5 причини за странските студенти да се запишат на Тјумењскиот државен универзитет

Press photo
Главната високообразовна институција во градот пристапува во обуката на студентите креативно и нестандардно. Таа не само што им дава можност да станат дел од силното друштво на истомисленици, ами и да изградат индивидуална траекторија на обука.

1. Широк избор на наставни програми, меѓу кои и на англиски јазик

Странските студенти можат да се запишат на Тјумењскиот државен универзитет како на подготвителниот оддел за изучување руски јазик и профилни предмети, така и на бакалавријат и магистратура. Програмата за бакалавр вклучува основни насоки како што се биологија, историjа, економија, хуманистички науки, социологија и антропологија, а исто така и посовремени: применета информатика, регионални студии и медиумски комуникации.

Меѓу другото и во професорскиот кадар има многу странци со многустрано меѓународно искуство, со добиен степен доктор на науки на водечките светски универзитети.

Во Тјумењскиот државен универзитет претставени се конкурентно способни програми за магистратура на англиски јазик: експериментално педагошко образование, дигитална култура и медиумско производство, безбедност на растенијата, биоинженеринг, математичка биологија и биоинформатика, аналитика и консалтинг во меѓународните односи.

По магистратурата постои можност да се продолжат истражувањата на постдипломски студии на Тјумењскиот државен универзитет. Целосната програма можете да ја погледнете на сајтот www.utmn.ru

На Тјумењскиот државен универзитет од нула се создаваат „гринфилди“ – принципиелно нови образовни институции кои го дават векторот на развојот и на целиот универзитет, стануваат промотор на трансформациите. Сега во рамките на оваа програма на Тјумењскиот државен универзитет успешно работат Институтот за еколошка и земјоделска биологија (X-Bio) и Школата за перспективни истражувања. Овие „гринфилди“ сега со своето искуство обучуваат и други високообразовни институции.

2. Индивидуални образовни траектории

Од 2017 година Тјумењскиот државен универзитет ја практикува стратегијата за индивидуална образовна траекторија. Тој е една од првите високообразовни установи во земјата која му дава на студентот право на избор, кои предмети ќе ги изучува и каков приод во студирањето ќе се применува. Секој студент има основен план за студирање кој вклучува проучување на Русија и на светот, филозофија и технологија на мислење, дигитална култура, управување со проекти и други дисциплини. Но, исто така постојат и изборни курсеви, од кои студентот може да направи вторична програма како дополнување на основната квалификација.

„Се обидуваме да имплементираме нестандардни образовни методики и технологии. Ја поттикнуваме воннаставната дејност на студентите, но исто така се обидуваме и да ја интегрираме во образовниот процес“, вели за Russia Beyond проректорот на Тјумењскиот државен универзитет Таисја Погодаева.

Раководството на универзитетот се грижи и за физичкиот развој на студентот. Неодамна во Тјумењскиот државен универзитет се појави современ спортски комплекс, каде студентите можат да изберат која било секција, а постојаното вежбање се смета како дел од предметот физичка култура.

3. Можност за изучување руски јазик

Доколку странски студент се запишува на студиска програма на англиски јазик, ќе му предаваат професори кои зборуваат англиски – половината од нив се Руси, а другата половина се странци. Но, студентот исто така може да учи и руски јазик како странски.

Во тој случај по две години од додипломските студии тој ќе добие можност да избере во својата програма кој било предмет од рускојазичната програма, а нив ги има многу повеќе одошто оние на англиски. Освен тоа, студентите од Русија и од другите земји студираат заедно, па така странците имаат можност постојано да го практикуваат рускиот јазик.

4. Пријатно за студирање и за живот

За да се запишете на Тјумењскиот државен универзитет на програма на англиски јазик треба да се пополни онлајн-пријава (и да се проучат условите за прием на странски државјани). Ќе треба да ги укажете вашите академски успеси и да поминете низ соодветни приемни испити и интервју.

Странските студенти живеат во нов комфорен студентски дом во центарот на градот. Кампусот на универзитетот исто така се наоѓа во централниот дел. За да дојдете до најоддалечениот објект ќе треба да пешачите 30 минути или да патувате со автобус 10 минути.

На Тјумењскиот државен универзитет има повеќе од 2.000 странски студенти. Универзитетот се ангажира за тие успешно да се адаптираат и да се интегрираат во средината. На Тјумењскиот државен универзитет постои силна асоцијација на странски студенти со културно-јазични клубови за секоја земја. Но, студентите не комуницираат само со своите сонародници, тие се вклучуваат и во активна меѓукултурна комуникација. „Многу ни е важно странските студенти да се интегрираат во средината на целиот Универзитет, а не само да комуницираат едни со други“, вели Погодаева.

Годишната школарина на Тјумењскиот државен универзитет чини од 110 до 280 илјади рубли.

5. Искуство во живеење на Сибир

Тјумењ е првиот руски град кој бил основан на Сибир. Тоа се случило во 1586 година. Тогаш преку него патувале трговските карвани од Азија во Москва и во Поволжје. Сега Тјумењ влегува во првите 10 најкомфорни и најбезбедни градови за живот во Русија. Освен тоа, во градот се сместени канцелариите на најголемите компании за нафта и гас во земјата, што го прави регионот привлечен за инвестиции, а на идните дипломци на Тјумењскиот државен универзитет им се дава шанса да останат и да добијат престижна работа.

Тјумењ се наоѓа на Транссибирската железничка магистрала, што дава можност за патување по оваа популарна туристичка маршрута и за посета на други големи градови и природни убавини во Сибир. А, на два часа патување од Тјумењ се наоѓа Тобољск, поранешен голем трговски град и центар на освојувањето на Сибир со прекрасно кале изградено за време на владеењето на Петар Велики.

И на крајот, најинтересното е климата. Во Тјумењ има околу 83 сончеви денови во годината – ова е еден од највисоките показатели во земјата. За споредба Москва има само 72, а Санкт Петербург 67 сончеви денови во годината. Средната температура назима изнесува -20 степени Целзиусови, а налето се загарантирани +25 и повеќе.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња