И годинава учете руски бесплатно

Руски центар во Скопје, С. Македонија.

Руски центар во Скопје, С. Македонија.

Руски центар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, С. Македонија
Рускиот центар при УКИМ и оваа академска година продолжува со својата програма за бесплатно изучување на рускиот јазик.

Пред почетокот на новата академска година Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ повторно објави конкурс за бесплатно изучување руски јазик. Ваквата практика веќе петта година по ред им овозможува на жителите на Скопје и на Охрид да го изучуваат рускиот јазик.

Во отворениот повик се распишани 200 места за изучување на руски јазик според програмата на Центарот за сите граѓани на земјава. Уписите ќе се вршат од 1 до 10 септември.

Пријавувањето ќе се одвива онлајн на електронската пошта: ruskicentarskopje@yandex.ru (за кандидатите од Скопје) и  ruskicentarohrid@yandex.ru (за кандидатите од Охрид). Како дел од документите потребно е да се пополни пријавата што можете да се симне на линкот: https://we.tl/t-6wMh4hjgLo. Кандидатите кои ќе аплицираат за повисок степен од кое било од трите рамништа, а кои имаат завршено претходен степен во друга институција потребно е да достават и скен од сертификат за соодветно претходно ниво. Наставата во учебната 2020/2021 година ќе започне на 1 октомври 2020 година и ќе се одвива или електронски или со физичко присуство, во зависност од епидемиолошката ситуација во земјава.

Од Рускиот центар при УКИМ очекуваат дека и оваа академска година заинтересираноста ќе биде голем. „Во претходните години бројот на пријавените кандидати нѐ изненадуваше. Оваа година сме многу поподготвени“, велат од Центарот.

Наставници на бесплатните курсеви по руски јазик се филолози од Русија и од Македонија кои се специјализирани според програмата „Руски јазик за странци“. Она што е интересно е и самата програма на Рускиот центар при УКИМ според која се изучува рускиот јазик, а која е составена специјално за оние слушатели кои се носители на македонскиот јазик, а оттаму велат дека токму ваквиот пристап досега се покажал како ефикасен и дека дава соодветни резултати.

Во услови на пандемија, Рускиот центар при УКИМ уште во март годинава наставата ја префрли на онлајн-платформа, со што на курсистите им овозможи навремено да го завршат курсот што дотогаш го посетувале со физичко присуство.

Од Центарот и за оваа година најавуваат многу настани, кои засега ќе бидат онлајн. Како што ни изјавија, тие ќе ја следат епидемиолошката ситуација и препораките од надлежните служби, и во согласност со тоа ќе бидат организирани и наставата и настаните.

Конкурсот може да се најде на Фејсбук страницата на Центарот: Руски центар Скопје.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња