и за растенијата.

Научниците од X-BIO се едни од најавторитетните специјалисти за акарологија (наука за крлежите) во Русија. Во институтот се издава единственото во земјата научно списание „Акарина“, кое е посветено на изучувањето на крлежите, кое е индексирано во меѓународната база Скопус. Младите научници на институтот се обидуваат да ги припитомат дивите крлежи за доброто на човештвото.

Така, есента 2020 година научниците на X-BIO на ТјумГУ за време на една експедиција по планините на Северен Кавказ и на Алтај собраа нови видови крлежи, кои ќе ги штитат растенијата од штетници. Со помош на крлежите тие сакаат да се борат со поткорниците, кои уништуваат повеќе дрвја во Сибир, одошто шумските пожари.

Малечките, но мошне предторските крлежи можат да станат „биолошко оружје“ за поткорниците.

Единство на науката и образованието

Создаден кон крајот на 2017 година, X-BIO беше замислен како научен центар на Сибир, каде младите научници ќе можат не само да се занимаваат со истражувања во областа на биолошката и на еколошката безбедност, ами да најдат и примена на своите пронајдоци во практика.

„Нашата сила се огледа во соработката со водечките институти на Руската академија на науките и со најдобрите странски истражувачи“, вели научниот раководител на X-BIO Андреј Толстиков.

ТјумГУ влегува во најдобрите 500 универзитети во областа на науката за растенијата и на животните (Plant and Animal Science), при што го зазема 23 место според меѓународната соработка во дадената област.

Тука може да се добие магистерски степен на две програми на англиски јазик: „Биолошка безбедност на растенијата“ (Plant Biosecurity) и „Математичка биологија и биоинформатика“ (Mathematical Biology and Bioinformatics).

Практиката на идните магистри се одвива во Серускиот институт за заштита на растенијата во Санкт-Петербург, стратешки партнер на X-BIO и во Московскиот институт за биомедицинска хемија „В.Н. Орехович“.

Во групата студираат не само руски, ами и странски студенти.

Во институтот се реализираат три постдипломски програми: „Микологија“, „Наука за почвата“ и „Ентомологија“. Магистрантите и постдипломците, по правило, ги спојуваат студиите со работа како научни соработници во лабораториите на X-BIO.

Во X-BIO работат истражувачки групи по ентомологија, биологија на почвата, микробиологија, геномика, биоинженеринг и друго.

Освен со институтите на Руската академија на науките, научниците на ТјумГУ соработуваат и со меѓународни научни центри.

Младите научници постојано добиваат руски и меѓународни грантови за истражувања во областа на биолошката безбедност.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња