Географски диктат, овој пат онлајн

И оваа година Руското географско друштво го организира традиционалниот Географски диктат. Со оглед на епидемиолошката ситуација во светот, годинава тој ќе се одржи во онлајн-формат.

Од амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија информираат дека учество можат да земат буквално сите заинтересирани. Географскиот диктат-2020, кој ќе се одржи на 29 ноември 2020 година, во 12.00 часот!

За сите заинтересирани, еве неколку работи што треба да ги знаете за да можете да земете учество:

- Регистрацијата на учесниците се врши до 28 ноември преку и-мејлот: iakhopryachkov@mid.ru.

Писмото мора да содржи презиме, име, и-мејл и телефонски број за контакт;

- Од 25 до 28 ноември ќе добиете индивидуалниот линк (важи само на 29 ноември за времето додека трае диктатот);

- 29 ноември: онлајн-учество на Диктатот од 12:00 до 13:00 часот преку добиениот линк.

Ќе имате 45 минути да одговорите на 40 прашања на руски или на англиски јазик.

Резултатите од Диктатот ќе бидат објавени на веб-страницата http://dictant.rgo.ru. Секој учесник ќе може да го дознае својот резултат со индивидуалниот тринаесетцифрен број;

- Од 30 ноември до 13 декември ќе добиете сертификати за учество.

Подетални информации се достапни на Интернет-страницата: http://dictant.rgo.ru.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња